ОН: Минатата година во Иран биле егзекутирани најмалку 901 лице

 Минатата година во Иран беа егзекутирани најмалку 901 лице, од кои околу 40 беа погубени за само една недела во декември, изјави денеска високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Турк.

„Многу е алармантно да се забележи дека бројот на луѓе кои подлежат на смртна казна во Иран се зголемува секоја измината година“, рече Турк.

Тој додаде дека „крајно време е Иран да стави крај на овој бран на егзекуции“.

Според врховниот комесар во 2023 година во Иран биле егзекутирани најмалку 853 лица.

На прес-конференцијата, портпаролката на Високиот комесаријат за човекови права на ОН, Лиз Тросел, објасни дека податоците доаѓаат „од различни организации за човекови права [...] кои ги сметаат за веродостојни“.

Според соопштението, повеќето од егзекуциите во 2024 година се однесувале на случаи поврзани со наркотици, но биле егзекутирани и дисиденти и луѓе поврзани со протестите во 2022-2023 година. Од канцеларијата за заштита на правата на човекот соопштуваат за зголемување на бројот на погубени жени./МИА

Дешам: Во одреден момент треба да кажете доста е

Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп зборуваше за неговата одлука да ја напушти функцијата  во 2026 година.

- Овде сум од 2012 година, имам планови до 2026 година, следното Светско првенство. Ќе застанам таму затоа што во одреден момент мора да се каже доста е. Не знам што ќе биде понатаму, но исто така ќе испадне многу добро, изјави Дешам за „RMC Sport“.

Педесет и шестгодишниот специјалист ја предводи француската репрезентација од 2012 година.

Под водство на Дешам „Триколорите“ ги освоија Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2020/21, а исто така стигнаа до финалето на Евро 2016 и Светското првенство 2022 година./МИА

Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат

Селото Белкастро во јужна Италија, коешто е оддалечено 45 километри од најблиската болница, издаде декрет којшто „им забранува“ на жителите да се разболуваат, објави „Би-би-си“.

Во селото со 1.200 жители, Управата „им наредила“ на селаните да избегнуваат болести поради коишто може да треба итна медицинска помош. Притоа, луѓето „се задолжени“ да не се впуштаат во потенцијално штетно однесување, да избегнуваат несреќи во домаќинството, да не излегуваат од дома премногу често, да не патуваат и спортуваат, туку просто - да се одмораат.

Градоначалникот Антонио Торчија изјави дека оваа уредба е донесена со цел да се откријат недостатоците во здравствениот систем. Вели дека „овој потег е очигледно хумористична провокација“, но може да има поголем ефект од итните известувања што ги испратил до регионалните власти за да укаже на недостатоците на локалниот здравствен систем.

Посочувајќи дека повеќе од половина од населението во селото е над 65 години, првиот човек во Општината нагласи дека патот до болница претставува поголема опасност од која било болест. /МИА

Германски аналитичар: Европа нема стратегија за справување со Илон Маск

Велика Британија и Германија имаат нешто заедничко - и двете се под континуирани напади од Илон Маск.

Велика Британија и Германија имаат нешто заедничко - и двете се под континуирани напади од Илон Маск, кој ја претвори целата своја платформа на социјалните мрежи во политичка машина за кампања против политиките на нивните влади, нагласува германскиот аналитичар Волфганг Мунхау во напис за Eurointelligence.

Тој додaва дека и Олаф Шолц и Кир Стармер се во дилеми како да се справат со тоа, бидејќи и двајцата мора да соработуваат со Доналд Трамп.

Во напис на порталот, сепак, Мунхау наведува дека многумина веруваат дека врската меѓу Трамп и Маск нема да трае предолго и дека не е тешко да се замисли сценарио во кое тие двајца би се судриле во голема пресметка.

-Паметните инвеститори отсекогаш знаеле дека осигурувањето од екстремни ризици е подобра стратегија отколку обложување на конкретни исходи, истакнува авторот и додава дека од, да речеме, центристичка европска перспектива, екстремниот ризик е дека сојузот Трамп-Маск ќе опстане и дека Маск ќе продолжи да ја користи својата платформа „Х“ за застапување на десничарските политики во догледна иднина.

По изборите во 2016 година, Трамп исто така се обиде да влијае на јавното мислење во Европа, но многу помалку ефективно, преку ликови како Стив Банон или Ричард Гренел, поранешниот американски амбасадор во Германија. Имаше одреден комичен призвук. Тие двајца не беа ни приближно ефективни како Маск денес, се додава во текстот. Мунхау оценува дека Европејците немаат одговор на тоа.

-Постојано слушаме од Тиери Бретон, поранешен европски комесар за индустрија, како ЕУ треба да го користи Законот за дигитални услуги за да го повика Маск на одговорност. Но, ЕУ нема да го стори тоа. Академици, новинари и медиумски организации, од кои многумина ја поддржуваат левицата на центарот, згрозено ја напуштија платформата „Х“ и се засолниле на други платформи каде најчесто разговараат меѓу себе. „ТикТок е исто така главно десничарска платформа, не поради нејзиниот кинески сопственик, туку затоа што десницата покажа поголема вештина во користењето“, истакнува авторот.

Влијанието на традиционалните медиуми опаѓа насекаде, вклучително и во Европа, иако во различен степен. Младите се помалку наклонети кон читање весници, а пазарот за платена содржина е многу поразновиден од порано. ЕУ немаше стратегија како да одговори на победата на Трамп на изборите. Тој сигурно нема ни стратегија како да се справи со Маск, заклучува Мунхау во напис за берлинскиот портал Eurointelligence./МИА

притисни ентер