Операта „Кармен“ од Жорж Бизе вечерва во НОБ

Операта „Кармен“ од Жорж Бизе, ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет вечерва и на 1 декември, со почеток во 20.00 часот.

Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режијата е на Нина Најденова од Бугарија. Сценографијата е на Елена Иванова од Бугарија, костимограф е Марија Пупучевска, светло дизајн, Васил Лисичов.

Вечерва, во насловната улога ќе настапи гостинката од Србија, мецосопранот Сања Анастасиа, а во улогата на Дон Хозе ќе настапи Зоран Сотиров. Како Ескамилио ќе настапи Ристе Велков, а во улога на Микаела, Катерина Стојановска. Во останатите улоги ќе се појават: Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска-Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Тихомир Јакимовски.

На 1 декември ќе настапат: Сања Анастасиа од Србија, Зоран Сотиров, Васко Здравков, Елена Голомеова, Ана Ројдева – Талевска, Соња Пендовска Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев, Тихомир Јакимовски.

Настапува хорот, балетскиот ансамбл, оркестарот на Националната опера и балет и детскиот хор „Пиколо“ при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, Скопје под раководство на Весна Димчевска.

Трамп го обвини Зеленски за почнување на војната со Русија

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

- Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива.

Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.

„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.

На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна.

Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како.

Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. 

Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР информира дека во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.

Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

притисни ентер