Приведени двајца крадци во Гостивар

Полицијата вчера попладне ги лишила од слобода Х.И.(56) и А.К.(43), двајцата од Гостивар, поради основано сомнение дека се извршители на кражба пријавена од Н.И.(43) од гостиварското село Добри Дол.

Како што информира МВР, биле украдени повеќе предмети, кои се пронајдени и вратени на сопственикот.

Х.И. и А.К. биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Во околината на Зеница, БиХ, регистриран силен земјотрес

Силен земјотрес попладнево ја погоди Зеница, а според проценките на EMSC, магнитудата била 4,6 степени според Рихтеровата скала. 

Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 39 километри од Зеница. Засега не се знае дали има материјална штета или повредени лица.

Меџити: Имаме усогласеност во владата за закон за правична застапеност

Меѓу владините партнери има усогласеност за нов закон за правична застапеност во јавниот сектор, тврди првиот вицепремиер Изет Меџити. 

По бројните реакции во јавноста за злоупотреби на т.н. балансер и одлуката на Уставниот суд да го разгледува неговото евентуално укинување, Меџити во интервју за Радио Слободна Европа вели дека има политички договор тоа да се среди со нов закон каде предност ќе има квалитетот, а за етничката припадност да се води евиденција без да се навлегува во приватноста на информациите. Но кога и со каква содржина би го предложиле на Влада останува неизвесно.

-Имаме политички договор тоа да се среди со Закон за правична застапеност, но и квалитет.

По што ќе се разликува?

-Ако треба да се вработи Македонец, да ќе се вработи, но најквалитетниот. Ако треба да се вработи Албанец – да, но најквалитетниот, најобразованиот, најспремниот и утре, задутре подобро ќе им служи на граѓаните за нивните потреби. Само треба да најдеме начин евентуално да има евиденција на етничката припадност во администрацијата без да се косиме со приватноста на информациите, изјави Меџити.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев во изјава за Канал 5 претходно кажа дека во моментов нов закон не се подготвува, а тоа ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд. За евентуално ново законско решение, министерството за јавна администрација ќе се залага за решение за професионална јавна администрација врз основа на стручност и знаење, а не на партиски или етнички кадри.

Од министерството за јавна администрација најавија соодветно упатство кое ќе го испратат до сите институции во однос на постоечките огласи за вработувања, откако Уставниот суд одлучи времено да ги замрзне вработувањата во јавниот сектор.

-Што се однесува до распишаните огласи за вработувања кои се во тек, Министерството за јавна администрација ќе постапи согласно содржината на донесените времени мерки од страна на Уставниот суд, по објавата во Службен весник. За истите ќе подготви соодветно упатство кое ќе го сподели и дистрибуира до сите институции, велат оттаму.

Во меѓувреме, Вреди и ДУИ ја продолжуваат партиската „војна“ преку соопштенија за тоа кој е виновен за одлуката на Уставен за балансерот, но и за Законот за бранители кој го предложи СДСМ во Собранието. Меџити порача дека очекуваат овој закон и натаму да остане „заглавен“ во комисијата која ја води пратеничката од Европскиот фронт“, Илире Даути, бидејќи според нив тој не е добар за државата и процесите.

Од ДУИ, пак, секојдневно ги прозиваат Вреди дека дозволиле укинување на правата на Албанците и нарушување на меѓуетничките односи.

Дводневен самит на лидерите во Њујорк–клучни теми војните во Украина и на Блискиот исток

Над 130 светски лидери се дел од дводневниот Самит за иднината во Њујорк, како вовед на 79. сесија на Генералното собрание на ОН. Справување со конфилктите и кризите во фокус на лидерите. 

Главни теми за кој ќе се разговара во следната недела ќе биде војните на Блискиот Исток и во Украина.

Македонската делегација ја предводи претседателката Гордана Сиљановска Давкова, а со неа се и министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и вицепремиерот Изет Меџити. Сиљановска вчера оствари средба со македонската дијаспора, денеска ќе се обрати на Самитот на иднината, а в четврток ќе има свое обраќање и на 79. Генерално собрание. Според најавите ќе оствари и средба со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Њујорк се наоѓа под силно полициско обезбедување, како од земја така и во воздух. Според тамошните власти градот е максимално безбеден, а предизвикот пред нив е огромен, посебно ставајќи акцент на двата непуспешни обиди за атентат на кандидатот и екс претседател на САД, Доналд Трамп, но и поради најавите за можни протести за време на лидерските собири.

„Имаме повеќе од 142 светски лидери кој во исто време доѓаат во Њујорк. Тоа е речиси 75% од сите земји членки. Бројот на припадници на тајаната служба е над 200. Ова претставува најголем собир на лидерите. “-изјави Патрик Фрини – специјален агент.

Целта на Самитот на иднината е државите членки да ја зголемат меѓусебната соработка, а незивесно е и дали ќе најдат заеднички јазик за така наречениот Пакт на иднината кој се очекува да биде усвоен од сите.

Неделата на Обединетите нации во Њујорк се случува во време кога ситуацијата на релација Израел, Газа, Либан секојдневно ескалира. По серијата напади и контранапади, утрово Стејт Департментот, но и македонското МНР ги повикаа своите граѓани да го напуштат Либан поради безбедносни причини. Апел до македонските граѓани е упатен и за одложување на сите неопходни патувања кон Израел. Од МНР за Канал 5 велат иако ваков апел досега бил упатен во неколку наврати, во последниве денови до СОС дежурните телефони нема пријавени македонски дражвајни или упатени барања за асистенција за напуштање на Либан или Израел.

„МНР ќе продолжи интензивно да ги следи состојбите во регионот на Блискиот исток, особено последната ескалација на состојбите. Во врска со последната ескалација на безбедносната ситуација на границата меѓу Израел и Либан, МНР досега во неколку наврати упати аепл за напуштање на Либан, како и одложување на патувања кон Израел кое се неопходни, која ја повторуваме и во оваа прилика.“-МНР.

По бранот експлозии на пејџери и токи воки уреди во Либан, изралески воени авиони го изведоа најинтензивното бомбардирање во војната низ јужен Либан во последната година, додека Хезболах ракетираше цели во северен Израел, а стотици израелци повторно се вратија во засолништата.

притисни ентер