Наставник одгледал тиква од 1.121 килограми, но не го надмина сопствениот рекорд (ВИДЕО)

Наставникот по хортикултура, Тревис Џинџер, го повтори минатогодишниот успех и триумфираше на Светското првенство во мерење тиква во Калифорнија.

Тој го победи најблискиот натпреварувач за 2,7 килограми и трофејот го однесе во родната Минесота, а неговата тиква тежеше 1,121 килограм.

Џинџер (44) истакна дека постигнал успех бидејќи се фокусирал на здрава земја за обработка, но дека „ладната есен веројатно влијаела на растењето на тиквата“.

Зошто го кажа тоа? Затоа што минатата година на светот му претстави џин од 1.247 килограми, со која ја освои титулата и влезе во Гинисовата книга на рекорди!

„Имавме многу тешко време, но јас продолжив да работам. На крајот се исплатеше“, изјави наставникот по хортикултура.

Тој откри дека тој и неговото семејство ја транспортирале тиквата од Минесота во Калифорнија за 35 часа, пишува New York Post.

Лефков: На крајот на 2023. јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра, поради СДС-ДУИ

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ пратеникот и член на Извршниот комитет, Миле Лефков говореше за лошите политики на поранешната власт.

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ пратеникот и член на Извршниот комитет, Миле Лефков говореше за лошите политики на поранешната власт, кои иницирале огромни задолжувања и како што напомена тој, со крајот на 2023 година, јавниот долг достигнал рекордни 8,3 милијарди евра.

„Само на крајот на 2023 година, јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра. Тоа е тешка бројка, еве да поставите табла на плоштад и да ги замолите граѓаните да ја напишат оваа бројка, голем број ќе згрешат. Тие не само што не задолжија, туку и успеаа да ги потрошат овие пари, а ништо не направија“, истакна Лефков.

Тој додаде дека долговите што ги наследиле како Влада се огромни и на сите страни, неисплатени плати во Национални шуми и водостопанство, огромни дупки во образованието.

„За 100 дена толку многу работи се направија, со оглед на тоа дека се соочивме со доста проблеми во буџетот, меѓутоа најдовме и ќе наоѓаме решение во интерес на граѓаните“, кажа Лефков.

Лефков се осврна и на делот во енергетиката, каде што напомена дека власта СДС-ДУИ, се фалеле дека субвенционирале средства за електрична енергија, а реалноста била сосема поинаква.

„Имаа една кампања каде што велеа дека ќе ги субвенционираат сметките за електрична енергија, а тоа воопшто не беше така. Тие го субвенционираа падот на производството кои го произведуваа државно поседуваната ЕЛЕМ, која што треба да произведува електрична енергија. Тоа не беа пари со кои што беа субвенционирани сметките, туку се субвенционираше нивната неспособност“, појасни Лефков, се наведува во партиското соопштение.

Опасен Албанец од Косово е пуштен од притвор во Германија, нема да биде депортиран

Салафискиот проповедник Абдул Алим Хамза, чие вистинско име е Леонис Хамза (32), пред неколку дена беше ослободен од затворот за депортација во Германија, пренесува Фокус онлајн.

Албанецот од Пеќ, познат како опасен проповедник на исламот, неколку недели по апсењето во Бон повторно е на слобода.

Салафистот бил уапсен на почетокот на септември и оттогаш е во притвор за депортација. За да се спречи да биде депортиран во Косово, поднел итно барање - и тоа му успеало пред надлежниот управен суд во Келн, пренесува Билд.

Според судот, градот Бон не обезбедил доволно докази дека проповедникот претставува закана за слободниот демократски поредок.

Според портпаролот на судот, според тоа, „нема особено сериозен интерес за негово депортирање“.

Според Фокус онлајн, службата за државна безбедност во Бон во извештај на 51 страница го прикажува Хамза како насилен екстремист кој го тиранизира своето семејство и шири антисемитска агитација.

Тој е „добро поврзан со радикалната салафистичка сцена“ и бара млади луѓе кои сака да ги води. Наводно ги зголемува контактите меѓу клановите и наводно се заканувал дека ќе ја убие ќерката (5) затоа што не му се покорува.

Албанецот вчера се огласи на Инстаграм каде се претстави како безопасен, угледен граѓанин и објави фотографија со своите деца.

„Сакам јасно да кажам дека не сум во конфликт со градот Бон, германската влада, властите, државната безбедност, или која било тајна служба. Јас сум граѓанин како и секој друг. Се разбира, не сум непогрешлив - никој не е“, напишал тој.

Да потсетиме, според медиумите, на социјалните мрежи Хамза сака да се покажува со озлогласените познати личности како што е водачот на кланот Арафат, Абу-Чакер. Според германскиот весник Билд, тој е роден во 1990 година во Пеќ, а живеел во Бон.

Од јануари 2022 година, тој се сметал за таканаречена „релевантна личност“ во областа на исламизмот. Ширел наводи поврзани со исламот и затоа бил под надзор на германските власти. Во градот Бон, Абдул Алим Хамза бил имам во џамија која агенцијата за безбедност ја смета за „место за средба на салафите“. Тој имал контакти со познати салафисти, како Ибрахим Ел-Азази, Абу Дуња и Пјер Фогел.

Нов директор на Агенцијата за национална безбедност е Бојан Христовски

Владата денеска на седница го разрешен директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски, а на негово место е именуван Бојан Христовски. 

Христовски има искуство долги години во безбедносните институции. Кратко време беше директор на градското претпријатие „Паркинзи Скопје“, а на директорската позиција доаѓа од Министерството за внатрешни работи./МИА

притисни ентер