Трамп побара од Врховниот суд да го прекине изрекувањето пресуда во случајот „Даниелс“

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд да го прекине изрекувањето пресуда во врска со случајот на актерката од филмовите за возрасни, Сторми Даниелс.

Си-Ен-Ен објави дека барањето на Трамп за итна интервенција дојде само еден ден откако Апелацискиот суд во Њујорк го одби неговото барање за одложување на изрекувањето на пресудата, што е закажано за петок.

Адвокатите на Трамп наведоа дека одложувањето е неопходно „за да се спречи сериозна неправда и штета врз институцијата претседател и функционирањето на федералната влада“.

Како одговор на барањето на Трамп, портпаролот на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брага, рече дека одговорот на обвинителот ќе биде во судските документи.

Врховниот суд побара обвинителството да даде исказ до утре наутро.

Судијата Хуан Меркан, кој го води судењето, го одби барањето на Трамп да го одложи изрекувањето на пресудата.

Трамп беше осуден во мај за фалсификување деловни документи во врска со исплатите на неговиот поранешен адвокат Мајкл Коен, кој и платил на Даниелс 130.000 долари за да ја спречи јавно да зборува за наводната афера пред изборите во 2016 година.

Трамп ја негираше аферата со порно актерката.

Сусијата Меркан минатата недела ја потврди пресудата на Трамп.

Поротата на Менхетен во мај го прогласи Трамп за виновен по 34 точки од обвинението за фалсификување деловни книги за да се прикрие исплатата.

Тоа беше првпат американски претседател, поранешен или сегашен, да биде осуден или обвинет за кривично дело.

За фалсификување деловни книги се предвидува затворска казна до четири години, но затворската казна не е задолжителна./МИА

„Гответе со Дракче“ - ​Тиквеник

Во среда (08.01.2025) во емисијата гостин ни беше Новица Трајковски

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување готови кори

1 кг. рендана тиква

1 ќесичка ванилин шеќер

200 гр. мелени ореви

200 гр. шеќер

малку масло

500 мл. минерална вода

За посипување:

шеќер во прав

1 ќесичка ванилин шеќер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Без вода неколку улици во Скопје

 Поради дефект на улична цевка од ф 80мм на ул.„Роза Луксембург“ бр 6, денеска без вода ќе останат корисниците од улиците „Роза Луксембург“, „Христо Смирненски“, „Костурски Херои“, „Петар Попарсов“, „Борка Талевски“, „Димо Аницин“ и „9-ти Мај“.

Од ЈП Водовод и канализација - Скопје информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:50 до завршување на интервенцијата.

Лидерот на „Преродба“ Костадинов бара припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија

Лидерот на ултаранационалистичката и крајнодесничарската бугарска партија „Преродба“, Костадин Костадинов, ја повика владата во Софија официјално да објави претензии за припојување на Македонија и на украинската област Јужна Бесарабија кон Бугарија.

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук, Костадинов ги поддржува изјавите на новозибраниот претседател на САД Доналд Трамп за Канада и Панамскиот канал, и наведува дека е потребно и Софија јавно да излезе со барање за припојување на Македонија и Јужна Бесарабија кон Бугарија.

- „Претензиите на Трамп кон Канада се целосно оправдани. Нема ништо пологично и понормално од две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и, во голема мера, ист народ, како што се САД и Канада, да станат една земја. Истото важи и за претензиите на Трамп за Панамскиот канал. Впрочем, САД се првиот сопственик на земјиштето на каналот, тие го градеа и го поседуваа до 1979 година. Затоа „Преродба“ целосно ги поддржува тврдењата на новоизбраниот американски претседател.

Иста е ситуацијата и со Македонија. Нема ништо пологично од тоа две земји со заедничка историја, заедничко потекло, заеднички јазик и народ да станат една земја. Сличен е случајот и со Јужна Бесарабија. Таа е дел од бугарската држава повеќе од 450 години, Бугарите се домородното население на оваа област (од 6 век) и до денес се мнозинство од населението. За споредба, Украина ја поседува Јужна Бесарабија само 34 години.

Затоа нема ништо пологично од обединување на Бугарија и Македонија во една заедничка држава, како и враќање на Јужна Бесарабија назад во Бугарија. Украина се распаѓа и на идниот мировен конгрес кој ќе одлучува за судбината на неуспешната т.н. украинската државност, Бугарија треба да ги потврди своите претензии кон бугарска Бесарабија, напиша Костадинов на социјалната мрежа“, наведува Костадинов во објавата на Фесјбук.

„Преродба“ на Костадинов, на последните парламентрани избори во Бугарија доби 12,92 отсот од гласовите и 35 пратенички места, со што стана трета политичка сила во 240-члениот бугарски парламент.

притисни ентер