Новак Ѓоковиќ нема да престојува во Олимпиското село во Париз со другите спортисти

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучи да не престојува во Олимпиското село за време на Олимписките игри во Париз, туку одбра приватност.

Оваа информација ја пренесе сајтот „claytenis.com“, кој ги пренесува и зборовите на организаторите на српската делегација.

- Очекуваме Новак да пристигне во следните неколку дена, иако нема да остане со нас во селото.

Од друга страна, српскиот тим од 112 спортисти ќе ги заземе сите катови на една од зградите во цитаделата лоцирана во северното предградие на Сен Дени.

На Игрите во Токио, Ѓоковиќ избра да го доживее животот со други спортисти. Во Јапонија тој беше една од најпопуларните ѕвезди во селото, а спортистите од различни земји и дисциплини го замолија да се слика со него или да добие совет. На претходната Олимпијада, во Рио де Жанеиро, го направи истото што ќе го направи во Париз.

- Уживам во секоја секунда, на место со повеќе од десет илјади спортисти, разменувајќи знаења, животни приказни и работи за спортот. Такво искуство не се добива никаде на друго место - рече тој пред три години.

Тиквеш и Камник со трофеи за најдобри вина на „Винска Визија на Отворен Балкан“

Српската вицепремеирка Ирена Вујовиќ на третиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ синоќа ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии Камник и Тиквеш.

Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 900 примероци вина, во категоријата Национален трофеј на Отворен Балкан за најдобро вино од Македонија беше прогласено виното на Тиквеш- Bela voda red 2021 Tikveš Chateaux&Domanines.

За најдобро црвено вино од автохтона сорта прогласен е Вранец на винаријата Камник- Terroir grand rezerva 2020 Chateau Kamnik.

Оваа винарија доби уште една награда за најдобро розе вино- Pure elegance rose 2023 Chateau Kamnik.

Вицепремиерката Вујовиќ, која во име на Владата на Србија ги додели наградите на најдобрите винари, рече дека на стручното жири не му било лесно да донесе одлука меѓу многуте успешни винари од целиот регион кои ги собрала визијата на Отворен Балкан и што ја претвори оваа винска манифестација во еден од најдобрите саеми во Европа.

-Важно е овде да се соберат луѓето од Отворениот Балкан и сите оние кои ја поддржуваат таа визија, токму за да покажеме дека заедно можеме да направиме добра работа и голем резултат, да ги подигнеме нашите економии и да работиме за доброто на нашите народи, рече Вујовиќ на доделувањето на наградите.

Саемот Винска Визија на Отворен Балкан кој се одржува под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, собра околу 650 изложувачи од 38 земји од светот. Половината од изложувачите беа од земјите на Отворен Балкан, од кои 80 винарии и дестилерии беа од Македонија.

Саемот го отворија српскиот претседател Александар Вучиќ, македонскиот премиер Христијан Мицкоски и премиерот на Албанија Еди Рама (преку видео врска).

Саемот за вино важи за трет по големина вински саем во Европа.

Физичка пресметка меѓу татко и син во неготинското село Долни Дисан

Пријава за физичка пресметка помеѓу татко и син во неготинско, пристигнала вчера во неготинската полициска станица, информираа денеска од СВР Велес.

– Вчера во 13.00 во Полициска станица Неготино од Итна медицинска помош Неготино било пријавено дека добиле повик од лице кое пријавило дека во село Долни Дисан, неготинско, имало физичка пресметка. По излегување на самото место, од страна на полициски службеници било констатирано дека во дворот од семејниот дом, С.Ш.(71) и неговиот син Т.Ш.(36) по кратка расправија го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Велес.

Нешто подоцна, во 15.45 часот од страна на Територијална против пожарна единица Неготино било пријавено дека на автопат Демир Капија-Неготино кај место наречено Острово, настанал пожар на патничко возило „мазда“ со кичевски регистарски ознаки, во движење, сопственост и управувано до Г.Г.(45) од Кичево. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијална противпожарна единица Неготино. Од страна на увидна екипа од ОВР Неготино бил извршен увид.

Драма во Сплит: Такси со патници погрешно сврте и заврши во море (ВИДЕО)

Сплитската полиција синоќа нешто пред полноќ добила дојава дека возило паднало во морето во градското пристаниште.

Излегле на терен, извршиле истрага, при што констатирале дека 65-годишниот таксист не застанал навреме бидејќи не ја приспособил брзината на условите на патот, поради што паднал во морето, објави Далматински.

Во таксито имало и еден патник заедно со возачот. Откако завршиле во морето, и двајцата допливале до копното и не им била потребна лекарска помош.

Возилото денеска е извлечено од морето, а полицијата наведува дека ќе го санкционира возачот за прекршување на член 51 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Снимен е самиот момент на паѓање во морето. Таксито може да се види како вози со мала брзина и непосредно пред да падне, се врти. Изгледа дека возачот воопшто не видел дека пред него нема цврсто тло.

притисни ентер