Почнува изработката на национална ИКТ-стратегија

Премиерот Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на националната стратегија за Информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – националната ИКТ стратегија.

Премиерот Мицкоски и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска го означија почетокот на изработката на националната стратегија за Информатичко-комуникациски и телекомуникациски развој – националната ИКТ стратегија, која е клучен документ во однос на активностите за дигиталната трансформација

Поликлиниката „Јане Сандански“ се приклучи кон собирање донации за борба против рак на дојка

Поликлиниката Јане Сандански во склоп на "Здраствен дом – Скопје“ од Скопје зеде иницијатива и се приклучи и даде подршка со собирање донација на Здружението за борба против рак на дојка „МАРИЈА - провери се“.

Ова за прв пат е организирано во државна здраствена институција и се надеване дека ќе стане пракса и ќе успееме да ја подигнене свеста кај пациентките.

И се надеваме дека на оваа акција ке се прикличат и останатите.

Во склоп на Центарот за дојка што се наога во Поликлиниката исто беа подарени симболични подароци во знак на внимание на веќе закажаните пациентки за ехо на дојка и мамографија.

Лима се прошета во црвена тантела, се врати на пистата како „Ангел на Викторија“ (ВИДЕО)

Во „Викторија сикрет шоу“ на изненадување на многумина се врати една од најубавите жени на светот, Адријана Лима.

Поранешната српска снаа доби бројни овации и аплаузи додека чекореше по пистата, дури двапати.

Лима носеше две сосема различни комбинации и не се знае која повеќе и одговара.

Прво прошета во предизвикувачки костим, односно црна облека, додека рацете и нозете ѝ беа покриени, но потоа дојде она што сите го чекаа!

Вториот пат таа излезе на сцената во ансамбл од црвена тантела, кој ги истакна сите нејзини атрибути.

Кога го сврте грбот, глетката била вистинско уживање за машкиот пол.

@runwaymoodell #adrianalima ♬ som original - ♡model♡

По бруталниот изглед, ангелската убавина и затегнатото тело, многумина би рекле дека манекенката не остарела ниту ден.

ОЈО: 16 службеници осомничени за поткуп при царинење, двајца за злоупотреба на службена положба

По вчерашната акција „Премин“ во која уапсени се 14 царински службеници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинителството ги сомничи за примање на поткуп, а двајца за злоупотреба на службена положба и овластувања.  

Предистрагата траела од март минатата година , а по доставена пријава од граѓанин против три лица.

Како што соопшти Обвинителството осомничените како вработени во Царинската управа а распоредени во царинските испостави Ново село и Дојран, во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера – 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија ..

Тие при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат.

Откако ќе го примеле поткупот, го делеле меѓу себе.

притисни ентер