Почина татко му на Коби Брајант

Почина Џо Брајант, таткото на Коби Брајант и поранешен НБА кошаркар.

Тој почина на 70-годишна возраст. Џо Брајант бил познат по прекарот Jellybean или само Bean. Неодамна доживеа тежок мозочен удар и како последица на тоа почина. Џо Брајант почина четири и пол години по трагичната смрт на неговиот син Коби и внуката Џиџи.

Брајант Сениор беше солиден НБА играч. Тој беше драфтуван со четиринаесеттиот пик во 1975 година. Неговиот прв клуб беше Голден Стејт. Тој одиграл вкупно осум НБА сезони играјќи за Филаделфија, Сан Диего Клиперс и Хјустон Рокетс. Неговиот најголем успех беше НБА финалето со Филаделфија во 1977 година. Играше крило. Потоа се преселил во Европа и играл за неколку клубови во Италија.

Неговиот трансфер во Италија многу влијаеше на тогаш малиот Коби Брајант, кој го научи италијанскиот јазик, ја запозна локалната култура и фудбалот, за кој рече дека е негов втор спорт по кошарката. По завршувањето на својата играчка кариера, Џо Брајант стана тренер, а негово најголемо достигнување е водењето на ВНБА тимот Лос Анџелес Спаркс.

Должината на прстите открива дали сте психопат

Шок тврдење на еден научник, веднаш погледнете ги своите шаки!

Оваа студија ќе крене многу прашина.

Една контроверзна студија на канадски научници од Квебек се обиде да утврди дали постои биолошка претпоставка за одредени психички проблеми. Тие ја анализирале должината на прстите кај здрави луѓе и кај лица со ментални нарушувања и откриле дека луѓето со подолг домал прст во однос на показалецот имаат поголема веројатност да развијат психички проблем.

Истражувањата покажале дека луѓето со пократок показалец и подолг домал прст имаат поголема веројатност да бидат поврзани со особини од „темната тријада“ и поагресивно однесување. Како што е наведено, карактеристиките на „темната тријада“ се макијавелизам, нарцизам и психопатија.

Исто така, било утврдено дека луѓето кои имаат високи оценки на скалата на „темната тријада“ исто така имаат високи оценки на скалата за ментална цврстина и спортски перформанси, но и во различни видови негативни психосоцијални и психолошки исходи, вклучувајќи манипулација, нечувствителност и бескрупулозност.

Во истражувањето учествувале 80 волонтери - 44 со психички проблеми и 36 здрави лица без дијагностицирани психички состојби.

Анализата на нивните раце потврдила дека во споредба со здравите испитаници, оние со клинички дијагностициран психички проблем имале поголема веројатност да имаат пократок показалец и подолг домал прст.

Од друга страна, еден од авторите на студијата, Серж Бренд, вели дека луѓето со пократок показалец не треба да се вознемируваат бидејќи ова е честа појава.

-Колку повозрасната личност повеќе покажувала знаци на психопатологија, толку било појасно дека била изложена на повисоки концентрации на тестостерон и пониски концентрации на естроген во текот на пренаталниот период од животот - објасни Бренд и додал:

- Важно е да се разбере дека соодносот помеѓу должината на прстите е само показател за специфичната изложеност на пренаталните сексуални стероиди, и не треба да се сфаќа како неотповиклива судбина на една личност, пренесува nypost.com.

Отишла во Турција да ги оперира очните капаци, но раните не зараснувале

Поради она што ѝ се случило не можела да излезе на улица...

Иркинката Анита Бордерс решила да се почести за својот 50-ти роденден со интервенција која на крајот ја чинела 10-пати повеќе и речиси ѝ го загрозила животот.

Таканаречениот „медицински туризам“ во Турција бележи голем раст, но не е секогаш без ризици. На ова предупредува и Анита Бродерс (51) од Ирска, која поминала низ трауматично искуство откако отпатувала во Истанбул на операција за подигнување на очните капаци. За да ги избегне високите цени за оваа услуга во Британија, оваа жена се одлучила за значително поевтина естетска процедура во Турција. Тоа требало да биде мал роденденски подарок за нејзиниот 50-ти роденден.

