Одложено првото рочиште против Димитриевски, тој обвинува дека се работи за монтиран процес

Поради измени во обвинителниот акт и доставување на нови докази од страна на обивнителот, во кумановскиот основен суд се одложи првото рочиште против актуелниот градоначалник и кандидат за шеф на државата, Максим Димитриевски.

Поради измени во обвинителниот акт и доставување на нови докази од страна на обивнителот, во кумановскиот основен суд се одложи првото рочиште против актуелниот градоначалник и кандидат за шеф на државата, Максим Димитриевски, обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување.

Димитриевски вели обвинението е монтирано и оти верува во институциите на системот. Според него оваа е фарса во контекст на изборите и вели истата ќе доживее фијаско.

На барање на адвокатката на Димитриевски, Сања Алексиќ, рочиштето е одложено за 30 април, односно 6 дена по првиот круг од претседателските избори. Алексиќ појасни дека имало писмено барање од одбраната, бидејќи не биле обезбедени процесните гаранции на обивнетиот да ги има доказите на кои се темели обвиненеито.

Обвинението против Димитриевски е покренато по претходна кривична пријава од две кумановски фирми поради не издавање на градежна дозвола за изградба на висококатници, и покрај тоа што, како што се тврди биле исполенти сите законски услови за градба. Според бизнисмените кои ја поднесоа кривичната пријава Димитриевски не ги почитувал законите и одлуките на Уставниот суд. Тврдат дека со ваквите постапи претрпеле штета од 55 000 евра.

Папата Франциск во Сингапур, на последниот дел од патувањето во Азија

Папата Франциск денеска од Источен Тимор пристигна во Сингапур на последната етапа од 12-дневното патување низ Југоисточна Азија и Океанија.

Папата и неговата придружба пристигнаа во градот-држава во дводневна посета, која вклучува говор пред политичките власти и миса на Националниот стадион, за која Ватикан очекува дека ќе привлече околу 55.000 луѓе.

Папата ќе оствари и приватни средби со претседателот Тарман Шанмугаратнам, премиерот Лоренс Вонг и поранешниот премиер Ли Хсиен Лунг.

Папата отпатува од Дили, главниот град на Источен Тимор, каде што вчера служеше миса со околу 600.000 од вкупното население на земјата од 1,3 милиони.

Дванаесет-дневното патување на Франциск вклучуваше и кратки посети на Индонезија и Папуа Нова Гвинеја. /МИА

Дејан Цветковски нов директор на НУ Камерен оркестар на Битола

Димовски изјави дека промената на раководството е поради истечен мандат на досегашниот директор.

Националната установа Камерен оркестар на Битола информира дека од денеска нов директор на таа национална установа е Дејан Цветковски, вработен во установата, а досегашниот директор и диригент Владимир Димовски ќе продолжи да работи во оркестарот како надворешен соработник.

Во соопштение до јавноста, Димовски изјави дека промената на раководството е поради истечен мандат на досегашниот директор.

-Единаесет години се борев Камерен Оркестар на Битола да стане Национална Установа со свои вработени и пред две години тоа го постигнав. Многуте цели кои ги имав се остварија, а тоа се вработувањето на професионални музичари во оркестарот, потоа концерт со оркестарот во Виена, но и во Прага и Рим, како и други цели. Мојата соработка со НУ Камерен Оркестар на Битола ќе продолжи како и досега, се посочува меѓудругото во соопштение до јавноста од досегашниот директор Димовски, воедно вработен во Националната опера и балет.

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

 Град Скопје соопшти дека до Министерството за локална самоуправа ги има доставено проектите согласно објавениот јавен повик за поддршка од Владата.

Поднесени се 20 проекти во повеќе области со фокус на подобрување на јавниот превоз, развој на градската патна инфраструктура, противпожарната заштита, јавната хигиена, информациски технологии и дигитализација, како и од областа на културата.

- Во областа сообраќајот, Град Скопје ги поднесе проектите за 80 еколошки ЦНГ автобуси и 15 електрични автобуси. Во областа на противпожарната заштита, Град Скопје аплицираше за обезбедување финансиски средства за нови противпожарни возила. Во сферата на урбанизмот и развој на патната инфраструктура, аплицираше со проекти за реконструкција на улица Беласица, изградба на булевар Македонско Косовска Бригада од раскрсница со булевар Никола Карев до раскрсница со булевар Босна и Херцеговина, кружен тек на улица Ѓорче Петров со булевар Македонска војска, изградба на кружен тек на булевар Александар Македонски, изградба на кружни текови на булевар 12-та Македонска бригада, реконструкција на булевар Србија и проект за надградба на постојната градежна механизација, информираа денеска од Град Скопје.

Од областа на комуналните дејности, Град Скопје поднел проекти за зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија Комунална хигиена и Паркови и зеленило, како и за реконструкција на стакленици за производство на садници. За секторот култура и спорт, Град Скопје аплицирал со проекти за реконструкција на Планетариумот и изведба и поставување на трим тартан атлетска патека по должината на кејот на реката Вардар.

Со цел имплементирање повисок степен на дигитализација и информациски технологии, Град Скопје поднел проект за LoRaWAN инфраструктура и за систем за паметно мерење и управување со електрична енергија на град Скопје.

- Во период кога Град Скопје се соочува со голем број предизвици, а наш приоритет е обезбедување квалитетни услуги и ефикасни решенија за граѓаните, се надеваме на успешна соработка со централната власт во насока на заедничка реализација на проектите со цел напредок на градот и подобар живот на граѓаните на нашето Скопје, велат од Градот.

Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека очекува овој процес да заврши успешно.

- Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини коишто веќе ги поднеле своите апликации. Очекувам денеска тој процес да забрза и утре да заврши успешно. Потоа следи евалуација на истите, да видиме со што располагаме и потоа започнуваме со реализација на ветеното, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата.

По добивање на апликативните формулари, почнува процесот на евалуација која се очекува да заврши во рок не подолг од 10 дена и врз основа на истата, ресорните министерства изготвуваат предлог одлука кои проекти ќе се финансираат од нивна област и таа предлог одлука се доставува на усвојување на владина седница.

притисни ентер