Дневен хороскоп за 16. октомври 2024 година

Дневен хороскоп за среда, 16. октомври 2024 година. 

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ви претстои пријатна и многу емотивна средба со пријатели или драги личности. Врската добро се развива.

Кариера

Без оглед што и натаму трпите мали стресови од страна на надредените, денеска ќе бидете дури и поддржани.Контрадикторно е , но вистинито.

Здравје и совет

Медитирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашите лични опдноси се развиваат во поволна насока за вас. немојте премногу да барате или да анализирате , зошто и вака е добро.

Кариера

Своите идеи внимателно ќе ги презентирате , поучени од претходните искуства . Сепак , би можеле да бидете малку посмели.

Здравје и совет

Останете доследни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Денеска ќе бидете многу среќни во својот дом. Ако сте во двојка , ќе се посветите на домашните работи , кои ве опуштаат. Доколку сте сами , нема да излегувате.

Кариера

Работата што не сте ја довршиле , денеска би можеле да ја доведете кон крај на многу инспиративен и пријатен начин.

Здравје и совет

Избегнувајте колачи.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Од удобноста на домот денеска ќе излезете надвор на сонце со своето друштво за да ги почестите саканите лица.

Кариера

И со мали чекори може да се стигне на целта. Не ви се потребни сензации. Можеби е помалку атрактивно , но е ефективно.

Здравје и совет

Здравјето ви се подобрува.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Се што на каков било начин може да влијае на вашиот љубовен и емотивен живот , денеска нема да ви оди од рака. Стрпете се.

Кариера

Ќе ви се чини како да имате многу пријатна позиција , но ќе треба да ја оправдате со професионализам и работа.

Здравје и совет

Непостојаност во навиките.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе се послужите со нежен речник за да освоите нечие срце. Делумно ќе успеете.

Кариера

На службен пат би можеле да доживеете исклучително убаво искуство . Ќе успеете да споите пријатно со корисно.

Здравје и совет

Не анализирајте премногу.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пред вас е ден е ден во кој ќе имате посебна инспирација за љубов и за своите идеали за личните односи.

Кариера

Нека ве води вашето знаење и креативните идеи . Нема да ве изневерат , туку ќе ви помогнат да излезете на вистинскиот пат.

Здравје и совет

Ги победувате грижите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата љубовна врска убаво ќе се развива и покрај вашата повремена нетрпеливост. Ќе ви помогнат одредени ситуации.

Кариера

Полека излегува на виделина дека по некои прашања вие имате поголемо стручно занење од вашите надредени.Немојте поради тоа да се замислувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на чист воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо.

Кариера

Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Здравје и совет

Внимавајте што јадете.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во попладневните часови би можеле да покажете високо ниво на конфузија или да претерате во консумација на пијалоци додека сте во друштво. Внимавајте.

Кариера

Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Здравје и совет

Изолирајте се во мир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Доколку уште сте сами , излезете меѓу луѓе зашто се можни преубави средби полни со искрени емоции.

Кариера

Без оглед на малото количество стрес , денеска сите предизвици ќе ги решавате со леснотија и ќе уживате во тоа.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е добро.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во врска со љубовниот живот немате никакви грижи. Оние кои се во врска уживаат, а самите имаат успех во додворувањата.

Кариера

Следуваат минливи компликации со колегите , од кои некои ќе одат на боледување или ќе изостанат поради битна причина. Ќе мора да се снаоѓате.

Здравје и совет

Внимавајте на вируси.

Украина бара членство во НАТО пред заминувањето на Бајден од Белата куќа

Украина бара покана за членство во НАТО пред  Џо Бајден да ја напушти Белата куќа, изјави висока украинска дипломатка, додавајќи дека тоа би било соодветно наследство за американскиот претседател.

- Нашата идеја е дека поканата за Украина во овој момент е политички сигнал, изјави за Ројтерс Наталија Галибаренко, амбасадорка на Киев при НАТО, пренесува Хина. - Искрено веруваме дека ова може да биде дел од наследството на (актуелната) американската администрација, рече таа во интервјуто во украинската мисија во НАТО, спроти седиштето на алијансата во Брисел.

Американските претседателски избори следниот месец создаваат голема неизвесност за Украина, бидејќи Вашингтон е најголемиот снабдувач на воена помош за Киев во војната со Русија. Демократската кандидатка Камала Харис сигнализираше поддршка за Украина, но не ја прецизираше нејзината рамка, додека Доналд Трамп не ја откри својата стратегија.

Членството во НАТО би ја вклучило Украина во договорот за заедничка одбрана на Алијансата, но процесот на пристапување може да трае со години. НАТО најави дека Украина ќе се приклучи, но не даде временска рамка. /МИА

Филков: Почнавме реформи со кои е поставена основата за длабоки и влијателни промени во судство

-Затоа и со право се големи очекувањата на граѓаните и факт е дека за правото и правдата нѐ очекува многу работа. Патот не е лесен, но решени сме да одиме, во изминатите сто дена ги поставивме темелите, истакна Филков на прес-конференција. 

