Ози Озборн влезе во Куќата на славните на рокенролот

Рок-легендата Џон Мајкл - „Ози“ Озборн е примен како солоизведувач во Куќата на славните на рокенролот во САД.

Веќе легендарниот „Принц на темнината“, како што гласи неговиот сценски прекар, доби овации од сите 20.000 присутни во салата во Кливленд. Глумецот Џек Блек му го врачи признанието.

- Би сакал да им се заблагодарам на сите оние кои гласаа за мојот избор за Куќата на славните на рокенролот како солоизведувач. Ви благодарам од сѐ срце! Моите обожаватели ми беа така лојални низ годините и не можам доволно да им се заблагодарам. Исто така, морам да кажам дека имав среќа да свирам со некои од најголемите светски гитаристи, тапанари и басисти, од кои неколку се и тука вечерва. Но, морам да истакнам уште една работа за еден човек по име Ренди Роудс - да не го запознаев Ренди, мислам, немаше да бидам овде во овој миг, рече речиси 76-годишниот Ози.

Тој притоа му се заблагодари и на семејството - сопругата Шерон, ќерка му Кели и нејзиниот син Сидни, кои седеа во публиката.

Патем, гитаристот Роудс му помогна на Ози да ја продолжи својата рок-кариера откако беше исфрлен од британскиот хеви-метал бенд „Блек сабат“ во 1979 година. Свирачот почина во 1982. - на само 25 години.

Рокенрол Куќата на славните - музејот во Кливленд што ја документира историјата на рок-музиката, укажува на нејзиното културно значење и им укажува чест на клучните рок-протагонисти во историјата. Но првиот услов за влез во оваа елита, е музичарот да го имал своето прво официјално издание најмалку 25 години претходно. Годишно се избираат меѓу пет и седум изведувачи. Номинирани се и уметници од други музички жанрови, како што се кантри, блуз, џез, госпел и фолк, кои влијаеле на рокот во раната фаза на развој.

Уметниците се номинирани секоја година од комисија составена од рокенрол историчари и избрани од меѓународно гласачко тело од 500 експерти. Така, првата генерација музичари беше примена во Куќата на славните во 1986 година, почнувајќи од Чак Бери.

Синдикат на УПОЗ: Вработените од Јавното обвинителство немаат добиено плата за септември

Од Синдикалната организација на јавните обвинителства при Синдикатот на УПОЗ информираат дека вработените од Јавното обвинителство немаат добиено плата за септември. 

Посочуваат дека неколку месеци платите во ЈО се исплаќаат со задоцнување и пробивање на законски утврдениот рок до 15-ти во месецот.

- По доаѓањето на новата власт за јавнообвинителските службеници се исплаќаат додатоците на плата во износ од 20 отсто. Исплатата на платите за сите вработени, јавните обвинители и службата не оди без проблеми, односно според информациите со кои ние располагаме тешко се добива одобрувањето од Министерство за финансии за пренамена на средствата за да може да се земат додатоците на плата, што прави да се одолговлекува исплатата на платата. Ние сме свесни за целосно руинираниот буџетот на државата, но ние не бараме повеќе од она што ни следува по закон. Сакаме да ја запознаеме јавноста дека функционерите (обвинителите) и службениците воопшто не се исти. Службениците во обвинителствата ги извршуваат своите работни задачи, чесно, ефективно и ефикасно иако еден службеник извршува работни задачи за тројца или четворица, поради недостатокот на вработени. Ние како јавнообвинителски службеници не се мешаме во политиките на Владата, само бараме да се цени трудот на оние кои што си ја вршат работата ревносно и професионално и да не се дозволи да трпат сите оние кои што за ништо не се виновни ниту за довербата, ниту пак за функционирањето на обвинителството,велат од Синдикатот во објава на Фејсбук.

Просечната плата на вработените во јавнообвинителските службеници, како што се посочува во објавата, е 28.000 денари. Во јуни исплатени се 20 проценти додатоци на плата на 16 јули, во јули исплатата е направена на 8 август, а во август на 18 септември по донесувањето на ребалансот на буџетот.

Од Синдикатот на УПОЗ појаснуваат дека работодавач во Јавното обвинителство е републичкиот јавен обвинител, но одобрението за добивање на плата го дава Министерството за финансии. - Иако Јавното обвинителство има сопствен Буџет, кој треба да изнесува најмалку 0,4 проценти од БДП, Министерството за финансии одобрува и префрла едвај 0,2 проценти од БДП, се наведува во објавата.

Протести во Хавана поради неколкудневниот недостиг на струја

Во некои градови во Куба граѓаните се собраа на улиците во знак на протест поради прекините на електричната енергија кои траат од минатиот петок.

Во Санто Суарез, густо населено југозападно предградие на Хавана, луѓето излегоа на улиците вчеравечер удирајќи во тенџериња и тави во знак на протест.

