Се сретнале Рапид од Букурешт и екипата на ЦСУ Брашов, а домашните победиле со неверојатни 105 поени разлика.
Конечниот резултат на натпреварот гласел 128:23, а особено впечатлив е резултатот од второто полувреме кое домашните го добија со луди 66:8. По четвртини беше - 34:9, 28:6, 36:4, 30:4.
Беше јасно дека гостите беа апсолутни аутсајдери пред овој меч, но секако никој не очекуваше дека ќе доживеат ваков тежок дебакл. Тие се последни на табелата, а во осумте натпревари во кои доживеаја исто толку порази примиле вкупно 812 бода и дале само 329.
Рапид, пак, се наоѓа на средината на табелата со скор 4-5, а како што пишува романскиот GSP.ro, самото романско женско првенство е во јасен пад во последните неколку години и сега таму се само осум екипи во елитата.
Ова не е прв катаклизмичен пораз на Брашов, кој пред околу еден месец беше поразен од Шепши со резултат 133:37, односно со 96 поени разлика.
Претседателката на Кошаркарската федерација на Романија, Кармен Токала, кон крајот на минатата година излезе со предлог женската кошарка да биде замрзната две години и со тоа да прибегне кон радикални мерки.
- Женската кошарка треба да биде замрзната две години, во тој период ниту да се пријавиме на меѓународни натпревари, ниту да носиме странски играчи, туку да видиме до каде сме. Немаме многу кошаркарки, немаме ни 20 што можат да играат на највисоко можно ниво - потенцира Токала.