Пол трет кошаркар со 12 илјади асистенции во историјата на НБА

Плејмејкерот на Сан Антонио, Крис Пол стана третиот играч во историјата на НБА-лигата со 12.000 асистенции во кариерата.

Пол до оваа достигнување дојде за време на поразот од Лејкерс, ноќеска со 115120 во петокот.

Претходно во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, Џон Стоктон стигна 15.806 асистенции, додека Џејсон Кид застана на 12.091.

-Се сеќавам дека првиот пат кога играв во Јута, погледнав во арената и видов дека Џон Стоктон е лидер на сите времиња во асистенции и украдени топки. Тогаш помислив: Ќе го стигнам. Ова се покажа како невистинито. Но, да се биде втор по Џон Стоктон е прилично кул, рече Пол по натпреварот.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го заврши натпреварот со Лејкерс со 11 поени, 11 асистенции и две украдени топки. /МИА

Путин потврди дека Русија истрелала балистичка ракета со среден дострел кон Украина

Русија изврши ракетен напад со пеорктил со среден дострел врз украинска воена локација како одговор на украинските напади во изминатите денови со западно оружје со голем дострел.

Тоа го изјави претседателот Владимир Путин во телевизиско обраќање до нацијата.

Путин додаде дека по нападот врз Русија со западни ракети, конфликтот во Украина доби глобален карактер.

Ковачки до опозицијата: Крш држава,празна каса,катаклизмична состојба- Каква држава остави СДС?

На денешната Комисија за финансии и буџет, на амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година, се обрати и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој ја критикуваше претходната власт. 

Ковачки истакна дека државата за време на СДС беше оставена во катастрофална состојба, со празна каса и заостанати плати за вработените во институциите, и дека наследената ситуација беше директен резултат на неодговорното работење на претходната власт.

„Сите знаеме каква состојба наследивме, тие знаат каква состојба оставија, ние знаеме каква состојба наследивме и тоа беше презентирано и во рамките на ребалансот на буџетот. Да ве потсетам, оваа држава беше оставена без плати, институциите беа без плати, поштите немаа плати, Македонски шуми немаа земено плати, по неколку месеци“, изјави Ковачки.

Ковачки посочи дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за само неколку месеци, успеа да обезбеди средства преку ребаланс на буџетот и да исплати заостанати плати, како и да обезбеди стабилност за следната година.

„Дупки во буџетот, пари кои што се обезбедени со ребалансот и пари кои што се обезбедени за следната година. Тоа да не биде фалба затоа што сме дале некому плата, меѓутоа ги оставивте работниците без плати. Овде за одбрана потпишавте колективен договор на 14 февруари, на ден пред распишување на парламентарните избори, а не предвидовте средства. Истото важи и за овие амандмани кои што сте ги поднесувале за законски решенија кои што не постојат, па потоа објавувате текстови дека сме ги одбиле. Па како да прифатиме нешто кога во закон не е регулирано?“, потенцираше Ковачки.

Ковачки ги повика опозициските пратеници на „политичка зрелост“ и признавање на грешките, истакнувајќи дека протестите и штрајковите во минатото се резултат на неработењето на минатата власт.

„Сте ја оставиле државата во катаклизмична ситуација. Така да се каже нешто, колку да се каже, да се даде некаков амандман, колку да се даде, затоа што нема реална размисла како понатаму. Потсетете се зошто беа тие протести и штрајкови. И мислам дека тука треба навистина да покажете една политичка зрелост. Да кажете: луѓе, ви оставивме крш држава, празна каса, успеавте за само неколку месеци да обезбедите средства и да ги исплатите прво заостанатите плати, а потоа и да ги зголемите“, заклучи Ковачки, се наведува во партиското соопштение.

Вучиќ за упадот на вооружени Албанци во Србија: Курти очекуваше дека ќе ги ликвидираме

Српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС го коментираше упадот на припадниците на косовската полиција во централна Србија.

– Албин Курти намерно го нареди ова, очекуваше дека овие лица ќе бидат ликвидирани и дека тоа ќе биде причина за вмешување на НАТО во конфликтот со Србија – рече Вучиќ, пренесува Новости.

- Ова е уште еден свесен и планиран обид да се предизвика инцидент и да се прекрши договорот од привремените приштински институции предводени од Албин Курти. Министерството за одбрана бара од КФОР, како единствена легална и легитимна воена сила во областа на автономната покраина Косово и Метохија, да преземе мерки во согласност со својот мандат и да ги спречи привремените власти во Приштина да се обидат да предизвикаат ескалација на насилство во нашата јужна провинција. Наредбата на Албин Курти припадниците на таканаречената косовска полиција да ја преминат административната линија претставува опасна провокација и закана за мирот. Единиците на вооружените сили на Србија во копнената безбедносна зона ја следат состојбата на терен и се подготвени да реагираат согласно одредбите од Воено-техничкиот договор - велат од Министерството за одбрана на Србија.

притисни ентер