Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 18 мај

Претседателските избори во Полска ќе се одржат на 18 мај, соопшти денеска претседателот на полскиот парламент Шимон Холовња.

Тој наведе дека изборите формално ќе бидат распишани во среда, на 15 јануари, врз основа на уставната одредба според која изборите не можат да се одржат во рок од 90 дена од завршувањето на вонредната состојба.

Состојбата со елементарна непогода што ја воведе Владата по поплавите во септември минатата година е укината на 16 октомври 2024 година, а рокот од 90 дена истекува на 14 јануари 2025 година, јави агенцијата ПАП.

Изборната кампања официјално ќе започне откако во службен весник ќе биде објавена одлуката на претседателот на Сејмот за распишување на изборите.

Претседателот се избира за петгодишен мандат и може да биде реизбран само еднаш. Секој граѓанин на Полска кој на денот на изборите наполнил 35 години го исполнува условот за кандидатура./МИА

Герасимовски: Очекуваме во март дечињата да бидат згрижени во новата градинка Пролет

Во март годинава, се надевам децата од Центар да бидат згрижени во оваа предучилишна установа која е изградена по највисоки светски стандарди. 

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски информира дека во месец март очекува дечињата од населбите Пролет и Маџир маало да бидат згрижени во новата градинка Пролет која е прва изградена градинка по пет децении на територија на општината.

„Во март годинава, се надевам децата од Центар да бидат згрижени во оваа предучилишна установа која е изградена по највисоки светски стандарди. Изградбата е комплетно завршена, а на крајот на 2024-та година беше направен и технички прием. Иако во Центар немаме листи на чекање за упис на дечиња во градинките, ќе им го олесниме секојдневието на родителите од населбите Пролет и Маџир маало кои своите деца ги носат во градинките во другите населби“, вели Герасимовски.

Новата градинка Пролет е енергетски ефикасна, која ќе обезбеди опфат на 173 деца, сместени во 9 занимални. Во градинката поставен е лифт за лица со инвалидитет и попреченост во движењето, како и надворешно игралиште до кое можат да пристапат и деца со попречености. Градинката има вкупна бруто површина од 3.276 метри квадратни и целосно е финансирана од Општина Центар во висина од околу 2.5 милиони евра.

Општина Центар

Во тек е реконструкција на покривот на Соколана во Куманово

 Почна реконструкцијата на покривот на спортскиот објект Соколана во Куманово, информираа денеска надлежните од општината.

-Започнавме со реконструкција на кровната конструкција на објектот Соколана. Го враќаме сјајот на комплексот Соколана, храмот на спортот во Куманово, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Претходно почна уредувањето на платото пред објектот и спортското игралиште. Реконструкцијата на комплексот Соколана етапно се спроведува изминативе години. Според планираното, во следните фази од реконструкцијата се планира изградба на изградба на детско катче, реквизити за рекреација, партерно уредување околу објектот. Претходно се санираат внатрешноста на Соколана, но и на паркот во непосредна близина.

Според податоците на електронскиот систем за јавни набавки и за целиот комплекс во 2023 беа одвоени првин 14, 7 милиони денари во мај, подоцна во август уште 14, 9 милиони денари, додека во 2024-та над 4, 4 милиони денари. Покрај самиот објект се реконструира и спортскиот комплекс во целина.

Владата претходно ѝ ги врати во владение четирите големи спортски објекти на општината, Соколана, спортската сала, градскиот стадион и стрелиштето.

Спортскиот објкет датира од доцните 20-ти години на минатиот век и период на кралство Југославија, со зачетоците на Соколското движење, не само на просторите на Куманово, туку и на тогашна Европа. На ова место се играле најдобрите кошаркарски турнири во поранешна Југославија, а тренирале и врвни гимнастичари. Соколана има непроценливо значење за кумановци.

ИДФ: Тројца израелски војници загинаа, а тројца се ранети во Појасот Газа

Израелската војска соопшти дека тројца израелски војници загинале, а тројца се ранети во борбите во северниот дел на Појасот Газа.

Според првичната истрага на Израелските одбранбени сили (ИДФ), војниците биле погодени од голема експлозивна направа која експлодирала во тенк за време на операциите во Беит Ханун. Уште тројца израелски војници загинаа, а неколку беа ранети во одвоени борби во изминатите два дена, а Израел загуби 401 војник во досегашната копнена офанзива против Хамас во Појасот Газа, според официјалните податоци.

Најмалку 45.936 Палестинци се убиени, а 109.274 се ранети во израелските напади од 7 октомври 2023 година, според Министерството за здравство во Газа, кое е под контрола на Хамас.

Палестинските лекари, исто така, соопштија дека 30 луѓе биле убиени низ енклавата во изминатите 24 часа.

притисни ентер