Почна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“

Македонскиот народен театар соопшти дека почна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“. Станува збор за колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска.

Во претставата играат Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.

Во креативниот дел се потпишуваат композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска. Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овојпат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Борел: Да се изврши притисок врз Израел и Хезболах да го прифатат американскиот предлог

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог за прекин на огнот.

За да се постигне примирје помеѓу Израел и Хезболах потребно е да се имплементира резолуцијата 1701 на Обединети нации, според која либанската армија треба да се распореди во јужен Либан и да се консолидира нејзиното присуство во пограничната област. Според Резолуцијата 1701 Хезболах треба да се повлече северно од реката Литани на околу 30 километри од границата со Израел. Израел и Либан во рок од 60 дена мора да разговараат и за целосно спроведување на резолуцијата 1701 на ОН.

Шефот на европската дипломатија вети и 200 милиони евра за поддршка на либанската армија.

Борел, исто така ги повика и либанските лидери да изберат претседател, со цел да го надминат двогодишниот вакуум.

Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.

Петрески за РСЕ: Нејасно е кои фирми и со која намена ќе земаат пари од унгарскиот кредит

Се уште е рано да се предвиди каков ефект ќе има унгарскиот кредит за економијата, оценува Благица Петрески од Фајнанс тинк во интерју за Радио Слободна Европа.

Според неа, во дискусија недостасува дообјаснување каква ќе биде намената на кредитите и кои компании ќе бидат таргет..

Мицкоски: Очекувам до следната летна или есенска сезона нови 100 до 120 електрични автобуси

Премиерот Христијан Мицкоски очекува до следната летна или есенска сезона во земјава да има нови 100 до 120 електрични автобуси кои ќе сообраќаат во јавниот градски превоз во градовите кои имаат организирано таков превоз.

-Во моментов го скенираме пазарот и анализираме за колкав најбрз период можат да дојдат помеѓу 100 и 120 автобуси, но истовремено и начинот на плаќање да биде со одреден грејс период и на неколку полугодишни рати за да не биде товар на ликвидноста на Буџетот. Потоа тоа, би било пренесено до сите општини кои имаат организиран јавен градски превоз заедно со придружната инфраструктура како што се полначите за електрични автобуси за кои пресметавме дека ќе ни бидат потребни околу 50-тина, рече Мицкоски во одговор на прашање по денешното пуштање во употреба на новата спортска сала во ООУ „Наум Охридски“ во скопското село Булачани.

Нагласи дека најголем дел од електричните автобуси би биле наменети за Градот Скопје.

За проблемот со недостигот на нафта поради кој ЈСП Скопје два дена имаше редуциран превоз рече дека Градот Скопје е тој што управува со Јавното сообраќајно претпријатие и додаде дека како Влада тоа што требаше веќе го направиле.

-На ЈСП Скопје му дадовме 250 тони нафта на заем. Преку Бирото за јавни набавки е договорено да се проследи барањето на Град Скопје за итна набавка на нафта по пат на преговарање. Сега очекувам да се консолидираат. За се останато доколку ценат дека треба советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи, очекувам да бидат повикани и да бидат објаснети политиките на Градот Скопје, порача Мицкоски.

притисни ентер