Пронајдено телото на потпретседателот на Малави по авионската несреќа

 Потпретседателот на Малави, Саулос Чилима (51) и уште девет лица загинаа во авионска несреќа, соопшти денеска претседателот на таа африканска земја, Лазарус Чаквера.

Остатоците од воениот авион со потпретседателот Чилиму се пронајдени во планинска област на северот на земјата, по еднодневна потрага, пренесоа американските медиуми.

За време на телевизиското обраќање до нацијата, Чаквера рече дека немало преживеани во падот.

Неколку стотици војници, полицајци и персонал на планината го бараа авионот со поранешната прва дама Шанил Џимбири, откако исчезна од радарите вчера наутро, кога требаше да полета од главниот град Лилонгве до Мзузу, 45 минути оддалечено југ.

Контролата на летање соопшти дека авионот не се обидел да слета на аеродромот Мзузу поради лошите временски услови и слабата видливост и побарал да се врати во Лилонгве.

-Контактот со контролата на летање беше изгубен кога авионот исчезна од радарот, додаде претседателот. /МИА

Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната по смртта на Синвар

Фон дер Лајен, Стармер и Макрон гледаат можност за завршување на војната во Газа по смртта на Синвар

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој се смета за клучен во организирањето на терористичкиот напад врз Израел на 7 октомври минатата година, „значително“ го ослабува Хамас.

„Синвар беше водач на терористичка организација, терористичката организација Хамас“, рече Фон дер Лајен на крајот од европскиот самит во Брисел.

„Без сомнение, неговата смрт значително ќе го ослаби Хамас“, додаде таа.

„Велика Британија нема да плаче“ поради смртта на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој е „мозокот зад најсмртоносниот ден во еврејската историја по холокаустот“, изјави британскиот премиер Кир Стармер, реагирајќи на веста за смртта на лидерот на Хамас.

Стармер додаде дека неговите мисли се со семејствата на жртвите од нападот на 7 октомври.

Во соопштението, лидерот на британските лабуристи повторно повика на ослободување на сите заложници, итен прекин на огнот и зголемување на хуманитарната помош за Газа, за, како што рече, „сите да се движат кон постојан мир на Блискиот Исток“.

Францускиот претседател Емануел Макрон оцени дека смртта на лидерот на Хамас претставува „можност“ што треба да се искористи за ставање крај на воените операции.

„Оваа можност треба да се искористи за да се овозможи ослободување на сите заложници и конечно да заврши војната“, рече Макрон на прес-конференција во Брисел.

Тој рече дека работи со израелските, арапските и американските партнери за да се постигне прекин на огнот во Газа и конечно да се отвори кредибилна политичка перспектива за Израелците и Палестинците.

Израелската армија вчера соопшти дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар, кој важеше за изразен екстремист.

Прво одбележување на Светскиот ден на поправки во Скопје

 Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на поправки во Скопје, денеска АРНО, во соработка со Општина Кисела Вода, ќе го најави отворањето на првиот Центар за поправки, кој ќе биде достапен за јавноста од јануари. 

- Поправките играат важна улога во зачувувањето на ресурсите и намалувањето на отпадот, што придонесува кон заштита на животната средина и одржливост. Овој настан има за цел да ја подигне свеста и да ги поттикне граѓаните да станат дел од оваа значајна иницијатива, се наведува во соопштението од АРНО.

На настанот најавено е обраќање на Ирина Јаневска (АРНО), која ќе зборува за важноста на Центарот за поправки, додека Антонио Даниловски (АРНО) ќе ги претстави активностите што ќе следат во Центарот, како и двата повика за јавноста – за мајстори и за донации на играчки.

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ќе ја истакне поддршката на општината за проектот. По прес-конференцијата, ќе следат работилници за поправки со средношколци од СУГС „Георги Димитров“, кои ќе работат на реупотреба на производи и поправка на играчки. Поправените играчки ќе бидат донирани на деца од семејства со помалку можности.

Објавен списокот од 25 фудбалери номинирани за наградата „Златно момче“

Списокот со фудбалерите номинирани за наградата „Златно момче“, која се доделува секоја година, беше објавен денеска.

Голем фаворит за освојување на наградата е ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал.

Во изминатите три години, наградата им припадна на талентите од Ла Лига – Педри и Гави од Барселона и Џуд Белингем од Реал Мадрид.

На листата има 25 имиња, а победникот ќе стане познат на 4 декември.

Во изминатите години, добитници на престижната награда беа Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Холанд.

Номинирани за за наградата „Златно момче“:

Ламин Јамал (Барселона), Жоао Невеш (Пари Сен Жермен), Ворен Заир-Емери (ПСЖ), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Пау Кубарчи (Барселона), Савио (Манчестер Сити), Рико Луис (Манчестер Сити), Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Коби Мајну (Манчестер Јунајтед), Јорел Хато (Ајакс), Лени Јоро (Манчестер Јунајтед), Џејми Бино-Гитенс (Борусија Дортмунд), Кенан Јилдиз (Јувентус), Кристијан Москера (Валенсија), Адам Вартон ( Кристал Палас), Арда Ѓулер (Реал Мадрид), Матис Тел (Баерн Минхен), Дезире Дуе (ПСЖ), Оскар Глох (Салцбург), Саму Омородион (Порто), Вилсон Одобер (Тотенхем), Андреас Шелдруп (Бенфика), Ендрик (Реал Мадрид), Елиес Бен Сегир (Монако) и Самуел Мбангула (Бенфика).

притисни ентер