Меси ја намали разликата во однос на Роналдо по хет-трик постигнувања

Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси постигна три гола за националниот тим ноќеска на натпреварот од 10. коло на јужноамериканскиот квалификациски турнир за Светското првенство 2026 против Боливија (6:0).

Триесет и седумгодишниот Аргентинец ја намали разликата во однос на напаѓачот на Ал-Наср и Португалија Кристијано Роналдо по бројот на хет-трикови во кариерата. Меси сега има 58 од нив, додека Роналдо 66.

Во 29 случаи кога постигнале три гола на еден натпревар, 39-годишниот Роналдо најмалку еден гол дал од белата точка, додека Меси има 12 вакви натпревари.

Меси игра за Интер Мајами во МЛС од летото 2023 година. Претходно играше за Барселона и ПСЖ. Вкупно, во текот на неговата кариера, постигна 740 гола на клупско ниво и 112 за репрезентацијата на Аргентина.

Се живее ли подобро во Радуша денес или пред 2001 година?

Радуша е познато по воениот конфликт 2001 години и жестоките борби меѓу македонските безбедносните сили и УЧК. Но, како изгледа селото денес?

Колку жители останаа таму и што мислат за секојдневните најави од некои партии за нови можни дестабилизации и несигурност?

Одговорите на овие прашања од ексклузивната репортажа на Александар Видиновски, токму од Радуша.

За жал ова се сликите по кои го знаеме селото Радуша. Жестоки борби, хеликоптери, борбени авиони, страдање. Накратко, препознатливо е по ужасот на војната. Многу малку, најверојатно само постарите, знаат дека Радуша порано беше развиено мултиетничко село. Имало поликлиника, кино, отворен базен, аптеки, работнички одморалишта и најважно рудник за Хром.

Сакавме да видиме како живее денес селото. Кои се проблемите на мештаните и што мислат за предупредувања од некои политички партии за можна нова дестабилизација?

Тргнавме од Скопје преку Кондово и долно Свиларе. Денот убав, природата уште поубава. За жал, како и во повеќето места во Македонија и тука го има она по што веќе сме препознатливи. Огромен количества отпадоци се расфрлани покрај патот.

За половина час од Скопје пристигнавме во Радуша. На влезот не дочека сообраќаен знак напишан само на албански јазик. Внатре во селото гледаме контрасти. Последиците од војната лесно се забележуваат. Куќите се обновени, но не сите. Пред 2001 прва тука имало и македонски фамилии. Веќе не. Запелени им се.

Се искачивме на првото брдо да го видиме селото одозгора. Токму на ова место, каде границата со Косово е оддалечена стотина метри, целосно уништените објекти сведочат за разорното дејство на војната.

Доле во селото наидуваме на споменик на борците на НОВ. Подигнат за сите оние кои се бореле против фашистите. Сега и тој е разнесен. Преполовен сведочи за траумата и конфузијата за тоа на кој може да му пречи споменот за оние кој создадоа оваа држава. Тука е и административната зграда на рудникот. Целосно напуштена и уништена. Тука е и железничката станица. Прекрасниот објект е целосно разурнат. Целата железничка инфраструктура е уништена. Просто е неверојатно што овие работи сè уште не се обновени. Во селото имало и аптеки, медицинска установа, дури и базен изграден според сите стандарди...

Тука природно се поставува следното прашање. Ако Радуша го имала сето ова пред конфликтот во 2001 години, дали локалните жители живеат подобро сега или пред кризата?

Репортажата ја снимаме во период на зголемени политички тензии. Одредени партии се погласно зборуваат за можна повторна дестабилизација. Впечатокот барем од луѓето со кои ние разговаравме е дека овие најави или сценарија се веќе „прочитани“. Луѓето како да ги надживеаја етно-наративите, за кои велат дека постојано им се наметнуваат.

Радуша денес е познато и по ова. Сред село има огромен споменик на Адем Јашари. До него тенк Т55. Во 2001вата напуштен од единиците на АРМ. Сега служи како како трофеј. Но, дали сите жители на Радуша гледаат со гордост на овој комплекс и што претставува тој за нив?

