Реткиот ракопис, имено, го открил кустосот Робинсон Меклејлан при каталогизациите. Тоа потоа дошло во рацете на стручњак за делата на Шопен, за да се утврди автентичноста на партитурата. Записот е датиран меѓу 1830 и 1835 година. Не е потпишан од Шопен, но може да се види неговиот препознатлив бас-клуч меѓу нотите.
- Она во што сме најсигурни е дека ова е напишано од раката на Шопен, на хартијата што тој ја искористил... Она што не е сосем јасно е дека тој ја компонирал музиката. Тука сум околу 98 отсто сигурен, а многу луѓе кои го слушнале веќе чувствуваат во стомакот дека ова звучи како Шопен, изјави Меклејлан.
Кинескиот пијанист Ланг Ланг го отсвири и сними валцерот за „Њујорк тајмс“ (New York Times) којшто ја откри приказната.
- Звучи многу како Шопен, со многу драматична темнина којашто се претвора во позитивно нешто. Прекрасно е. Ова не е најкомплицираната музика на Шопен, но и еден од најавтентичните стилови на Шопен што можете да ги замислите, изјави Ланг.
Валцерот содржи и мали грешки, но Меклејлан е уверен дека музичкиот запис е на Шопен. Композиторот кој пишувал претежно за солонастапи на пијано, почина на 39-годишна возраст во Франција во 1849 година. Тој често бил прогонуван од халуцинации, а се верува дека имал и епилепсија, според некои истражувачи.