Демонстрантите, кои велат дека немаат ни вода, ја блокираа улицата со ѓубре. Кубанскиот министер за енергија, Висенте де ла О Леви, на прес-конференција рече дека се надева дека електричната мрежа ќе биде обновена во понеделник или вторник наутро.

Тој предупреди дека ураганот Оскар, кој го погоди источниот брег на островот ввчера и ослабна до тропска бура, ќе донесе „дополнителни непријатности“ за закрепнувањето на Куба, бидејќи ќе го погоди регион каде клучните електрани, како што е Фелтон во градот, се наоѓаат Холгуин, а Ренте во Сантијаго де Куба.

Кубанската влада во саботата соопшти дека електричната енергија е вратена на дел од островот, но моќта од 500 мегавати во електричната мрежа на островот, која набрзо се намали на 370 мегавати, е далеку под вообичаените три гигавати што и се потребни.

Надлежните соопштија дека прекинот во снабдувањето со струја е резултат на зголемената побарувачка на малите и средни претпријатија и клима уредите во становите, а подоцна состојбата се влошила поради дефекти во старите термоелектрани кои не биле соодветно одржувани и недостаток на гориво за работа на некои објекти.

Царинските службеници запленија техничка стока, цигари, електронски цигари, лековити билки

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување.....

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани трансформатори за светилки, цигари, електронски цигари, лековити билки, опрема за потстрижување, производи за нега на коса, лепенки и патенти за облека и фалсификати, соопшти денеска Царинската управа.

Во соопштението се посочува дека се запленети 144 трансформатори за светилки од 220 волти, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените трансформатори, пронајдени во 4 картонски кутии сместени помеѓу патни торби во кровниот куфер и во багажникот на возилото, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на производитем како што велат од Царината, изнесува околу 50 илјади денари, додека избегнатите давачки се во износ од 18.803 денари.

- Вкупно 355 електронски цигари откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на два автобуси со македонски регистарски таблички, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, се наведува во соопштението.

Од Царината информираат дека во првиот случај, во куфер, кој според изјавата на возачот бил испратен како пратка од Швајцарија, биле пронајдени 39 кутии со вкупно 260 електронски цигари од марките IREX, VOZOL и ELFBAR. Цигарите се привремено задржани а притв возачот, македонски државјанин, ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 90.312 денари, а избегнатите давачки се во износ од 32.7527 денари.

Во вториот случај, како што се додава во соопштението, во два куфери сопственост на македонски државјанин кој патувал со автобусот, биле пронајдени 95 електронски цигари марка Bang-Box dual mesh. Цигарите се привремено задржани а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на електронските цигари изнесува 50.692 денари а избегнатите давачки се во износ од 15.637 денари.

- Вкупно 18 штеки цигари MARLBORO без акцизни маркички, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавените цигари, пронајдени во фабричка празнина под приколката, се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените цигари изнесува стока изнесува 25.200 денари а избегнатите царински давачки се во износ од 37.189 денари, соопштуваат од Царинската управа.

Во соопштението се посочува дека биле заплченети и 10.645 килограми лековити билки RESTTHARROW ROOT RADIX ONONIDIS, откриени при контрола на камион со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

-При контрола на камионот, кој бил пријавен за транзитна постапка, било забележано дека на приколката недостасува царинската пломба наведена во транзитниот царински документ, а која е пронајдена во кабината на возилото. Согласно законските прписи, привремено се задржани влекачот, приколката и стоката, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка, се наведува во соопштението.

Царинските службеници откриле и опрема за потстрижување и производи за нега на коса, откриени при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат.

- На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола, возачот одговорил негативно. Сепак била извршена детална контрола, при што на горниот кревет во кабината на возилото биле пронајдени 8 машинки за потстрижување, 6 машинки за бричење, 5 фенови, 3 електрични апарати за средување на коса, 20 престилки, 12 четки, 2 пиштило за прскање, 60 пакувања со серум за коса и 24 лосиони за после бричење. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка. Вредноста на непријавените производи е проценета на 232.615 денари а избегнатите давачки инесуваат 57.415 денари, се посочува во соопштението.

Од Царината информираат дека се запленети и 198 парчиња термална фолија за печатење со лого на заштитени трговски марки Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Puma, Reebok и Gucci, и 1.000 парчиња патенти и ленти за шиење, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавените производи се привремено задржани а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка, се наведува во соопштението.

-Запленети се и 11.842 детски боксерки со лого на заштитени трговски марки, откриени при контрола на камион со турски регистарски таблички, натоварен со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Поради основано сомневање дека производите повредуват право од интелектуална сопственост, истите се привремено задржани и согласно законските проиписи започпната е постапка за утврдување на нивната оригиналност. Вредноста на производите, доколку би се продавале како оригинали, е проценета наоколу 9,5 милиони денари, се наведува во соопштението од Царинската управа.

притисни ентер