Овие луѓе ги делат истите комуналните и инфраструктурни проблеми како жителите на речиси сите села во Македонија. Немаа лекар, имаат проблеми со патот, но го спомнаа и уништувањето на животната средина. Не однесоа да го видиме….

Со овој поразителен пејсаж полека си заминуваме од Радуша. Чувствата се измешани. Ги видовме последиците од војната. Го воочивме јасниот регрес во ова македонско село. Сепак, оттука си одиме и со нови пријатели. Не примија искрено, со раширени раце...Не сакаат нови проблеми, желбата им е да живеат мирно и квалитетно во сопствената држава. Ни укажаа на лошите работи, но и на добрите. И покрај иселувањето, има и такви кои се враќаат и инвестираат во селото. Ни посакаа добар пат назад и не поканија повотрно да дојдеме. Делиме идентични проблеми кои бараат идентични решенија. Посакаа да разговараме како да си го подобриме животот, а не за замислени поделби, дестабилизации и конфликти

НАСА: Третата овогодишна супермесечина истовремено со кометата Цучиншан-Атлас

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит...

Октомвриската супермесечина е најблиску до Земјата оваа година и утре ќе го достигне својот зенит... Но, таа ќе се појави истовремено со комета, што ќе биде ретка можност за љубителите на набљудувачите на ѕвездите и Вселената, објави НАСА.

Инаку, третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва ќе биде 357.364 километри блиску до Земјата, што ќе ја направи уште поголема и посветла од августовската и септемвриската супермесечина. Последната, четврта супермесечина за годинава ќе се појави на 15 ноември.

Кометата Цучиншан-Атлас која беше откриена лани, денеска ќе биде видлива и на северната хемисфера откако ќе ја проследат и набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.

- Светлината од супермесечината ќе го попречи погледот на дел од опашката на кометата, но глетката, сепак, вреди да се гледа по зајдисонце. Повеќето астрономи, меѓутоа, ја мразат полната Месечина бидејќи нејзината силна светлина го отежнува гледањето на другите вселенски тела, изјави Бил Кук од НАСА.

На македонското небо, според „Ведер фор ол“, денеска Сонцето ќе зајде во 17:51 часот.

„Јутјуб“ воведува тајмер за одложено исклучување на видеата - од 10 до 45 минути

Видеоплатформата „Јутјуб“ воведува новости „на барање“ на корисниците

Видеоплатформата „Јутјуб“ воведува новости „на барање“ на корисниците, па така, сега на пр. ќе може полесно да се подесува брзината на снимката, т.е. да се постави репродукција на 0,05x, наспроти 0,25x како досега, додека максимумот и натаму останува 2x. А, при рака ќе го имаме и „тајмерот за спиење“, соопшти американската компанија.

Имено, корисниците на популарната видеоуслуга ќе можат да го наместат времето на исклучување на видеата - за 10, 15, 20, 30 или 45 минути, еден час или по завршувањето на тековното видео. Овие опции, се наведува, претходно беа достапни само за претплатниците на „Јутјуб премиум“.

Подобрувањето на пребарувањето во „Лендскејп“-опцијата за „ИОС“ е најавено за подоцна оваа година, а „Ин-апп“ миниплеерот веќе може да се менува во големината и да се прелистува. Корисниците, исто така, можат да креираат заеднички плејлисти, како и да прават свои слики и видеа користејќи сопствении фотографии или генерирачка вештачка интелигенција.

На апликациите „Јутјуб“ и „Јутјуб мјузик“ на мобилните уреди пристигаат и значки, наменети, на пр. - за првите претплатници, членовите на каналот, за лице кое правилно решава квизови и многу повеќе.

„Јутјуб“ за ТВ, пак, добива побогато „кино-чувство“, се вели, што може да значи повеќе светлечки и новитети во боја, како и други ТВ-ефекти.

притисни ентер