ОИ 2024: САД со 24 злата го презедоа водството од Кина

Соединетите Американски Држави водат во поредокот за медали на Олимпијадата во Париз. 

Американците на пет дена до крајот на Игрите имаат 24 златни медали , два повеќе од кинеските спортисти.

Пласман на најдобрите десет освојувачи на медали (злато – сребро – бронза – вкупно):

1. САД – 24-31-31 (86)

2. Кина – 22-21-16 (59)

3. Австралија – 14-12-9 (35)

4. Франција – 13-16-19 (48)

5. Велика Британија– 12-15-19 (46)

6. Јужна Кореја – 11-8-7 (26)

7. Јапонија – 11-6-12 (29)

8. Италија – 9-10-7 (26)

9. Холандија – 8-5-6 (19)

10. Германија – 8-5-4 (17).

Златни медали имаат освоено 49 земји, а со барем еден медал досега се закитија 78 држави.

Видео: Џорџ Клуни и Бред Пит ги воодушевија жените во елегантно издание

Најголемите холивудски заводници, актерите Џорџ Клуни и Бред Пит повторно ги воодушевија жените. 

Модно координирани, елегантни и расположени Бред Пит и Џорџ Клуни се појавија на премиерата на филмот „Волци“ во Лос Анџелес. Џорџ Клуни и Бред Пит беа модерно усогласени - и двајцата избраа елегантни одела.

Бред Пит носеше беж костум, бела кошула и беж чевли. Лежерно го откопча костумот, а на неговиот лежерен изглед му додадоа и очилата за сонце. Неговиот колега и колега во филмот „Волци“, Џорџ Клуни, се одлучи за елегантен црн костум.

Клуни под добро скроениот костум облече црна кошула, а избра ремен со дискретна тока. Актерите изгледаат неверојатно во шеесеттите години и пленат со шарм каде и да се појават. Покрај тоа, тие се и добри пријатели познати по одличната смисла за хумор. Тие одлично се забавуваа додека го промовираа својот нов филм. Така беше и на премиерата во Лос Анџелес, каде весело им позираа на бројните фоторепортери, пренесува Информер.

Видео: Меланија Трамп за совите голи фотки: Гордо стојам зад нив

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот,.

Сопругата на американскиот милијардер и екс претседател Доналд Трамп, убавата Меланија Трамп неодамна ја најави својата нова книга, мемоари, која ќе биде исполнета со фотографии од различни периоди од нејзиниот живот, вклучувајќи ја и долгата кариера како модел.

Нејзиното најново промотивно видео беше објавено неодамна на мрежите, а таа не штедеше труд да ги велича своите фотографии, споредувајќи ги со делата на најголемите уметници, како што е Микеланџело.

- Зошто гордо стојам зад мојата гола манекенска работа? Поважното прашање е зошто медиумите решија внимателно да ја разгледаат мојата прослава на човечкото тело во модната фотографија? Дали веќе не можеме да ја цениме убавината на човечкото тело? - вели Меланија. Целото видео е придружено со нејзиниот глас, додека прикажува фотографии од уметнички дела, како што е статуата на Давид од познатиот Микеланџело. Секако, таа не ги откри своите фотографии.

- Низ историјата мајсторите уметници ја почитувале човечката форма, предизвикувајќи длабоки емоции и восхит. Треба да ги почитуваме нашите тела и да ја прифатиме безвременската традиција на користење на уметноста како моќно средство за самоизразување, вели таа.

Ова е четврто видео што Меланија Трамп го објави на своите профили на социјалните мрежи пред објавувањето на нејзините мемоари, кои ќе бидат објавени на 1 октомври. Многу необична маркетинг стратегија за да ги натера луѓето да ја нарачаат однапред нејзината книга.

Украина за прв пат учествуваше во вежба на НАТО за борба со дронови

 Украина за првпат учествуваше во вежбата со беспилотни летала на НАТО, што се одржа од 10 до 20 септември во Холандија, соопшти прес-службата на алијансата.

Повеќе од 450 претставници од 19 земји на НАТО и три земји партнери учествуваа на годишната вежба, на која беше тестирана техничката интероперабилност на мерките за спротивставување на беспилотни летала.

-За првпат Украина учествува заедно со претставници на приватниот сектор и научната заедница, соопшти прес-службата на НАТО, додавајќи дека сојузниците тестирале повеќе од 60 системи и технологии како што се сензори, системи за водење беспилотни летала, заглавувачи и кибер-пресретнувачи.

Учеството на Украина е усогласено со Патоказот за иновативна соработка меѓу НАТО и Украина, одобрен на Самитот на Алијансата во Вашингтон.

притисни ентер