Тренчевска: ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените

 ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати решенијата на СДСМ за намалување на цените и повеќе пари за граѓаните.

Се потврди тоа што го говоревме и што граѓаните го гледаат секој ден - нема намалување на цените во маркетите, владината мерка не даде резултат.

Податоците коишто ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека цените на мало во месец октомври се намалиле за само 0,1%.

Ова значи дека намалување на цени нема и затоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Владата треба итно да ги прифатат пакет законските решенија на СДСМ:

-Да се усвои Законот за зголемување на минималната плата на 450 евра.

- Да се усвои Законот за укинување на ДДВ за храната со кој граѓаните ќе заштедат и до 2.000 денари месечно.

-Итна да се примени Законот за нефер трговски практики за спречување на нов раст на цените.

Овие пакет решенија на СДСМ ќе значат намалување на цените, зголемување на платите односно повеќе пари за граѓаните и семејните буџети.

СДСМ уште еднаш повикува да проработи разумот кај власта, пред се кај пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Подаваме рака за соработка, за подобар животен стандард и поддршка на граѓаните во време кога нивниот живот станува се потежок.

Просечната плата во земјата е намалена за 1,000 денари а македонската економија е во слободен пад. Индустриското производство бележи пад во септември за 7,9% а прогнозите за економијата стануваат се полоши. По Светска банка и Народна банка ги намали проекциите за македонската економија и предвидува послаб раст оваа и наредната година.

Ова се лоши вести. Потребно е заедничко делување за да им се помогне на граѓаните а пакет решенијата на СДСМ, овие три политики кои ги споменав се реални, одржливи и ќе дадат брз резултат.

Жално е ако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се подготвена на штета на граѓаните да водат политички инает со отфрлање на добрите решенија.

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска - пратеничка

Мемеди: Информациите што се лиферуваат од Детската клиника, често имаат политичка тенденција

Информациите кои неофицијално се лиферуваат од Детската клиника често имаат политичка тенденција, а за информаторите не е важен животот на децата, туку директорската фотелја!

Децата ни се најомилени, животот на секое дете вреди повеќе од сé, но за волја на вистината и за правилно информирање на јавноста, принуден сум да објавам официјални статистички податоци од Детската клиника!

Во оваа табела јасно се гледа дека во изминатите години - кога се знае кој бил на власт - стапката на смртност во Детската клиника била и до 3 пати поголема во однос на годинава! Просечно имало и по 9 смртни случаеви месечно!

За овие официјални информации и други, следната недела ќе ја запознаена целокупната јавност преку медиумите, на прес конференција.

Во овие 4 месеци додека сум в.д директор на Универзитетската клиника за детски болести, додека ја скенирав состојбата на Детска Клиника наидов на многу проблеми наталожени и нерешени со години!

Некои од нив се високоризични дефекти, кои итно ги адресиравме и сега сме во фаза на нивно санирање.

Јавноста ќе биде навремено информирана за сите работи што ги реализираме на Клиниката за детски болести.

Објава на „Фејсбук“ на директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди

Законот за двојазичност во декември пред уставните судии, Костадиновски не очекува бојкот

Претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски останува на планот во декември на дневен ред да ги стави иницијативите со кои се оспорени одредби од Законот за употреба на јазиците. 

Во Само интервју на Канал 5, Костадиновски рече дека се во игра повеќе опции за овој предмет како подготвителна седница на која ќе се донесе одлука да се побара совет од Венецијанската комисија, но и доколку судиите изразат сомнеж, законот да се испрати до Собранието на доработка во рок 6 месеци – можност што ја дава новито Акт на Судот. Употребата на јазиците не е доведена под закана, вели Костадиновски, туку примената на самиот закон.

Сепак, дали за предметот ќе се одлучува на истата седница , ќе зависи од тоа дали на неа ќе присуствуваат сите 9 судии, согласно заклучок на Судот... Костадиновски не верува во шпекулациите за можен бојкот на дел од судиите кои се припадници на заедниците, но доколку се случи, вели дека постојат механизми што ќе го спречат блокирање на работата на Судот.

-Сите опции се во игра. И подготвителна за материјалниот дел. Венецијанската комисија излезе со мислење за законот, но ние имаме право да побараме amicus curiae, тоа се вика пријателски совет ако утврдиме спорни правни прашања. Како суд, за да ги амортизираме сите овие обвинувања за наводно етничко, па политичко постапување, јас како претседател а верувам и моите колеги сме спремни на некој начин да ги разубедуваме политичарите а воедно да им се обраќаме на граѓаните, дека нашите одлуки ќе бидат уставно втемелени,- изјави – Дарко Костадиновки – Претседател на Уставен суд.

Костадиновски ги отфрла сите обвинувањата дека одлуката за укинување на баласнерот била етнички мотивирана но и дека се создал правен вакум. Иако судиите не биле едногласни, сепак вели дека одлуката е донесена со мнозинство гласови и секој судија има можност за издвоено мислење.

-Едногласните одлуки секогаш имаат поголем авторитет, но сепак одлуката на Судот се носи со најмалку пет гласа и легитимно право е на судиите да издвојат мислење, јас сум рекордер по издвоено мислење, имам 50 издвоени мислења. Со индигнација ги отфрлив сите обвинувања за етничка или политичка одлука. На самата расправа вкрстивме аргументи. А, за обвинувањата дека со етничко надгласување е донесена одлуката, може и обратно да се постави прашањето, на пример дали тие судии користеле уставно-правни аргументи?. изјави – Дарко Костадиновки – Претседател на Уставен суд.

Т.н балансер и Законот за употреба на јазиците беа дел од сензитивните предмети за кои Костадиновски набргу по изборот за претседател на Уставен најави аргументирани одлуки. Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, а е оформен од 2019 година.

Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина (Фото)

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.

Со златен медал и одбрана на европската титула од пред две години, македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го заврши Европското сениорско првенство во Атина, откако во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска, јави дописничката на МИА од Атина.

Во финалето во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го совлада противникот.

Македонскиот кикбоксер се пласираше во финалето откако вчера со нокаут пред крајот на првата рунда беше убедливо подобар од грчкиот репрезентативец Христос Филис.

Нашата земја од Европското кикбокс првенство во Атина се враќа со два медали, со златниот на Илиоски и со бронзениот на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.

Европското кикбокс првенство во Атина почна во неделата со свечено отворање, а завршува утре, а учествуваат 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава.

Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.

Ашкилов не успеа да се пласира во полуфиналето, откако поради повреда докторот не му дозволи да го продолжи натпреварот во втората рунда, додека во женска конкуренција, Леа Бошевска загуби од Нил Бејза Гохан од Лихтенштајн, а Андреа Костовска загуби од Меган Охаре од Велика Британија.

притисни ентер