Почна истражувањето на јужниот пол на Месечината

 Лунарниот ровер утрово излезе од индиското вселенско летало Чандрајаан-3 за да почне со истражување на површината на Месечината, објави Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО).

Чандрајаан-3 вчера слета на неистражениот јужен пол на Месечината, неколку дена по падот на руското вселенско летало Луна-25, со што Индија стана првата земја што го стори тоа.

Чандрајаан на хинди и на санскрит јазикот значи „Возило на Месечината“.

Јужниот пол на Месечината е интересен поради водениот мраз, за кој се верува дека може да обезбеди гориво, кислород и вода за пиење за понатамошни мисии, но поради нерамниот терен тешко е слетувањето.

Чиндрајан-3 се очекува да биде во функција две недели, а ќе спроведе експерименти кои вклучуваат спектрометриски анализи на минералниот состав на површината на Месечината.

Ова е втор обид на Индија да слета на Месечината, а за тоа потроши околу 68 милиони евра. Леталото за спуштање во претходната мисија Чандрајаан-2 се урна во 2019 година. /МИА

Фото: Карлеуша во мини фустан на концерт

Контроверзната пејачка Јелена Карлеуша повторно ги запали социјалните мрежи.

Карлеуша синоќа настапи во Кикинда, на манифестацијата „Луди денови“.

Атрактивната пејачка на концертот ги воодушеви присутните со својот стајлинг.

Русокосата пејачка на бината се појави во блескав сребрен мини фустан кој имаше проблем да го сокрие нејзиниот буен задник.

Карлеуша на сцената блесна во сребрен фустан од Версаче и соодветни чизми од Ив Сен Лоран.

Во „Триаголникот на Алјаска“ исчезнале повеќе од 20.000 луѓе

Во светот скоро сите слушнале или знаат за „страшниот“Бермудскиот триаголник, но малкумина знаат за „опасниот триаголник на Алјаска.

Кој се нарекува и Бермудски триаголник на Алјаска, непристапна и ненаселена област што ги поврзува Енкориџ, Џуно на југ и Уткијагвик.
Таму има повеќе нерешени случаи на исчезнати лица отколку на кое било друго место во светот, помеѓу 500 и 2.250 луѓе годишно.

Всушност, од раните 1970-ти, повеќе од 20.000 луѓе исчезнале во овој огромниот триаголник, и во област која е ретко населена.

Статистиката покажува дека на Алјаска годишно исчезнуваат околу 2.250 луѓе, пренесува РТС.

Меѓу познатите личности кои исчезнале во овој чуден триаголник во минатото се и двајца политичари: лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом на САД, Томас Хејли Богс и конгресменот од Алјаска, Ник Бегич.

Алјаска е најголемата држава во САД, но само една дваесетина од територијата е населена, околу 730.000 луѓе живеат во област која зафаќа 1067.478 квадратни километри.

Електронските отчитувања на Алјаска открија значителни концентрации на магнетни аномалии, од кои некои го вознемириле компасот до тој степен што ја поместиле скалата за 30 степени. Покрај тоа, некои членови на спасувачките мисии доживеале аудитивни халуцинации, дезориентација и вртоглавица.

Не е сигурно дали овие магнетни вртлози постојат, во секој случај, и покрај предупредувањата на властите за временските услови, дивиот свет и суровите области, стотици туристи ја посетуваат Алјаска за да ја искусат оваа недопрена природа, од кои многумина се целосно неподготвени за такви области и временските услови.

Многу од овие луѓе веројатно се изгубени среде оваа катастрофа, поради што секоја година се започнуваат бројни операции за пребарување и спасување.

Руски град воведе „вонредна состојба“ по украински напад со дрон

 Руските власти денеска воведоа „локална вонредна ситуација“ во јужниот град Тихорецк, откако наредија евакуација по нападот на украинско беспилотно летало за кој Киев рече дека погодил складиште за оружје.

Гувернерот на регионот Краснодар, Вениамин Кондратиев, на социјалните мрежи објави дека „воведен е локален режим на вонредна ситуација за да се организира помош за луѓето и навремено да се решат сите прашања поврзани со инцидентот“.

притисни ентер