Нема нуклеарен ризик по пожарот во британското бродоградилиште во Камбрија

Две лица се примени во болница по пожарот што избувна во бродоградилиште во Камбрија, каде што се произведуваат британски подморници на нуклеарен погон, но нема нуклеарен ризик, соопшти денеска англиската полиција.

Полицијата во Камбрија соопшти дека кратко по полноќ во бродоградилиштето BAE Systems во Бароу-ин-Фернес, северозападна Англија, избувнал голем пожар, пренесуваат американските медиуми.

На социјалните мрежи во текот на ноќта беа прикажувани снимки што покажуваа пламен во зградата на бродоградилиштето и како се слушаат звуци на алармот за помош.

Полицијата соопшти дека две лица се пренесени во болница заради вдишување чад, но дека нема потешко повредени.

На жителите од Камбрија им е препорачано да останат внатре и да ги затворат прозорците и вратите.

Ова бродоградилиште старо 150 години, што се наоѓа на околу 350 километри северозападно од Лондон, моментално гради неколку подморници на нуклеарен погон за Кралската морнарица.

Во него, исто така, беа конструирани и четирите подморници на Обединетото Кралство што носат нуклеарни проектили./МИА

Рокас им го предаде извештајот за напредокот на Македонија на Сиљановска и Мицкоски

ЕК го објави најновиот извештај за напредокот на Македонија, кој евроамбасадорот Рокас попладнево го врачи до претседателката Сиљановска Давкова и премеирот Мицкоски.

Пред Владата е Маја Стојановска. Маја како еврамбасадодорот во земјава и премерот Мицкоски го оценија извештајот на Европската Комисија?

Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица загинаа во најголемата поплава на векот во Шпанија.

Според извештајот до 18 часот, 70 лица загинале во Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча.

Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и најави дека владата ќе го прогласи подрачјето за „силно погодено“ од студениот фронт и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски ресурси“ за помош.

Министерството за одбрана ангажира воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензинските пумпи или беа заробени во возилата на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.

Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати брзите железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија, Арагон, Екстремадура, Навара и западна Андалузија, каде Кадиз е под црвено предупредување за ризик од обилни врнежи.

Варџиски: Нашиот пристап во дигитализацијата е ориентиран кон потребите на граѓаните

“Формирањето на Министерството за дигитална трансформација е стратешки чекор кој ја потврдува определбата на Владата да ја постави дигитализацијата како еден од своите највисоки приоритети.“

„Нашиот пристап е ориентиран кон потребите на граѓаните и токму затоа со интегриран систем сакаме да го олесниме пристапот на корисниците до онлајн услугите за граѓаните, до информациите поставени на официјалните веб страни на министерствата и Владата, како и да ја убрзаме и подобриме размената на податоци помеѓу институциите.” истакна Заменик министерот за дигитална трансформација Радослав Настасијевиќ Варџиски на дваесет и третиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК), во рамки на втората тема посветена на „Дигитална транзиција, особено во локалните и регионални јавни услуги.

“Во таа насока работиме на создавање единствена централизирана и унифицирана платформа на владини веб страници, кои ќе бидат заштитени преку еден софистициран систем, ќе бидат оптимизирани, и со поголема пристапност за лицата со попреченост. Наскоро ќе следи и редизајн на порталот uslugi.gov.mk согласно последните трендови и практики, со тенденција да стане единствена точка помеѓу јавните услуги во државата и граѓаните, а притоа да биде интуитивен и лесен за употреба.” истакна Варџиски.

Тој потсети дека преку апликацијата на програмата “Дигитална Европа” за изработка мобилна апликација за мобилни услуги – Супер апликација ЕЛИ се движиме кон револуционерна демократизација на јавните услуги.

“Со оваа апликација ќе се отвори можност за воведување на ИД - паричник, дигитална верзија на лични карти и возачките дозволи со кои граѓаните ќе се идентификуваат при користење на дигитални услуги преку својот мобилен телефон, а истата ќе биде поврзана и со порталот uslugi.gov.mk.” додаде тој.

Варџиски појасни дека со отворање на нови Центри за услуги на повеќе локации, услугите кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk ќе бидат уште поблиску до граѓаните и на дофат на оние кои немаат техничка можност и вештини самите да гo користат порталот.

“Иако предизвиците се навистина големи, имаме јасна визија и конкретен план како да ги надминеме. Со систематски пристап и посветен тим, можеме да изградиме дигитален екосистем кој ќе ги следи последните технолошки трендови и успешно ќе им служи на граѓаните и на државата.” потенцираше Варџиски, се наведува во соопштението.

притисни ентер