Пентагон: САД беа информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета

Во Пентагон синоќа потврдија дека Русија лансирала експериментална балистичка ракета со среден дострел кон територијата на Украина и дека САД биле известени кратко време пред стартот на оружјето.

Според портпаролката Сабрина Синг, оружјето е модификација на руската интерконтинентална балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ способна да носи нуклеарни боеви глави.

- Соединетите Американски Држави беа известени кратко време пред лансирањето преку каналите за намалување на нуклеарниот ризик, изјави Синг.

- Ова е нов тип на смртоносен капацитет ставен во употреба на бојното поле. Дефинитивно тое предизвикува загриженост, изјави таа, посочувајќи дека оваа ракета со среден дострел е способна да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави.

Според достапните информации, ракетата „Орешник“, како што ја опиша вчера во своето обраќања до јавноста рускиот претседател Владимир Путин, удрила на одбранбено-индустрискиот комплекс во градот Днипро.

Ракетата достигнала брзина до 10 маха, или 2,5–3 километри во секунда, наведува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјавата на рускиот лидер. Според Путин, оваа ракета не може да биде пресретната од современите средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги и системите создадени од САД и поставени во Европа.

Кремљ соопшти дека ова лансирање било одговор на нападите на украинските вооружени сили на 19 и 21 ноември врз цели во Брјанската и Курската област, при што, како што се тврди, биле користени ракети од американско и европско производство, како што се ATACMS и Storm Shadow (SCALP).

Претходно, неделава претседателот на САД Џо Бајден даде дозвола на Украина да користи ATACMS, најдолгоопсежните ракети што Вашингтон ги испорача на Киев. Според експертите, користењето на овие американски ракети може да ѝ помогне на Украина да го заштити контролираниот дел од пограничната руска територија во Курската област. /МИА

Привршува уредувањето на просторот околу Спомен-костурницата од НОВ кај Велес

Градежните активности за партерно уредување на Спомен-костурницата од Народноослободителната војна кај Велес се во финална фаза, информирмира градоначалникот на Велес Марко Колев.

Средствата се обезбедени од општинскиот буџет.

-Со завршувањето на овој проект велешани и сите посетители ќе имаат уште едно модерно уредено катче за одмор и релаксација. Просторот околу Спомен-костурницата го добива својот нов лик, потенцира градоначалникот Колев.

Спомен-костурницата од НОВ е место каде почиваат стотина загинати борци во текот на НОВ од Велес и Велешко, меѓу нив и поетот и револуционер Коста Солев Рацин. Таа е репрезент на градот и култно место за граѓаните на Велес, најпосетувано место од домашни и странски туристи. Место каде се прават многу културни манифестации, меѓу кои и Рациновите средби и се снимаат музички спотови и се прават перформанси.

Неговата околина е и омилено место за одмор и рекреација на жителите од овој дел на Велес и сите велешани, посебно во долгите топли денови.

Србија: Горан Весиќ во притвор започна штрајк со глад

Српскиот министер во заминување Горан Весиќ, кој од вчера е во притвор, почна штрајк со глад, пренесува српскиот весник „Политика“.

Вишото обвинителство во Нови Сад вчера нареди апсење на 13 лица поради трагедијата на Главната железничка станица на 1 ноември во тој град, а меѓу уапсените се и досегашниот министер за градежништво и инфраструктура Горан Весиќ, в.д директор на „Српска Железничка инфраструктура“ Јелена Танасковиќ и Анита Димоски, в. д. помошник министер за железница и интермодален транспорт.

По веста дека е уапсен, се огласи и самиот Весиќ кој рече дека доброволно одговорил на повикот на полицијата.

„Не сум уапсен, доброволно се одзвав на повикот на полицајците со кои дојдов во Нови Сад и се ставив на располагање на истражните органи за целосно да се истражат сите околности кои довеле до несреќата во Нови Сад. Секогаш, како и досега, ќе бидам на располагање на надлежните органи и ќе докажам дека не сносам никаква кривична одговорност за овие трагични настани. Адвокатската канцеларија што ме застапува во овој случај ќе комуницира со јавноста и медиумите за понатамошниот развој на настанот“, рече Весиќ.

Таравари: Проблемот со недостигот на специјалисти во одредени болници е наследен

Откако ДСЗИ ја казни детската клиника и директорот реџеп мемеди со 5.200 евра.

Поради недоследности во делот на дежурање на специјализанти без специјалист и несоодветно пополнет лекарски извештај. Министерот за здравство Таравари објасни дека проблемот со недостиг на специјалисти во одредени области е стар, а за неправилно водење на медицинска документација треба да има казна за докторот кој не постапил правилно.

притисни ентер