Премиерот Мицкоски и министерот Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СП

Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација. 

На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство.

Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес.

Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Во Конго околу 170 затвореници ќе бидат погубени поради вооружени грабежи

Повеќе од 170 затвореници осудени на смрт се префрлени од главниот град на Конго во друг затвор на северот на земјата каде што ќе бидат погубени, објавија конгоанските власти.

„Седумдесет осуденици се транспортирани вчера“, рече министерот за правда на Конго, Констант Мутамба, а уште 102 затвореници веќе се испратени во затворот Ангенга во северната провинција Монгала.

Затворениците се осудени за вооружен грабеж и локално се познати како „кулуни“ или „урбани бандити“.

Тие се на возраст меѓу 18 и 35 години, се вели во соопштението на Мутамба.

Некои граѓани на Конго ја поздравија мерката како средство за враќање на редот и безбедноста во градовите, додека други се загрижени за ризикот од злоупотреба и кршење на човековите права. /МИА

Зеленски: Украина има 980.000 војници во борба, ние ја имаме најголемата армија во Европа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина има 980.000 вооружени луѓе кои се борат против Русија на сите фронтови и дека украинската армија е „најголема во Европа“.

„Киев Индипендент“ наведува дека Зеленски во таа проценка не ја земал предвид Русија, која пред речиси три години ја нападна Украина со повеќе од милион луѓе.

„Украина ја има најголемата војска во Европа. По нас доаѓа Франција, која има четири пати помалку војници. Ми се чини дека Французите имаат 200.000 војници, а ние 980.000“, посочи Зеленски./МИА

Алиев: Несреќата на авионот немаше да се случи доколку се почитуваа правилата

„Државата Азербејџан отсекогаш ги ценела активностите и херојството на своите синови и ќерки“, рече Алиев.

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев изјави денеска дека несреќата на авионот на „Азербејџан ерлајнс“ што на 25 декември се урна во близина на казахстанскиот град Актау, при обид за принудно слетување, кога загинаа 38 лица, немаше да се случи доколку се почитуваа сите правила на копнените служби, како и правилната координација меѓу вооружените сили и државните служби.

„Државата Азербејџан отсекогаш ги ценела активностите и херојството на своите синови и ќерки“, рече Алиев на средбата со семејствата на членовите на екипажот кои ги загубија животите и со преживеаните членови на екипажот на авионот.

Тој истакна дека и овојпат е оддадено признание за херојството на екипажот. /МИА

притисни ентер