Проф. Д-р Борислав Каменов, имунолог и педијатар, во една прилика говореше за влошувањето на имунолошкиот систем, но и за здравствените проблеми кои произлегуваат од оваа состојба. Клеточниот стрес влијае на спиењето, менталното здравје и нивото на енергија.
- Стресот на клетките е нешто на кое не обрнуваме внимание. Имаме стрес поради опкружувањето, но стресот на клетките е особено важен. Тоа е последица на труење со храна, различно делување на токсини, па и на воздухот, како и недостаток на витамини кои се важни за детоксикација и елиминација на други патогени од клетките - изјавил докторот.
Проф. Каменов објасни што значи протекување на отрови од цревата.
- Доколку клетките не се трујат, тие се подготвени и можат да одговорат на заканата. Имунолошкиот систем откажува бидејќи цревната бариера почнува да се нарушува, цревата стануваат пропустливи и во нив влегуваат отрови и несварена храна. Имунитетот се обидува да ја свари храната, наместо да се бори против патогените – наведува докторот опишувајќи го овој „маѓепсан круг“.
Тој објаснува дека поради стресот на клетките настануваат голем број здравствени проблеми.
- Проблеми со крвните садови, ладни раце, притисок, а потоа сето ова „се качува на третиот кат“, доаѓа инсулинска резистенција, па се случува дебелина и дијабетес. Тие трошат страшни количини на витамин Д, па и состојбата со другите витамини се влошува - изјавил професорот.
Тој тврди дека кога станува збор за вакви случаи, земањето суплементи не е адекватно.
- Витаминот Д што го користиме нема доволна концентрација. Го трошиме на погрешни работи, а не на одбрана на организмот. А, правилната состојба на организмот, која се постигнува со храна и пробиотици, не ја одржуваме. Можеме да поправиме многу работи со исхраната, но не го правиме тоа. Треба да видиме што се случува со крвните садови. Кај мене доаѓаат пациенти кои го променија начинот на живот и толку многу им се подобри состојбата што се случува сите дома да се разболат, а тие не! Сега се свесни што направиле за себе – изјавил д-р Борисав Каменов.
Познатиот стручњак открива уште една многу важна работа која многумина сигурно ќе ги натера да размислат. Имено, докторот тврди дека одделна храна, која ја јадеме секојдневно, нè труе.
- Според моето искуство, најмногу можеме да придонесеме во здравјето преку храната, да го промениме она што нè труе. А, луѓето знаат што ги труе, но не можат да одолеат! Пијат млеко, стомакот им се дуе, но не престануваат да го пијат! Никој не зборува за тоа, многумина не поднесуваат леб и млеко, но сепак го консумираат – изјавил тој, посочувајќи дека оваа храна е одговорна за многу гастроинтестинални проблеми.
Клучен знак дека нешто не е во ред не се само стомачните проблеми, туку и заморот.
- Без одмор и сон организмот не може да се врати во нормална состојба. Најголем знак за оптоварување на телото е заморот - ако станувате уморни, тоа е првиот знак за замор на клетките. Сигурно е дека не можеме да влијаеме на загадувањето или на зрачењето затоа што тоа се работи кои се подобруваат на поширок план, но мора да бидеме активни, да одиме почесто во природа - заклучува Каменов.