Министерот за правда Игор Филков во отчетот за сто дена Влада соопшти дека се поставени темелите за реформи во судскиот систем кои, рече, треба да бидат длабоки, суштински и влијателни со оглед на тоа што судството е областа каде државата имаше најмногу критики и поради коментарите за зголемена корупција во правосудните институции.

-Затоа и со право се големи очекувањата на граѓаните и факт е дека за правото и правдата нѐ очекува многу работа. Патот не е лесен, но решени сме да одиме, во изминатите сто дена ги поставивме темелите, истакна Филков на прес-конференција.

Не издвои клучни приоритети затоа што, рече, тие се повеќе и подеднакво важни и по сите нив ќе се постапува промптно. Најави иницирање широки консултативни дебати за измени на закони во сферата на нотаријатот, извршувањето, медијацијата... а особено за законите за Судскиот совет и за Јавното обвинителство за да се дојде до решенија кои, рече, ќе гарантираат независност на овие институции и тие да бидат ослободени од политичко мешање и да бидат во служба на правдата.

Филков најави законски измени и за возрасната граница за пензионирање на судиите и јавните обвинители со предлог за заминување во пензија на 67 години за сите, со оглед на постојаното намалување на нивниот број што се одразува на решавањето на предметите.

За недостигот на затворската полиција, пак, што го нарече „горлив проблем“ во сите затвори, соопшти дека се размислува да бидат преземени лица од АРМ кои треба да заминат во пензија.

Осврнувајќи се на преземеното во минатите сто дена, министерот меѓу другото посочи на поништената одлука на десеткратното зголемување на нотарските тарифи донесена од минатата Влада, изработен нов закон за судска служба, донесени измени на Законот за бесплатна правна помош, почната кодифицкација на граѓанско законодавство и јавни расправи за Граѓанскиот законик за да се подобри концептот чија цел е поголема правна сигурност на граѓаните, имплементација на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта „Фемида“ што ќе овозможи транспарентност во сите судови, на што се чекало 14 години...

-Ова е само почеток. Реформите што ги презедовме во овие први сто дена ја поставија основата за подлабоки, повлијателни промени што допрва доаѓаат. Нашата визија за иднината на правдата во Македонија е онаа каде што судството е целосно независно, ослободено од политичко влијание и одговорно на луѓето на коишто им служи. Секој граѓанин, без разлика на неговиот статус, имотна состојба и друго, има еднаков пристап на правно застапување и правично судење. Секој граѓанин да се увери дека корупцијата во правниот систем ќе биде целосно искоренета, а оние кои се обидуваат да го поткопаат владеењето на правото, да бидат повикани на одговорност, истакна Филков во отчетот.

Нагласи и дека во изминатите три и пол месеци имал многу состаноци со странски претставници и дека никогаш не биле посилни врските со меѓународни партнери за поддршка на потребните реформи во судството.

Рекорден број жени се кандидирале на парламентарните избори во Јапонија

 Рекорден број жени се кандидираа на парламентарните избори во Јапонија, кои се закажани за крајот на октомври. Сепак, тие се помалку од една четвртина од вкупниот број кандидати.

Минатата недела, новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба, кој ја презеде функцијата на почетокот на октомври, објави дека го распушта Долниот дом на парламентот и распишува избори за 27 октомври во обид да добие поголема поддршка за неговиот мандат.

Ишиба стигна до премиерската функција по оспоруваната трка со една од ретките жени на врвот на политиката. Во гласањето за лидер на владејачката Либерално-демократска партија, Ишиба го победи радикалниот националист Санае Такаичи со мала разлика.

Во долниот дом на јапонскиот парламент има 465 места. За нив ќе се борат вкупно 1344 кандидати, а 314 или 23 отсто од нив ќе бидат жени, што е рекордна бројка, забележуваат локалните дневни весници во Јомиури и Асахи.

Според јапонските медиуми, една од причините зошто премиерот Ишиба ги охрабрува женските кандидати е тоа што некои поранешни пратеници се вмешани во скандали поврзани со политичко финансирање.

Во Јапонија, постои високо ниво на родова нееднаквост, особено во политиката и во повисоките ешалони на бизнисот. Разликата во платите меѓу мажите и жените е многу голема. Затоа, во Индексот на родова нееднаквост на Светскиот економски форум за 2024 година, Јапонија се наоѓа на 118-то место од 146 земји.

Во самата влада на Ишиба има 20 министри, меѓу кои само две жени.

Сепак, кабинетот си постави за цел до 2025 година 35 отсто од кандидатите за пратеници во Долниот дом на парламентот да бидат жени. Во 2017 година само 18 проценти биле женски кандидати.

Комитетот на ОН за родова еднаквост моментално ја истражува состојбата со правата на жените во Јапонија. Се очекува тој да даде препораки до јапонската влада по неговиот утрешен состанок во Женева.

притисни ентер