Нурнал 20 метри во длабочина за да види како реагира човечкото тело: Ова е ужас (ВИДЕО)

Океаните се фасцинантни и недоволно истражени делови од нашата планета. Тие инспирираат восхит и стравопочит кај луѓето, а неодамнешното видео од сините длабочини го запали Reddit.

Имено, се занимава со популарната дисциплина нуркање и уникатни (физички) предизвици, кои повеќето луѓе веројатно никогаш нема да ги искусат.

Можеби изгледа едноставно, но задржувањето на здивот и нуркањето на големи длабочини носи со себе опасности за кои ретко размислуваме на површината.

Колку е подлабоко нуркањето, толку е поголем притисокот врз човечкото тело, а еден нуркач се обидел да објасни како сè изгледа во пракса.

На длабочина од пет метри вашето тело лебди. Ситуацијата полека се менува на 10 метри, додека на длабочина од 15 метри почнувате да тонете, пренесува Unilad.

Звучи страшно, нели?!

„На секои десет метри притисокот се зголемува за еден бар. Ова ја менува физиологијата и анатомијата на телото, па слободното нуркање станува вистински потфат“, објаснил младиот човек.

Притисокот го намалува просторот исполнет со кислород и го менува однесувањето на гасовите во човечкото тело, што е дополнителен проблем.

Why do we sink with air in our lungs? 20 meters is quite terrifying.
byu/cococosupeyacam inwoahthatsinteresting

Многу корисници биле исплашени кога дознале дека човечкото тело почнува да тоне на одредени длабочини.

„Што сакаш да кажеш, Тон? Ова е вистински кошмар“, напишало едно лице.

„Порано не се плашев од вода, но сега сум преплашен. Благодарам“, додаде друг.

Повеќето биле изненадени кога сфатиле каков комплексен физички предизвик претставува слободното нуркање.

Во Кривичен продолжи судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со испитување на сведоци на предлог на Обвинителството во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

На денешното рочиште ќе бидат испитувани сведоците Музафер Калишиќ и Ристе Самарџиев.

На минатото рочиште во понеделникот сведочеше мајката на Вања, Зорица Ѓорчевска, како и ќерката на Жежовски, Ана Киркова и нејзиниот сопруг, Тодор Кирков.

Мајката на убиената Вања Ѓорчевска изјави дека не ги познава обвинетите за убиството на нејзината ќерка. На расправата таа сведочеше за денот кога нејзината ќерка исчезнала и потрагата по неа.

Киркови сведочеа за моментот кога увиделе дека го нема Жежовски, пријавата во полиција и неговото пронаоѓање.

Адвокатот Марјан Витановски, бранител на првообвинетиот Љупчо Палевски за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, по рочиштето изјави дека исказот на мајката на Вања, не може да се доведе во поврзаност со конкретните кривични дела кои му се ставаат на товар на првообвинетиот Љупчо Палевски, додека адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој е исто така осомничен во случајот, вели дека со исказот на Зорица Ѓорчевска се расчистиле сите шпекулации.

Обвинетите Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов, како и таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски на првото рочиште се произнесоа дека не се чувствуваат за виновни.

Според обвинението, тие се сомничат дека испланирале грабнување на 14-годишното девојче со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде парични средства за откуп. На 22 ноември минатата година, обвинетиот заедно со уште тројца претходно обвинети заеднички извршиле грабнување на оштетениот Панче Жежовски во Велес, со намера да го присилат да им го даде сопственото возило „Цитроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.

Во врска со овој случај е осомничено уште едно лице за помагање по извршување на кривичното дело против кого постапката ќе се води одвоено.

Судењето го води судијата Ивица Стефановски, а застапник на обвинението е обвинителката Жаклина Крстевска.

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2025/2026.

Централноевропската програма за размена во областа на универзитетски студии (CEEPUS-Central European Exchange Program for University Studies) објави јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS-мрежите за академската 2025/2026 година.

