Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник  ќе се одржат повеќе манифестации.

Свечен собир на Кумовите бадникари ќе се одржи на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадниковите поворки од пред Оштина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, по ул.„Борис Трајковски“, бул.„Македонија“, по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музејот на Град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ се до плоштадот „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација.

-Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот, како и мерки за посебен режим на сообраќај на сообраќајниците каде што ќе се движат Бадниковите поворки и околу верските објекти, информираа од СВР Скопје.

Апелираат до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Кина ги осуди САД поради тоа што разгледуваат воведување забрана за кинески дронови

Кина, исто така, ги повика САД да ги почитуваат фактите и веднаш да престанат со, како што наведе, „погрешните практики“.

Кина го осудува и смета дека е крајно неодговорно што САД разгледуваат воведување забрана или ограничување на кинеските беспилотни летала во таа земја поради наводните ризици за националната безбедност, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.

Во соопштението се наведува дека тоа се „неосновани сомнежи“ на САД и дека Кина ќе продолжи да ја следи ситуацијата.

Кина, исто така, ги повика САД да ги почитуваат фактите и веднаш да престанат со, како што наведе, „погрешните практики“./МИА

Нема универзитети од ЕУ меѓу водечките во однос на патенти

 На листата на 50 водечки универзитети во светот според бројот на патенти, доминираат американски и кинески институции, додека универзитети од Европската Унија (ЕУ) воопшто нема, покажува студијата на Институтот за светска економија од Кил.<

Според истражувањето, 70 проценти од универзитетите во Европа воопшто немаат директни патентни активности, а најголемиот дел од патентите потекнуваат од универзитети во пет западноевропски држави, пренесува денеска Бета.

- Острата поларизација во патентната активност на европските универзитети предизвикува сериозна загриженост. Патентите се важен инструмент за трансфер на технологии и се клучен индикатор за пренос на знаења од универзитетите на пазарот, истакна Александра Партека, истражувачка на проектот од Универзитетот за технологија во Гдањск.

Таа нагласи дека за економска, социјална и политичка кохезија во Европа е неопходно да се спречи заостанување на одредени земји или региони во иновациите.

Во анализата се наведува дека, и покрај растот на бројот на патенти со текот на времето, само универзитетите Оксфорд и Империјал колеџ од Лондон успеале да влезат на листата на 50 водечки во светот. По Брегзит, на листата повеќе нема универзитети од земји-членки на ЕУ.

„Со трговските војни со САД и Кина на хоризонтот, ЕУ треба да делува брзо и сеопфатно – да ја промовира соработката со Британија и да ја забрза комерцијализацијата на истражувањата преку намалување на бирократијата и зголемување на финансирањето“, изјави Холгер Герг, лидер на проектот во рамките на кој е изготвена студијата. /МИА

ОН: Минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 901 лице

 Минатата година во Иран беа егзекутирани најмалку 901 лице, од кои околу 40 беа погубени за само една недела во декември, изјави денеска високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк.

„Многу е алармантно да се забележи дека бројот на луѓе кои подлежат на смртна казна во Иран се зголемува секоја измината година“, рече Турк.

Тој додаде дека „крајно време е Иран да стави крај на овој бран на егзекуции“.

Според врховниот комесар во 2023 година во Иран биле егзекутирани најмалку 853 лица.

На прес-конференцијата, портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Лиз Тросел, објасни дека податоците доаѓаат „од различни организации за човекови права [...] кои ги сметаат за веродостојни“.

Според соопштението, повеќето од егзекуциите во 2024 година се однесувале на случаи поврзани со наркотици, но биле егзекутирани и дисиденти и луѓе поврзани со протестите во 2022-2023 година. Од канцеларијата за заштита на правата на човекот соопштуваат за зголемување на бројот на погубени жени./МИА

притисни ентер