Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“

 Бесплатната вакцинација против сезонски грип за ризичните групи граѓани започна од денеска во државава. 

Во поликлиниката „Бит Пазар“ има 600 термини на ден, а од утрово околу двесте лица се вакцинирани, информираше попладнево доктор Сања Цилевска Младеновска.

Таа во изјава за медиумите појасни дека ретко кој ги пропушта термините. Граѓаните си доаѓале навреме, немало поголеми застои.

- Пациентите си се закажани на термин. Претходно имаше можност да аплицираат на вакцинација.мк. Си добиваат СМС порака, каде што им стои местото и времето кога треба да дојдат, потсети Цилевска Младеновска.

Таа истакна дека грипот кај одредена популација може да направи сериозни проблеми и сериозни компликации и неповолен исход на самата болест.

- Граѓани повозрасни од 65 години, граѓани кои имаат сериозни хронични заболувања, малите дечиња од шест месеци до пет години, бремените жени и здравствените работници кои секојдневно се изложени на грипот преку своите пациенти, секако треба да си ја примат вакцината. Затоа што вакцината е добра, сигурно штити од комликации. Може нема да ги заштити да не се разболат од грип, меѓутоа ќе заштити од сериозни компликации, хоспитализации и несакан исход, подвлече Цилевска Младеновска.

Се судриле два камиона на Стража, сообраќајот по еден час е нормализиран

Два камиони се судриле денеска на превојот Стража, по што патниот правец Гостивар – Кичево од 15.30 часот беше затворен во двата правци.

Од 16.25 патниот правец Кичево-Гостивар, сообраќајот е нормализиран, соопштија од АМСМ. Во тек е увид на местото на несреќата, а нема информации за жртви или повредени.

Двајцата тестирани вработени во Зоолошката градина негативни за птичји грип

Четворица под здравствен надзор, двајца од  вработените во скопската Зоолошка градина утринава тестирани за птичји грип.. 

Лабораториските тестови покажале дека двајцата тестирани поради соменавење од птичји грип се негативни и немаат птичји грип. И двајцата работат во Зоолошката градина. Едниот од тестираните имале зголемена температура, а вториот сам се пријавил за тестирање иако не бил на списокот бидејчи имал симптоми со зголемена телесна температура.

„На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип.“

Од Институот за јавно здравје соопштија дека за ваква состојба не е предвидена изолација за ниту еден од вработените во Зоолошката градина.

Во саботата Зоолошката градина беше затворена дел од птиците беа усмртени 35 птици откако било потврдено кај една птица дека починала од птичји грип. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека биле почитувани сите протоколи со цел да не се прошири болеста. Зоолошката останува затворена во наредните три недели.

Лојд Остин во Киев најави нов пакет на американска помош за Украина од 400 милиони долари

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари (368 милиони евра).

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

притисни ентер