Почнува шестиот Пчеларски саем во Скопје

Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела. 

Организатор на саемот е Пчеларска Федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје.

Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелните производи, како и пчеларска опрема.

Од ПФМ ги повикуваат граѓаните да дојдат на плоштадот Македонија и да дегустираат природен, вистински мед, за да препознаат лажен, фалсификуваниот производ.

ЕУ ја продолжува мисијата за воена помош за Украина за уште две години

Советот на ЕУ објави дека го продолжува мандатот на Мисијата за воена помош во Украина за две години, до 15 ноември 2026 година, со доделен буџет од речиси 409 милиони евра. 

Мисијата се спроведува во земјите на ЕУ и е наменета за обука на украински војници.

Мисијата останува клучно средство за воената поддршка на ЕУ за Украина, а нејзината главна цел е да придонесе за зголемување на воените капацитети на украинската армија, се наведува во соопштението. Се очекува учесниците во европската мисија да работат во соработка со Мисијата за безбедносна помош и обука на НАТО.

Во октомври 2022 г Советот на ЕУ донесе одлука за формирање на мисијата за Украина со првично времетраење од две години. Стратешка цел на мисијата е да придонесе за ефективно извршување на операциите за одбрана на територијалниот интегритет на земјата според меѓународно признатите граници.

Досега во мисијата се обучени 63.000 украински војници - вкупно 10 бригади. Во наредните месеци се очекува да бидат обучени уште 15.000 војници, се додава во соопштението.

РСБСП: Подгответе се за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови

 Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) секоја година реализира кампања „Користи зимска опрема“.

Кампањата започнува на 15 ноември и трае до 15 март следната година, а се реализира со цел потсетување на возачите на законската обврска за задолжително носење и користење на зимска опрема за возилата во овој временски период, и нивно советување за подготовка на возилата за безбедно учество во сообраќајот во зимски услови, информираат од РСБСП.

Зимската опрема за возилата подразбира - за лесни моторни возила зимски пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) или - летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 mm (6 mm за возила со погон на сите четири тркала) и носење на синџири за снег во возилото, потоа за тешки моторни возила зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат (лопата).

-Зимските пневматици имаат подлабока шара која овозможува лесно истиснување на водата и снегот и се изготвени од материјал кој е флексибилен и во услови на ниски температури. Обезбедуваат стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото при зимски услови на патот. Зимските пневматици странично имаат ознака: „MS“, „M+S“, „M&S“ и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Комбинацијата, односно истовремената употреба на зимски и летни пневматици е исклучително опасна бидејќи го нарушува управувањето со возилото, особено траекторијата на движење и запирање на возилото, појаснуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените

 ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните.

Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.

Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%.

Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:

-Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.

- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.

-Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.

Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.

СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.

Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.

Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

притисни ентер