Република Северна Македонија како потписник на Договорот меѓу Албанија, Австрија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Унгарија, Црна Гора, Полска, Молдавија, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Косово за промовирање на соработката во областа на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери во универзитетските мрежи од различни области.

-Согласно CEEPUS IV договорот има одредени промени. Имено, CEEPUS-мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на CEEPUS-програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки. Од академската 2024/2025 година еден професор со наставно знаење може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење може да ја има улогата на контакт лице ограничен е на четири академски мрежи, наведува МОН во објавениот повик.

Програмата има цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

Поднесувањето пријави за вмрежување односно за учество во CEEPUS-мрежите е онлајн на официјалната платформа на CEEPUS-програмата: www.ceepus.info

Рокот за аплицирање е 30 ноември 2024. Во јавниот повик објавен од МОН се содржани повеќе информации за условите и начинот на аплицирање, потребната документација што треба да се приложи со електронската пријава, како и контакти од Националната CEEPUS-канцеларија за подетални информации.

Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата

Мнозинството Грци сметаат дека „сигурно“ или „веројатно“ постои прекумерен туризам во земјата – според Мицотакис Грција нема таков проблем.

Речиси седум од десет Грци, односно 67 отсто сметаа дека „сигурно“ или „веројатно“ во земјата постои прекумерен туризам, согласно истражувањето на јавното мислење презентирано на конференцијата за туризам „Reimagine Tourism in Greece“ организирана од весникот „Катимерини“, додека пак грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис посочува дека „Грција нема проблем со прекумерен туризам“, јави дописничката на МИА од Атина.

На прашањето „Дали постои прекумерен туризам во Грција“, 29 отсто од анкетираните одговориле „сигурно“, 38 проценти рекле „веројатно да“, 20 отсто сметаат дека „веројатно не“, а само шест проценти се сигурни дека „не постои“.

Мицотакис, за време на учеството на панел дискусија на конференцијата објасни дека Грција нема проблем со прекумерен туризам, туку „се соочува со проблеми со голема концентрација на туристи на конкретни, мал број дестинации, неколку месеци во годината“.

- Но, проблем со прекумерен туризам, онака како што е дефиниран како системски проблем кој веќе предизвикува реакции кај локалните заедници, во Грција не постои. И не треба да постои во иднина, рече Мицотакис.

Додаде дека она што е важно е во иднина како ќе управуваат со туристичките бранови, „за да не се соочиме со овој проблем“.

- Навистина, на некои острови во Егејското Море, некои месеци од годината, почнуваме да имаме проблем каде погодена е инфраструктурата на островите. Кога би имале подобра инфраструктура, теоретски би можеле да пречекаме повеќе туристи. Според мене, не постои апсолутен број, апсолутна граница над која не можеме да одиме. Ова, во голема мера зависи од способноста на нашите острови да управуваат со туристичките бранови во однос на отпадот, во однос на водата, во однос на сообраќајот што може да се создаде на патиштата. Значи, теоретски, ако подобриме дел од нашата инфраструктура, би можеле да примиме повеќе посетители, објасни Мицотакис.

Посочи дека прашањето е дали сакаат повеќе туристи или во основа сакаат туристи кои ќе можат да трошат повеќе пари во земјата и дали мерило за успешноста на една туристичка година е апсолутниот број на пристигнувања или се приходите.

- Целта се приходите. Па така, повеќе ме интересира да имаме рекорд во приходите, што очигледно, во голема мера е поврзано и со бројот на пристигнувања, но она што првенствено го гледам е вкупниот придонес на туризмот во однос на динамиката на развојот на земјата, а во исто време и трошењето по глава на жител на посетителите, што секако зависи од цените што ги наплаќаме, објасни грчкиот премиер.

Во истражувањето на јавното мислење во кое биле анкетирани 1.149 лица во периодот од 13 до 16 септември, на прашањето колку е важен туризмот во земјата 86 отсто одговориле „многу“ или „доста“, а 54 проценти преферираат „помалку туристи со подобра финансиска ситуација“.

притисни ентер