ЦУК: Девет пожари на отворено, сите се изгаснати

 Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало девет пожари на отворено и сите се изгаснати. Интервенирале пожарникарите од Скопје, Велес, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка

Во изминатото деноноќие на територија на цела држава имало девет пожари на отворено и сите се изгаснати. Интервенирале пожарникарите од Скопје, Велес, Кочани, Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Тројца скопски пожарникари вчера со едно возило гаснеле запалена депонија на површина од 1 000 метри квадратни кај обиколницата кај Смилковското езеро, Општина Гази Баба.

ТППЕ Велес вчера попладне интервенирала на запалено ѓубриште во село Башино Село, во близина на игралиштето, а ТППЕ Кочани вчера гаснеле на две места во село Горни и Долни Подлог и кај село Кучичино во Општина Кочани. ТППЕ Виница во изминатото деноноќие имала една помала интервенција.

Кумановските пожарникари вчера попладне два пати интервенирале на запалена ниска вегетација во село Долно Коњаре, а ТППЕ Старо Нагоричане гаснеле запалено стрниште во село Младо Нагоричане, во маало Барабци, каде било опожарено стрниште со површина од 0,4 хектари.

ТППЕ Крива Паланка вчера гаснеле запалена ниска вегетација и грмушки во село Ранковце, кај месноста „Десетак“. Била опожарена површина од околу 0,4 хектари во Општина Ранковце.

Изминатото деноноќие имало вкупно 1 621 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ повици биле 59,35 отсто, а 40,65 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 72,55 отсто, кон итната медицинска помош 21,57 отсто, а кон пожарникарите 2,08 отсто од реалните повици кон 112.

Поради магла намалена видливост од 20 до 30 метри на патниот правец Маврово - Бунец

Од Јавното претпријатие „Македонијапат“ вечерва информираат за намалена видливост поради појава на магла од 20 до 30 метри на патниот правец - крак Маврово - Бунец.

- Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Сите патни правци во државата се проодни без забрани и ограничувања. ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучено во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели, потенцираат од претпријатието.

Исто така, додаваат, на располагање се и фирмите со кои соработуваат, како навремено би се справиле со снежните наноси. На одредени патни правци што поминуват низ клисури и усеци, можна била појава на поситни одрони.

Од ова претпријатие апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Осум дена притвор за млад скопјанец кој се обидел да го запали албанското знаме

Осумдневен притвор му е одреден на млад скопјанец, кој се обидел да запали знаме, информираа вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што информира МВР, 20-годишниот скопјанец бил фатен вчера околу 23 часот на подрачјето на општина Центар.

- Единицата за насилен криминал при СВР - Скопје поднесе кривична пријава против К.К., на возраст од 20 години, поради сторено кривично дело по член 319 од КЗ. Синоќа во 23:10 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода К.К., кој бил затекнат при обид со запалка да запали знаме, појаснуваат од МВР.

Знамето и запалката биле одземени, а тој бил задржан во полициска станица. Против него е поднесена кривична пријава по брза постапка. Од судија на претходна постапка одредена му била мерка притвор од осум дена.

Ужас во Хрватска: Во двор се најдени закопани телата на две бебиња, родителите во притвор

Родителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата.

Родителите на две бебиња, чии тела биле пронајдени закопани во дворот на семејна куќа во Љубље Калнички во близина на Вараждин, времето во притвор го минувале читајќи ја Библијата, не зборувајќи и молејќи се, дознаваат од извори блиски до истрагата.

Таткото е од Сплит, роден 1982 година, мајката е од Загреб, а немаат исто презиме, дознава Јутарњи. Брачниот пар во четириесеттите години не е регистриран на подрачјето на општината каде што живее, а градоначалникот на Љубешчица, Ненад Хорватиќ, за Јутарњи вели дека „никогаш не ги видел ниту слушнал за нив во животот“.

Бидејќи тоа е област каде што сите луѓе се познаваат, барем од видување, очигледно е дека се работи за многу таинствени луѓе. Тие не го пријавиле раѓањето на двете деца, што укажува дека тие не се родени во болница.

„Сакам да им порачам на моите сограѓани дека нема место за паника, дека не се работи за сериски убиец, како што веќе беше кажано, туку се работи за индивидуален случај во кој се познати сторителите“, заклучува градоначалникот Хорватиќ.

притисни ентер