ОЈО: 16 службеници осомничени за поткуп при царинење, двајца за злоупотреба на службена положба

По вчерашната акција „Премин“ во која уапсени се 14 царински службеници, еден пензиониран цариник и еден полициски службеник, обвинителството ги сомничи за примање на поткуп, а двајца за злоупотреба на службена положба и овластувања.  

Предистрагата траела од март минатата година , а по доставена пријава од граѓанин против три лица.

Како што соопшти Обвинителството осомничените како вработени во Царинската управа а распоредени во царинските испостави Ново село и Дојран, во временскиот период започнувајќи од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера – 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија ..

Тие при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат.

Откако ќе го примеле поткупот, го делеле меѓу себе.

Александар Николовски е реизбран за претседател на УСС на УКИМ

Универзитетското студентско собрание (УСС) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, по пат на тајно гласање го избра претседателот на Собранието на денешната седница.

Новиот претседател, Александар Николовски, го искористи правото на реизбор и вторпат ќе раководи со Собранието.

Покрај претседател, беа избрани и девет сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.

Сенатори се Филип Петковски - Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Слободан Панајотов - Факултет за физичко образование, спорт и здравје

Ивона Тодорова - Правен факултет, Ангела Василевска - ФИНКИ, Никола Ѓоргиев - Факултет за музичка уметност, Зорица Бојаџиева - Технолошко-металуршки факултет, Доротеа Камчевска - Педагошки факултет, Иван Трајковски - Економски факултет и Филип Калаџиски - Медицински факултет.

Лефков: На крајот на 2023. јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра, поради СДС-ДУИ

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ пратеникот и член на Извршниот комитет, Миле Лефков говореше за лошите политики на поранешната власт.

На поткастот „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ пратеникот и член на Извршниот комитет, Миле Лефков говореше за лошите политики на поранешната власт, кои иницирале огромни задолжувања и како што напомена тој, со крајот на 2023 година, јавниот долг достигнал рекордни 8,3 милијарди евра.

„Само на крајот на 2023 година, јавниот долг достигна 8,3 милијарди евра. Тоа е тешка бројка, еве да поставите табла на плоштад и да ги замолите граѓаните да ја напишат оваа бројка, голем број ќе згрешат. Тие не само што не задолжија, туку и успеаа да ги потрошат овие пари, а ништо не направија“, истакна Лефков.

Тој додаде дека долговите што ги наследиле како Влада се огромни и на сите страни, неисплатени плати во Национални шуми и водостопанство, огромни дупки во образованието.

„За 100 дена толку многу работи се направија, со оглед на тоа дека се соочивме со доста проблеми во буџетот, меѓутоа најдовме и ќе наоѓаме решение во интерес на граѓаните“, кажа Лефков.

Лефков се осврна и на делот во енергетиката, каде што напомена дека власта СДС-ДУИ, се фалеле дека субвенционирале средства за електрична енергија, а реалноста била сосема поинаква.

„Имаа една кампања каде што велеа дека ќе ги субвенционираат сметките за електрична енергија, а тоа воопшто не беше така. Тие го субвенционираа падот на производството кои го произведуваа државно поседуваната ЕЛЕМ, која што треба да произведува електрична енергија. Тоа не беа пари со кои што беа субвенционирани сметките, туку се субвенционираше нивната неспособност“, појасни Лефков, се наведува во партиското соопштение.

Опасен Албанец од Косово е пуштен од притвор во Германија, нема да биде депортиран

Салафискиот проповедник Абдул Алим Хамза, чие вистинско име е Леонис Хамза (32), пред неколку дена беше ослободен од затворот за депортација во Германија, пренесува Фокус онлајн.

Албанецот од Пеќ, познат како опасен проповедник на исламот, неколку недели по апсењето во Бон повторно е на слобода.

Салафистот бил уапсен на почетокот на септември и оттогаш е во притвор за депортација. За да се спречи да биде депортиран во Косово, поднел итно барање - и тоа му успеало пред надлежниот управен суд во Келн, пренесува Билд.

Според судот, градот Бон не обезбедил доволно докази дека проповедникот претставува закана за слободниот демократски поредок.

Според портпаролот на судот, според тоа, „нема особено сериозен интерес за негово депортирање“.

Според Фокус онлајн, службата за државна безбедност во Бон во извештај на 51 страница го прикажува Хамза како насилен екстремист кој го тиранизира своето семејство и шири антисемитска агитација.

Тој е „добро поврзан со радикалната салафистичка сцена“ и бара млади луѓе кои сака да ги води. Наводно ги зголемува контактите меѓу клановите и наводно се заканувал дека ќе ја убие ќерката (5) затоа што не му се покорува.

Албанецот вчера се огласи на Инстаграм каде се претстави како безопасен, угледен граѓанин и објави фотографија со своите деца.

„Сакам јасно да кажам дека не сум во конфликт со градот Бон, германската влада, властите, државната безбедност, или која било тајна служба. Јас сум граѓанин како и секој друг. Се разбира, не сум непогрешлив - никој не е“, напишал тој.

Да потсетиме, според медиумите, на социјалните мрежи Хамза сака да се покажува со озлогласените познати личности како што е водачот на кланот Арафат, Абу-Чакер. Според германскиот весник Билд, тој е роден во 1990 година во Пеќ, а живеел во Бон.

Од јануари 2022 година, тој се сметал за таканаречена „релевантна личност“ во областа на исламизмот. Ширел наводи поврзани со исламот и затоа бил под надзор на германските власти. Во градот Бон, Абдул Алим Хамза бил имам во џамија која агенцијата за безбедност ја смета за „место за средба на салафите“. Тој имал контакти со познати салафисти, како Ибрахим Ел-Азази, Абу Дуња и Пјер Фогел.

притисни ентер