Венс со критика до Бајден за навредите кон приврзаниците на Трамп

Републиканскиот кандидат за потпретседател Џеј Ди Венс денеска го критикуваше американскиот претседател Џо Бајден, кој претходно поддржувачите на републиканецот Доналд Трамп ги нарече „ѓубре“.

Венс рече дека Бајден и демократската кандидатка и актуелна потпретседателка Камала Харис треба да се „засрамат“ од овие коментари, пренесува Њујорк пост.

„Мајка која го оплакува својот син кој почина од предозирање со фентанил не е ѓубре“, напиша Венс во одговорот што досега е прегледан повеќе од 2,4 милиони пати на интернет.

Бајден претходно ја критикуваше вулгарната реторика што ја користеше Трамп на митинг во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. „Пред некој ден, еден говорник на митингот на Трамп го нарече Порторико лебдечки остров на ѓубре. Познавам Порториканци во мојата родна држава Делавер и тие се добри и чесни луѓе“, рече Бајден во разговор со претставниците на шпанската Американска организација за анимација на гласачите Вото Латино.

Американскиот претседател потоа додаде дека поддржувачите на Трамп се единственото ѓубре што го гледа, а демонизирањето на Латиноамериканците од страна на Трамп го оцени како „непростливо и неамериканско“. „Тоа е целосно спротивно на се што направивме и се што сме“, рече американскиот претседател.

„Гол“: Левандовски е главен фаворит за Златната топка во 2025 година

 Роберт Левандовски е прогласен за фаворит за освојување на Златната топка во 2025 година. Спортскиот интернет портал „Goal“ состави листа на главните претенденти за освојување на наградата следната година. 

Полскиот напаѓач на Барселона се наоѓа на првото место.

Комплетната листа на „Гол“ изгледа вака:

1. Роберт Левандовски (Барселона)

2. Ламин Јамал (Барселона)

3. Винисиус Жуниор (Реал Мадрид)

4. Ерлинг Халанд (Манчестер сити)

5. Рафиња Дијаз (Барселона)

6. Хари Кејн (Баерн)

7. Мохамед Салах (Ливерпул)

8. Килијан Мбапе (Реал Мадрид)

9. Педри (Барселона)

10. Букајо Сака (Арсенал)

11. Флоријан Вирц (Баер Леверкузен)

12. Кол Палмер (Челзи)

13. Кристијан Пулишиќ (Милан)

14. Мајкл Олисе (Баерн)

15. Џамал ​​Мусиала (Баерн). /МИА

Рокас им го предаде извештајот за напредокот на Македонија на Сиљановска и Мицкоски

ЕК го објави најновиот извештај за напредокот на Македонија, кој евроамбасадорот Рокас попладнево го врачи до претседателката Сиљановска Давкова и премеирот Мицкоски.

Пред Владата е Маја Стојановска. Маја како еврамбасадодорот во земјава и премерот Мицкоски го оценија извештајот на Европската Комисија?

Расте бројот на загинати во поплавите во Шпанија, речиси сите жртви се во Валенсија (ВИДЕО)

Најмалку 73 лица загинаа во најголемата поплава на векот во Шпанија.

Според извештајот до 18 часот, 70 лица загинале во Валенсија, едно во провинцијата Малага и две во Кастиља-Ла Манча.

Министерот за територијална политика, Ангел Виктор Торес, прогласи тридневна жалост и најави дека владата ќе го прогласи подрачјето за „силно погодено“ од студениот фронт и вети дека ќе ги мобилизира „сите национални и европски ресурси“ за помош.

Министерството за одбрана ангажира воздухопловни сили, воени психолози и специјално обучени кучиња за пронаоѓање на жртвите. Десетици луѓе ја поминаа ноќта во Валенсија над камиони или автомобили, на покривите на продавници или бензинските пумпи или беа заробени во возилата на пренатрупани патишта додека спасувачите не ги извлекоа.

Обилните дождови предизвикаа прекини на електричната енергија кои погодија 140.000 луѓе, затворени патишта и прекинати брзите железнички услуги меѓу Мадрид и регионот на Валенсија и медитеранскиот коридор до Барселона. Невремето сега се движи кон Каталонија, Арагон, Екстремадура, Навара и западна Андалузија, каде Кадиз е под црвено предупредување за ризик од обилни врнежи.

притисни ентер