-Почнав да истражувам шест месеци однапред и наидов на една клиника во Турција. Сè чинеше дека клиниката е во ред. За операцијата потрошив 1.000 евра, надевајќи се на брза и успешна процедура. Меѓутоа, набргу по операцијата на очните капаци, сфатив дека нешто не е во ред. Раните не зараснуваа. Ги извадив завоите и ништо не изгледаше како што треба. Иако контактирав со клиниката, ми беше кажано дека тоа е „дел од процесот на закрепнување“, изјавила таа за „Кенеди Њуз ен Медиа“, а „People“ пишуваше за тоа.

Нејзиниот проблем се влошувал, и долните очни капаци почнале да паѓаат, откривајќи ја внатрешната слузокожа од окото и правејќи ја да изгледа морничаво. Анита се вратила во Турција каде ѝ била направена уште една операција, но проблемите се повториле.

- Ова ми го уништи 50-тиот роденден. Ја немав планираната прослава како што требаше. Тоа беше поразително. Живеев со тоа цела година. Пропуштив многу работи поради тоа. Моето семејство беше шокирано. Се чувствував нагрдено и изгледав деформирано. Не одев никаде освен на работа во мојот бар. Се чувствував како да не можам да излезам – додала таа.

Откако нејзините проблеми со очите продолжиле и по втората операција, Алиса изгубила надеж дека ќе добие помош од клиниката во Истанбул.

- Хирургот никогаш не презеде одговорност за своите постапки. Ми рекоа дека секоја постапка е ризик и дека јас сум ги потпишала документите. На крајот ми понудија отштета од 2.000 фунти (2.390 евра), што јас го нарекувам навреда. Оттогаш се немам слушнато со нив. Се чувствувам толку изневерено. Се каам што отидов во Турција на операција. Во Турција потпишувате документи, а немате поим што потпишувате. Тоа е опасно. Не сакам ова да му се случи на некој друг – истакнала таа.

По ваквото разочарување, после една година, Алиса отпатува во Канада на трета операција за да ги поправи нејзините очни капаци. Она што првично требало да биде евтина процедура, на крајот ја чинело речиси 11.000 долари.

Бизарен тренд меѓу тинејџерите: Се маскираат во животни и касаат луѓе на улица (ВИДЕО)

Невообичаениот тренд меѓу тинејџерите, наречен „квадробајк“, ги вознемири властите во Украина, Русија и некои нејзини поранешни републики.

Се претпоставува дека тинејџерите имитираат животни - носат маски, одат на сите четири, ржат или мјаукаат. Сепак, се тврди дека имало и случаи да напаѓаат случајни минувачи.

Наводно, полицијата во Узбекистан трага по најмалку еден тинејџер кој каснал лице на улица со кучешка маска, пренесува британски Телеграф.

На мрежите кружат видеа и фотографии од љубители на овој тренд, додека локалното МВР предупредува дека во случај на недолично однесување, нивните родители ќе бидат казнети.

„Експертите веруваат дека „квадробајк“ може да доведе до тоа децата да преземат агресивно однесување на животните, да се повредуваат себеси и другите. Тоа може да доведе и до промена на свеста на децата и нивна изолација од општеството“, се наведува.

Се верува дека „ квадробајк “ е инспириран од јапонски спринтер, односно неговиот рекорд во трчање на сите четири.

Се чини дека трендот се пресели од Јапонија и Северна Америка во Русија, Казахстан, Узбекистан и Украина.

Руската сенаторка Наталија Косихина предложи забрана за квадробајк.

„Мораме да се погрижиме децата да бидат повеќе заинтересирани за спортски и едукативни активности, кои нема да им наштетат на психата и здравјето на другите“, рече таа.

Од друга страна, некои психолози сметаат дека тоа е безопасна забава и детска игра.

притисни ентер