ЈП Лајка го одбележа четвртиот роденден

Јавното претпријатие Лајка на 20 октомври 2024 година заедно со граѓаните, вдомувачите и сите негови подржувачи го одбележа својот 4 роденден.

Задоволство ни е да информираме дека во овие 4 години јавното претпријатие Лајка работи по единствената докажана и хумана програма за намалување на бездомни кучиња по улиците, има заловено и истретирано вкупно 3700 кучиња од кои 850 кучиња си го нашле својот дом. Сиве овие години ЈП Лајка активно работи и на едукација и на промовирање и подигање на јавната свест за одговорно сопствеништво на домашни миленици.

Сакаме да ја искористиме оваа прилика да се заблагодариме на сите кои дојдоа на нашата скромна прослава, а особено ни е драго што секоја година бројот на нашите поддржувачи се зголемува што укажува дека граѓаните ја препознаваат важноста на работата и активностите на претпријатието како посебен јавен интерес.

Особено сакаме да се заблагодариме на хуманите граѓани кои ги отворија своите домови за кучињата - миленици од ЈП Лајка и одлучија да вдомат бездомно наместо да купат куче, и со тоа не само што покажаа огромна хуманост и етика туку станаа и позитивен пример во решавање на овој општествен проблем.

Огромна благодарност упатуваме и до здруженијата за заштита на животни со чија помош значителен број на кучиња си го најдоа домот надвор од границите на нашата држава.

ЈП Лајка ќе продолжи со уште поголем мотив да руши рекорди и се надеваме уште многу години ќе биде достоен сервис на граѓаните и пример за хумано и етичко третирање на бездомните кучиња кои не по своја вина се на улиците на Скопје.

ЈП Лајка

Се судриле два камиона на Стража, сообраќајот по еден час е нормализиран

Два камиони се судриле денеска на превојот Стража, по што патниот правец Гостивар – Кичево од 15.30 часот беше затворен во двата правци.

Од 16.25 патниот правец Кичево-Гостивар, сообраќајот е нормализиран, соопштија од АМСМ. Во тек е увид на местото на несреќата, а нема информации за жртви или повредени.

Двајцата тестирани вработени во Зоолошката градина негативни за птичји грип

Четворица под здравствен надзор, двајца од  вработените во скопската Зоолошка градина утринава тестирани за птичји грип.. 

Лабораториските тестови покажале дека двајцата тестирани поради соменавење од птичји грип се негативни и немаат птичји грип. И двајцата работат во Зоолошката градина. Едниот од тестираните имале зголемена температура, а вториот сам се пријавил за тестирање иако не бил на списокот бидејчи имал симптоми со зголемена телесна температура.

„На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура. Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми. Ве известуваме дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип.“

Од Институот за јавно здравје соопштија дека за ваква состојба не е предвидена изолација за ниту еден од вработените во Зоолошката градина.

Во саботата Зоолошката градина беше затворена дел од птиците беа усмртени 35 птици откако било потврдено кај една птица дека починала од птичји грип. Од Агенцијата за храна и ветеринарство потврдија дека биле почитувани сите протоколи со цел да не се прошири болеста. Зоолошката останува затворена во наредните три недели.

Лојд Остин во Киев најави нов пакет на американска помош за Украина од 400 милиони долари

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин изјави денеска за време на неговата посета на Киев дека САД ќе испратат нов пакет воена помош за Украина во износ од 400 милиони долари (368 милиони евра).

Остин во разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека пакетот вклучува дополнителна муниција, оклопни возила и противтенковско оружје, пренесе Ројтерс.

Американскиот секретар за одбрана пристигна во работна посета на Украина по серијата средби што американскиот претседател Џо Бајден ги имаше во Берлин со клучните европски партнери, изјави денеска началникот на кабинетот на украинскиот претседател Серхи Лешченко.

„Претходно, од безбедносни причини никој не најавуваше однапред кој доаѓа во Киев додека гостинот не ја напушти Украина, но сега има нова практика бидејќи ситуацијата се менува на подобро“, изјави Лешченко, пренесе агенцијата „Униан“.

Лешченко истакна дека посетата на Остин е веројатно последна посета на член на американската влада на Украина пред претседателските избори во САД.

Според него, по берлинските средби на американскиот претседател Бајден со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер, има потреба од „усогласување на позициите“.

притисни ентер