Полициска акција во струмичко-гевгелискиот регион, уапсени полицајци

Синоќа почна голема полициска акција во струмичко – гевгелискиот регион.

Под раководство на предметен јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, во тек е голема полициска акција во струмичко гевгелискиот регион информираше МВР.

Со детали МВР и основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал ќе излезат во текот на денешниот ден – велат од МВР.

Лефков: СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници

7 години СДС и ДУИ ја потонаа државата во криминал и корупција, судството има доверба од 2%, а устите им беа полни со ЕУ.

СДС и ДУИ ја блокираа државата на патот кон ЕУ, ветуваа членство, а добивме кочници.

7 години СДС и ДУИ ја потонаа државата во криминал и корупција, судството има доверба од 2%, а устите им беа полни со ЕУ.

Од ЕУ со СДС и ДУИ Македонија не виде ништо.

Од насмеаниот Заев од владиниот авион со лажниот датум, до денес, Македонија само назадува и има нови кочници.

Партијата која зборуваше дека ги затворила сите прашања со соседите, наеднаш го создаде најголемото.

СДС свесно ја блокираше Македонија, иако беа предупредувани да не го прават тоа.

СДС и ДУИ без консензус прифатија обврски кои сега се пречка и допрва треба да се надминуваат.

СДС и ДУИ владееја себично, гледајќи ги само своите тесно партиски интереси, без да ги земат во предвид чувствата и потребите на граѓаните.

СДС и ДУИ беа временска непогода за Македонија. Неспособноста заврши со нив. Владата на ВМРО-ДПМНЕ работи на придвижување на Македонија напред, на засилен раст и развој.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа

Украина бара покана за членство во НАТО пред  Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.

- Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал, изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина. - Искрено веруваме дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американската администрација, рече таа во интервјуто во украинската мисија во НАТО, спроти седиштето на алијансата во Брисел.

Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија.

Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години. НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка. /МИА

Филков: Почнавме реформи со кои е поставена основата за длабоки и влијателни промени во судство

-Затоа и со право се големи очекувањата на граѓаните и факт е дека за правото и правдата нѐ очекува многу работа. Патот не е лесен, но решени сме да одиме, во изминатите сто дена ги поставивме темелите, истакна Филков на прес-конференција. 

Министерот за правда Игор Филков во отчетот за сто дена Влада соопшти дека се поставени темелите за реформи во судскиот систем кои, рече, треба да бидат длабоки, суштински и влијателни со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.

-Затоа и со право се големи очекувањата на граѓаните и факт е дека за правото и правдата нѐ очекува многу работа. Патот не е лесен, но решени сме да одиме, во изминатите сто дена ги поставивме темелите, истакна Филков на прес-конференција.

Не издвои клучни приоритети затоа што, рече, тие се повеќе и подеднакво важни и по сите нив ќе се постапува промптно. Најави иницирање широки консултативни дебати за измени на закони во сферата на нотаријатот, извршувањето, медијацијата... а особено за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство за да се дојде до решенија кои, рече, ќе гарантираат независност на овие институции и тие да бидат ослободени од политичко мешање и да бидат во служба на правдата.

Филков најави законски измени и за возрасната граница за пензионирање на судиите и јавните обвинители со предлог за заминување во пензија на 67 години за сите, со оглед на постојаното намалување на нивниот број што се одразува на решавањето на предметите.

За недостигот на затворската полиција, пак, што го нарече „горлив проблем“ во сите затвори, соопшти дека се размислува да бидат преземени лица од АРМ кои треба да заминат во пензија.

Осврнувајќи се на преземеното во минатите сто дена, министерот меѓу другото посочи на поништената одлука на десеткратното зголемување на нотарските тарифи донесена од минатата Влада, изработен нов закон за судска служба, донесени измени на Законот за бесплатна правна помош, почната кодифицкација на граѓанско законодавство и јавни расправи за Граѓанскиот законик за да се подобри концептот чија цел е поголема правна сигурност на граѓаните, имплементација на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта „Фемида“ што ќе овозможи транспарентност во сите судови, на што се чекало 14 години...

-Ова е само почеток. Реформите што ги презедовме во овие први сто дена ја поставија основата за подлабоки, повлијателни промени што допрва доаѓаат. Нашата визија за иднината на правдата во Македонија е онаа каде што судството е целосно независно, ослободено од политичко влијание и одговорно на луѓето на коишто им служи. Секој граѓанин, без разлика на неговиот статус, имотна состојба и друго, има еднаков пристап на правно застапување и правично судење. Секој граѓанин да се увери дека корупцијата во правниот систем ќе биде целосно искоренета, а оние кои се обидуваат да го поткопаат владеењето на правото, да бидат повикани на одговорност, истакна Филков во отчетот.

Нагласи и дека во изминатите три и пол месеци имал многу состаноци со странски претставници и дека никогаш не биле посилни врските со меѓународни партнери за поддршка на потребните реформи во судството.

притисни ентер