Приведен 49-годишен тетовец, при претрес пронајден хероин

Лицето било задржано во полициска станица.

Полициски службеници вчера во 17 часот го лишиле од слобода И.Х., на возраст од 49 години од Тетово, затоа што при претрес во неговиот дом и помошните простории, извршен со судска наредба, бил пронајден хероин, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

СДСМ: Мицкоски фатен во лага, па нели кукавичкото јајце беше на СДСМ?

По колективната оставка на Комисијата за помилувања разобличена е денешната ноторна лага на Мицкоски кој ја обвини претходната влада дека оставила кукавичко јајце со помилувањата. 

Уште колку лаги ќе каже премиерот само да избегнат одговорност тој и Силјановска? Оставката на Комисијата е само уште една потврда за одговорноста на Силјановска која треба да се одважи и да ја преземе одговорноста.

Повеќе од јасно е дека таа ги дава помилувањата и последната одлука е токму нејзина. Наместо да се кријат таа и Мицкоски зад комисијата, треба да излезат и да кажат во каков договор се со помилуваните нарко босови. Нарко босовите лично и се заблагодарија на Силјановска за помилувањата и ниедна оставка не може да ја спаси од одговорност. Обидот на Мицкоски да ја префрли вината на СДСМ пак е доказ за манипулациите и лагите на кои е спремен премиерот кога е фатен во тесно.

Од Мицкоски одговорност и чесно признание на криминалите во кои е фатен граѓаните нема никогаш да видат. Станува збор за човек кој нема чуство за лидерство и правда и ова е само најава дека за секој следен случај тој ќе ја обивнува СДСМ. Ова е одлика на слабите лидери и лоши политичари каков што е Мицкоски. Со вакво однесување ниту правда, ниту одговорност ќе има во државата и владините функционери.

Јавно ги повикуваме Мицкоски и Силјановска - излезете признајте ја вината и извинети им се на граѓаните што ослободивте опасни криминалци, ако веќе немате намера да признаете кој е договорот со нив.

СДСМ

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката на Комисијата за помилување

Членовите на Комисијата за помилување денеска ја информираа претседателката Гордана Сиљановска Давкова дека поднесуваат колективна оставка од позициите во комисијата. 

Одлуката за поднесување на колективна оставка од Комисијата за помилување членовите ја донеле во согласност со нивните лични и професионални принципи.

Претседателката Сиљановска Давкова ја прифати оставката поднесена од проф. д-р Методија Каневчев, проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска и Ајтен Шаќири.

Во следниот период претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе изврши консултации за новиот состав на комисијата, како и за институционалните и законски слабости кои постојат во системот за помилување на осудени лица.

Алкалоид уште еднаш подобар од Клаипеда

Ракометарите на Алкалоид по втор пат славеа победа над Драгунас Клаипеда. Попладнево македонскиот тим беше поуспешен во Литванија со 37:31 и со тоа ги потврди убедливите 11 голови предност од првиот меч одигран во Скопје.

На дуелот од 2.коло во квалификациите за Европскиот куп, Алкалоид одлично го почна натпреварот и по само осум минути игра водеше со (2:8). Во три наврати во првото полувреме имаше плус 9, а на полувреме заминаа со водство од четири голови (17:21).

Во 40. минута домаќините се доближија на само два гола разлика (24:26), но македонскиот тим зголеми на интензитет и повторно отиде на пет гола предност (25:30) на 15 минути пред крајот. Следуваше рутинирана завршница и сигурна победа за избраниците на тренерот Кирил Лазаров.

Со седум голови најефикасен во победничкиот тим беше Мартин Серафимов, по шест постигнаа Марко Митев и Арно Бинго.

Ова е прва победа за Алкалоид на гостински терен во евро-куповите./МИА

притисни ентер