НБА: Бостон поведе во големото финале

 Кошаркарите на Бостон Селтикс триумфираа со 107:89 против Далас Маверикс во првиот натпревар од финалето во НБА лигата.

Џејлен Браун го предводеше домашниот тим со 22 поени, а закрепнатиот Кристапс Порзингис додаде 20 кошеви.

Забележителен настап имаше и Дерик Вајт, кој натпреварот го заврши со 15 поени.

Во редовите на Далас најефикасен беше Лука Дончиќ со 30 поени, а Пи Џеј Вашингтон го заврши натпреварот со 14 поени.

Бостон фуриозно го почна натпреварот и веќе во првото полувреме имаа недостижна предност од 29 поени, реализирајќи дури 16 тројки во првите две четвртини.

Следниот натпревар оф финалната серија до четири победи е закажа за в недела вечер, исто така, во Бостон. /МИА

Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам титули

Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, стана четирикратен шампион по трката за Големата награда на Лас Вегас минатиот викенд. Холанѓанецот нема цел да ги достигне лидерите по бројот на титули во историјата на Формула 1 - Михаел Шумахер и Луис Хамилтон кои имаат по седум титули.

- Јас не си поставив такви цели за себе. Да, ако можам да го постигнам ова, ако ми се укаже шанса ќе се обидам да го нападнам нивното достигнување. Но, веќе сум многу горд што освоив четири титули. Односно, на крајот нема многу разлика меѓу една и седум титули. Се разбирам ако успеете да го повторите вашиот успех неколку пати, тоа е одлично. Знам дека секогаш кога ќе седнам зад воланот на автомобилот ќе се трудам да го покажам својот максимум. Со нетрпение очекувам да видам што можеме да направиме следната сезона. Во моментов не е јасно колку ќе бидеме брзи, изјави Верстапен.

Тој доминира во Формула 1 од 2021 кога за прв пат стана светски шампион.

Марта Кос за можни понатамошни блокади од Бугарија: Не сум таа што може да даде гаранции

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, за Канал 5 вели дека не е таа која може да даде гаранции дека нема да има понатамошни блокади од Бугарија.

Oчекуваме Македонија, да го смени Уставот бидејќи тоа е нешто на кое сметаме дека е ништо помалку или ништо повеќе. Мислам дека тоа е можно да се направи и дека навистина ќе можеме брзо да напредуваме, вели Кос.

Можеме ли да очекуваме гаранции дека нема да има понатамошни блокади од Бугарија?

Јас не сум таа што може да даде гаранции, вели Кос.

САД со санкции против голем картел од Мексико за борба со незаконскиот риболов

САД со санкции против голем картел од Мексико за борба со незаконскиот риболов во Мексикански Залив.

Министерството за финансии на САД денеска воведе санкции против пет мексикански лица поврзани со Заливскиот картел (Gulf Cartel), една од најопасните криминални организации во Мексико, поради нивна вмешаност во криминални активности поврзани со незаконски, непријавен и нерегулиран риболов, шверц со луѓе и наркотици во Мексикански Залив.

-Согласно Законот за безбедност на морепловството и спроведување на риболовните регулативи, САД мобилизираат 21 федерална агенција и канцеларија, предводени од Стејт департментот, Националната управа за океани и атмосфера и Крајбрежната стража на САД, во координиран, сеопфатен пристап на владата за справување со незаконски, непријавен и нерегулиран риболов и поврзаните закани за поморската безбедност низ светот преку Меѓуагенциската работна група на САД за незаконски, непријавен и нерегулиран риболов, се вели во денешното соопштение на портпаролот Метју Милер.

Се наведува дека САД се глобален лидер во одржливоста и управувањето со риболовните ресурси, и со партнери низ целиот свет се борат против криволовството и криминалите поврзани со природата.

-Незаконскиот, непријавен и нерегулиран риболов може да се појави во различни форми и може да биде поврзан со големи, координирани напори на транснационалните криминални синдикати. Ова ги оштетува океанските екосистеми и ги загрозува заедниците кои зависат од одржливо управувани риболовни ресурси за прехранбена сигурност и животна егзистенција, изјави Милер.

САД остануваат посветени на градење на посилни правила и стандарди за управување со меѓународниот риболов и ангажирање со државите под чии знамиња пловат бродовите, како и крајбрежните. пристанишните и пазарните држави, а за промовирање одговорност и отчетност, се вели во соопштението.

притисни ентер