По сериозна повреда и замена на коленото, најубавата спортистка се враќа на патеките?

Една од најголемите скијачки на сите времиња, Линдзи Вон, можеби размислува за враќање на патеката во Светскиот куп.

Гласините почнаа да кружат, особено по пишувањето на швајцарскиот „Блик“, а последните случувања навестуваат дека таа може да побара специјална покана за настап.

Првите знаци се појавија кога атрактивната дама беше забележана како тренира во Нов Зеланд, а сега тренира во глечерот Ретенбах, поддржана од персоналот од тимот за трки HEAD. Покрај тоа, таа во април имаше делумна замена на коленото и добро се опоравува, па не е чудно да видиме голем кам-бек.

Нејзиниот тренинг во Ретенбах навестува сериозни подготовки, иако нема официјална потврда за нејзиното враќање. Вон ја заврши кариерата во 2019 година поради повреди, признавајќи дека има постојани болки. По операцијата на коленото, ситуацијата значително се подобрила, што ѝ дава шанса да се врати.

Нејзиното потенцијално учество би било огромен поттик за американското скијање. Доколку добие вајлд-карта, Вон би му се придружила на Марсел Хиршер, уште еден великан во скијањето, кој веќе има обезбедено специјална покана за Бивер Крик.

Линдзи Вон за време на нејзината кариера има 82 победи на Светскиот куп и три олимписки медали, вклучувајќи го и златото во Ванкувер во 2010 година.

Таа важи за една од најубавите спортистки на сите времиња.

Средба на министерот Муцунски со постојаниот претставник на УНДП, Армен Григоријан

 Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го прими постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григоријан, соопштија од Министерството.

На средбата министерот Муцунски ја потврдил посветеноста на Владата на Република Македонија како партнер на Обединетите нации, истакнувајќи дека напорите се насочени кон целосно исполнување на Целите за одржлив развој и реализација на Агендата 2030.

Притоа, тој изразил благодарност за досегашната и идната соработка на УНДП со националните институции, со акцент на почетокот на подготовката на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030).

Соговорниците се осврнале на клучните иницијативи и активности на УНДП, вклучително и идните проекти што ќе произлезат од новата Рамка. Во фокусот на дискусијата биле теми како што се зајакнувањето на институциите, децентрализацијата, локалниот развој, поддршката за младите, социјалната инклузија, родовата еднаквост и животната средина, кои остануваат високо на агендата на соработката.

НБРМ: Следната недела ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост

Следната недела, од 26 до 28 ноември, ќе се одржи осмото издание на Деновите на финансиската писменост, коишто ги организираат финансиските регулаторни институции во соработка со приватниот финансиски сектор и граѓанските здруженија.

Конкретно, организаторите се Народната банка, Министерството за финансии, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на капитално пензиско осигурување ‒ МАПАС и Агенцијата за супервизија на осигурување.

Деновите на финансиската писменост ќе бидат организирани главно како едукативни предавања. Сите институции коишто учествуваат во годинешното издание, преку своите веб-страници и преку страниците на социјалните мрежи, ќе ги информираат граѓаните за активностите и за настаните што се планираат, известувајќи и за начинот на пријавување на секој заинтересиран граѓанин.

Финансиските регулаторни институции ги повикуваат граѓаните да ги следат информациите за планираните активности и активно да се вклучат во годинешното издание на Деновите на финансиската писменост. Целта на оваа акција е да се зајакне финансиската едукација, да се поттикне финансиската инклузија и да се зголемат свесноста и заштитата на потрошувачите на финансиски услуги.

Конкретно, Народната банка организира Јавен повик до јавноста за земање учество на повеќе едукативни активности. На првиот ден, Народната банка ќе ги отвори вратите за сите заинтересирани лица коишто ќе можат да се информираат за правата на потрошувачите на финансиските услуги. Вториот ден ќе бидат организирани три он-лајн предавања на три теми: „Во светот на финансиите - Финансиска едукација за средношколци“, „Заштитни елементи на македонските пари“ и „Платежна сметка со основни функции“. Во текот на третиот ден ќе биде организиран студентски час во просториите на Народната банка наменет за студентите од факултетите во земјата на следните три теми: „Монетарната политика на Народната банка“, „Улогата и значењето на статистичките податоци на Народната банка“ од страна на претставници на Народната банка и „Младите и финансиската едукација“ во соработка со Здружението Алпбах.

Во текот на годинава, финансиските регулаторни институции спроведоа голем дел од планираните активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија. За следниот период се очекува дополнително засилување на ваквите активности, имајќи го предвид спроведувањето на Националната стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија.

Народна банка

„Гответе со Дракче“ - Шпагети со сланина

Во среда (20.11.2024) во емисијата гостин ни беше Бојан Велевски

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакетче шпагети

300 гр. сланина

3 јајца

1 пакетче пармезан

малку бибер

маслиново масло по желба

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер