Си-Ен-Ен објави дека барањето на Трамп за итна интервенција дојде само еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата, што е закажано за петок.
Адвокатите на Трамп наведоа дека одложувањето е неопходно „за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата претседател и функционирањето на федералната влада“.
Како одговор на барањето на Трамп, портпаролот на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брага, рече дека одговорот на обвинителот ќе биде во судските документи.
Врховниот суд побара обвинителството да даде исказ до утре наутро.
Судијата Хуан Меркан, кој го води судењето, го одби барањето на Трамп да го одложи изрекувањето на пресудата.
Трамп беше осуден во мај за фалсификување деловни документи во врска со исплатите на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој и платил на Даниелс 130.000 долари за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година.
Трамп ја негираше аферата со порно актерката.
Сусијата Меркан минатата недела ја потврди пресудата на Трамп.
Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги за да се прикрие исплатата.
Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.
За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, но затворската казна не е задолжителна./МИА