Олимпиското знаме предадено на градоначалникот на Лос Анџелес

 За време на церемонијата на затворањето на Олимписките игри во Париз, олимпиското знаме синоќа беше предадено на следниот град кој ќе биде домаќин на Игрите во 2028 година.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, му се придружија на претседателот на МОК, Томас Бах на сцената за да направат примопредавање знамето.

Летните олимписки игри во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес од 14 до 30 јули.

Гледајте вечерва Беткаст во 23.30 часот

Кој од рецептите на Dave's kitcen ви е омилен?

Сакате да научите како секогаш успешно да ви излезат омилените колачи ? Сте се запрашале ли кој е Давор приватно? Гледајте вечерва во Беткаст, во 23.30

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија

Маск и Рамасвами се сложуваат на петдневна работна недела во канцеларија за федералните службеници.

Американскиот милијардер Илон Маск и претприемачот и поранешен претседателски кандидат Вивек Рамасвами, кои беа номинирани од новоизбраниот претседател Доналд Трамп да го водат новоформираниот Оддел за владина ефикасност, соопштија дека го поддржуваат предлогот вработените во федералните органи на власта да работат од канцеларија пет дена во неделата.

Повеќе од половина од 2,3 милиони вработени во американската влада во моментов не работат од далечина поради спецификите на нивните позиции, кои бараат присуство на лице место за следење на квалитетот на работата, а останатите поминуваат околу 61 отсто од своето работно време во канцеларија, информира Волстрит Џурнал повикувајќи се на извештај на Канцеларијата за управување и буџет.

Предлогот доаѓа како дел од широката ревизија на државната администрација, а најавената промена може да доведе до „бран доброволни откази што го поздравуваме“, напишаа Маск и Рамасвами во колумна за Волстрит Џурнал.

- Ако федералните службеници не сакаат да се појават на работа, американските даночни обврзници не треба да им плаќаат за привилегијата од Ковид ерата да останат дома, велат тие во колумната, истакнувајќи дека ова се некои од првите цели на одделот, за кој Трамп рече дека ќе дејствува надвор од владата и ќе им понуди придонес на федералните службеници.

Во рамките на законот, претседателот има право да воспостави правила со кои се регулира работата на државните службеници со цел да се ограничи административниот апарат.

Маск вети дека ќе елиминира два трилиони долари од годишниот буџет на Соединетите Американски Држави и рече дека на владата и требаат само 99 агенции, не повеќе од 400.

„Вкоренетата и растечка бирократија е егзистенцијална закана за нашата земја, а политичарите предолго ја поддржуваа. Затоа ние ги правиме работите поинаку. Ние сме претприемачи, а не политичари. Ќе служиме како надворешни волонтери, а не како федерални службеници или вработени. За разлика од владините комисии или советодавните одбори, нема само да пишуваме извештаи или да сечеме ленсти. Ќе ги намалиме трошоците, велат Маск и Рамасвами.

Тие наведоа дека посебно ќе се фокусираат на иницирање промени преку извршна акција врз основа на постојното законодавство, наместо да се носат нови закони. Што се однесува до најавеното намалување на бројот на федерални регулативи, целта е да се обезбеди „здрава индустриска логика за масовно намалување на бројот на вработени во сојузната администрација“, се посочува во колумната.

Зборувајќи за потребата да се намалат трошоците за државните службеници, Маск и Рамасвами го привлекоа вниманието на законодавните мерки насочени кон заштита на службениците од отпуштање по налог на претседателот и лицата што тој ги назначува.

Истовремено, потсетија претприемачите, целта на законот е да се заштити од персонализирана политичка одмазда, додека претседателот го задржува правото да отпушти вработени без да именува конкретни лица. Според извор запознаен со плановите за спроведување на оваа иницијатива, американските власти би можеле да направат таков чекор што е можно поскоро по инаугурацијата на новата администрација, која ќе се одржи на 20 јануари, пишува Волстрит Џурнал.

Претставниците на синдикалното движење се спротивставија на најавените реформи и порачаа дека за промената на условите за работа треба да се разговара преку колективно преговарање. Во моментов, синдикатот, кој обединува околу 110.000 државни службеници, се консултира со адвокати, рече лидерот на синдикатот Ренди Ервин.

Зеленски: Русија истрела ракета со карактеристики на интерконтинентална балистичка ракета

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија користела „нов тип“ ракета во утринскиот напад врз Украина.

„Денеска нашиот луд сосед уште еднаш покажа каков е во суштина и колку го презира достоинството, слободата и човечкиот живот воопшто. Толку многу се плаши што веќе користи нови ракети“, напиша Зеленски.

Украинскиот лидер додаде дека спорната ракета е од руско потекло и дека ги „поседува сите карактеристики – брзина и висина – на интерконтинентална балистичка ракета“.

Утрово, украинските воздушни сили објавија дека Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) кон градот Дњепар, што предизвика противречни извештаи.

притисни ентер