По 5 години од страшниот пожар, одекна камбаната на Богородичната црква во Париз (ВИДЕО)

Ѕвоната на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која беше опустошена од пожар пред пет години, денеска за првпат од тогаш заѕвонија.

Оваа нова етапа во реставрацијата на една од најголемите катедрали, ставена на листата на светско наследство на УНЕСКО, се одржа речиси еден месец пред нејзиното повторно отворање за јавноста, објави Франс 24.

Денеска, осумте ѕвона на северната камбанарија на катедралата Нотр Дам во Париз, која се подготвува повторно да се отвори на 7 декември, пренесе Вашингтон Пост.

„Тоа е убав, важен, симболичен чекор“, рече Филип Јост, раководител на институцијата одговорна за реставрација на катедралата, кој исто така присуствуваше на „премиерата“.

Тој нагласи дека за прв пат по пожарот во април 2019 година, сите ѕвона заѕвониле заедно. За време на пожарот на 15 април 2019 година, се запали дел од северната камбанарија на катедралата, која мораше да се санира.

За да го направат тоа, осумте ѕвона сместени во оваа кула беа внимателно отстранети, исчистени од оловната прашина и обновени пред да се вратат во првобитната состојба.

Обновените ѕвона биле вратени во катедралата во средината на септември.

Морбидно: Доктор барал на гробот да му стават прозорец и да го погребаат со ѕвонче (ВИДЕО)

Гробот на докторот Тимоти Кларк Смит, кој се наоѓа во Њу Хевен, во американската сојузна држава Вермонт, го привлекува вниманието на љубопитните веќе 130 години.

Местото каде што почива е уникатно поради еден необичен детал - прозорец на надгробната плоча.

Зошто Смит (1821-1893) побарал да биде погребан во гроб со прозорец?

Се верува дека причината се крие во тафофобијата, односно психопатолошкиот страв да не биде жив закопан, пренесува LadBible.

Докторот живеел во САД во 19 век и очигледно не сакал да ризикува.

Не само што дизајнирал специјален ковчег и надгробен споменик, туку е поставено и ѕвоно кое можело да се активира однатре.

Поставена е и цевка за дишење, која ќе му овозможи на Смит мирно да ги чека спасувачите.

Љубопитните луѓе и денес го посетуваат необичниот гроб, но ништо не можат да видат. Причината? Кондензација (најверојатно предизвикана од распаѓање на телото на починатиот) целосно го замаглила стаклото.

Јужнокорејскиот претседател во обраќање се извини поради скандалите на сопругата

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол се извини за низата скандали поврзани со неговата сопруга, вклучително и наводното прифаќање на луксузна чанта на Диор и манипулација со акции.

Во телевизиско обраќање до нацијата, претседателот призна дека неговата сопруга Ким Кеон-хи требало подобро да се однесува, но нагласи дека некои од обвинувањата против неа се „претерани“. Јун Сук Јеол најави дека ќе формира канцеларија која ќе ги надгледува службените должности на првата дама, но ги одби повиците да ги истражи нејзините активности.

Извинувањето на јужнокорејскиот претседател доаѓа додека тој се обидува да го смени трендот на намалување на неговата популарност кај јавноста, пишува Би-Би-Си.

Кон крајот на 2023 година, левичарскиот канал на Јутјуб „Гласот на Сеул“ објави видео од септември 2022 година на кое наводно се гледа како првата дама Ким прифаќа чанта Диор вредна 2.000 евра од свештеник кој ја снимил целата работа користејќи камера скриена во неговиот часовник.

Јун Сук Јеол во февруари изјави дека видеото е објавено како „политички маневар“ и не се извини. Демократската партија на Јужна Кореја, опозиција на конзервативната Партија на народна моќ на Јун, тогаш изјави дека таквиот став е „бесрамен и безнадежен“. Исто така, опозицијата долго време ја обвинуваше првата дама дека е вмешана во манипулации со цените на акциите.

Претходно оваа година, Јун стави вето на нацрт-законот со кој се бара неговата сопруга да биде под истрага поради обвинувањата. Скандалот предизвика и поделби во партијата на Јун, при што еден функционер ја спореди првата дама со Марија Антоанета, француската кралица озлогласена по нејзиниот екстравагантен начин на живот.

Алармнантни податоци во Италија: Секој ден се регистрираат над 1.000 болни од рак

Секој ден во Италија на над 1.000 нови пациенти им се дијагностицира рак, а тој број се очекува да расте за еден процент годишно, изјави денеска претседателот на италијанското здружение за медицинска онкологија (АИОМ), Франческо Пероне.

Тој посочи дека одделенијата за онкологија се во состојба на криза, бидејќи бројот на кревети за болните од рак во италијанските болници за 10 години е намален за 1.103, пренесува Анса.

Пероне предупреди дека е особено загрижувачко што на национално ниво се намалува бројот на онколози и онколошки медицински сестри.

притисни ентер