НАТО стартува со вселенски план за Арктикот за да му се спротистават на Путин

Вчера НАТО алијансата започнала со планови за развој на воена сателитска комуникациска мрежа за Арктикот, со цел зајакнување на одбраната од сè поагресивните потези на Русија на север.

На маргините на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел, група од 13 земји се согласија да ја унапредат иницијативата „Northlink“ за изградба на вселенски комуникациски системи низ Арктикот со помош на постоечки комерцијални сателити, објави „Политико“.

Планот вклучува „експлоатација на услуги од соѕвездија на комуникациски сателити“ за да се понуди сигурна „мултинационална комуникациска мрежа за Арктикот“, соопшти НАТО.

Алијансата не управува со сопствени сателити, но откако вселената беше прогласена за петти воен простор на НАТО во 2018 година, следната година беше отворен вселенски команден центар во воената база Рамштајн во Германија.

Русија, која се граничи и со Арктикот, неодамна ги зголеми своите операции во регионот, предупредувајќи на можни напади врз сателити во областа.

Данска, Канада, Исланд, Норвешка и САД ја контролираат територијата на Арктикот и се членки на НАТО, заедно со Шведска и Финска, кои неодамна се приклучија на Алијансата.

Сите тие земји се согласија на писмо со намери за Нортлинк, заедно со Франција, Германија, Унгарија, Италија, Луксембург и Холандија.

Одделно, околу 14 членки на НАТО се согласија да ја започнат таканаречената иницијатива „Starlift“ за работа на обезбедување капацитет за лансирање ракети во четврток.

Тој сојуз ги вклучува Белгија, Финска, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Луксембург, Холандија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Турција, Велика Британија и САД.

Се отвори дупка среде улица и „проголта“ 5- годишно дете, го спаси храбрата мајка (ВИДЕО)

На мрежите кружи клип од Букурешт, снимен на 9 октомври, каде среде бел ден се отвори дупка и за малку ќе предизвикаше трагедија.

Се гледа моментот кога една жена излегува од автомобилот за да го однесе синот во блиската градинка. Одеднаш, земјата под нејзините стапала се урива.

Дупката го „проголта“ малото момче кое во тој момент излегло на улица, како и дел од камионот за ѓубре.

Вознемирената жена веднаш скокнала во кратерот за да го спаси детето, а случајните минувачи ѝ помогнале, пишува Daily Mail.

Момчето е извлечено на безбедно, а локалните медиуми јавуваат дека не било тешко повредено. Полицијата и пожарникарите брзо пристигнале на местото на настанот.

По немилиот настан покрената е истрага.

Првичните извештаи сугерираат дека ерозијата на почвата била предизвикана од канализациони цевки, во комбинација со тежината на автомобилот и комуналните возила.

Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите во Пакистан- протестирале против силувањата

Пакистанската полиција денеска употреби солзавец против студентите кои упаднале во зградата на универзитетот, гневни поради наводното силување во кампусот, принудувајќи ја владата да ги затвори училиштата и универзитетите на два дена.

Тензиите се високи во кампусите во Пакистан откако на социјалните мрежи се рашири веста за наводно силување во градот Лахоре, а протестите избија во четири града, објави АП.

Денешното насилство започнало кога стотици студенти демонстрирале пред кампусот во градот Равалпинди, во провинцијата Пенџаб. Тие запалиле мебел и го блокирале главниот пат, пред да упаднат во зградата на универзитетот, по што полицијата употребила солзавец.

Полицијата соопшти дека поради нарушување на редот биле уапсени околу 250 лица, главно студенти.

Во друг град Гуџарат, исто така во Пенџаб, во вчерашните судири меѓу студентите и полицијата, загина еден полицаец.Полицијата уапсила осомничен за ширење дезинформации на социјалните мрежи за наводно силување во кампусот на колеџ во Пенџаб и поттикнување студенти на насилство.

Претходно оваа недела, повеќе од 20 студенти биле повредени во судирите со полицијата во Лахоре на протестите против наводното силување.

Владата денеска забрани собири и ги затвори образовните институции во провинцијата Пенџаб на два дена.

Властите на таа провинција соопштија дека наводниот напад на девојчето не се случил, а тоа го потврдиле и нејзините родители.

Роналдо убедливо прв на листата на најплатени фудбалери, далеку зад него е Меси

Магазинот „Форбс“ објави нова листа на најплатени фудбалери во светот, а на врвот се уште доминираат Кристијано Роналдо и Лионел Меси и покрај тоа што се во доцните играчки години.

Според последните податоци, Роналдо е неприкосновен кога е заработката во прашање. Португалецот во изминатата година инкасирал неверојатни 263 милиони долари, од кои играјќи фудбал заработил 202 милиони, додека останатите 61 милион дошле благодарение на богатите спонзорски договори.

На втората позиција е Лионел Меси со вкупна заработка од 125 милиони евра. Интересно, во САД Меси заработил повеќе надвор од теренот - 70 милиони евра, додека на теренот инкасирал 55 милиони евра.

Друг интересен податок на оваа листа е Нејмар кој е на третото место со заработени 102 милиони евра. Иако извесно време не е активен на теренот, Бразилецот најголем дел од таа сума (околу четири петтини) заработил играјќи, додека остатокот е од спонзорски договори.

На четвртото место е Карим Бензема, со вкупен приход од 96 милиони евра, додека Килијан Мбапе е петти со 87 милиони евра.

Во новата сезона заработката на фудбалерите значително се зголемила, а секој од нив додал по некој милион повеќе на своето салдо.

Целата ажурирана листа на 10 најплатени фудбалери изгледа вака:

1. Кристијано Роналдо - Ал Наср - 285 милиони долари (220 милиони на теренот и 65 милиони за спонзорства надвор од теренот)

Лионел Меси - Интер Мајами - 135 милиони долари (60 милиони на теренот и 75 милиони за спонзорства надвор од теренот)

Нејмар - Ал Хилал - 110 милиони долари (80 милиони на теренот и 30 милиони за спонзорства надвор од теренот)

Карим Бензема - Ал Итихад - 104 милиони долари (100 милиони на терен и 4 милиони од спонзорство)

Килијан Мбапе - Реал Мадрид - 90 милиони долари (70 милиони на теренот и 20 милиони од спонзорства)

Винисиус Јуниор - Реал Мадрид - 55 милиони долари (40 милиони на теренот и 15 милиони за спонзорства)

Мохамед Салах - Ливерпул - 53 милиони долари (35 милиони на теренот и 18 милиони за спонзорства)

Садио Мане - Ал Наср - 52 милиони долари (48 милиони на теренот и 4 милиони од спонзорства)

Кевин Де Брујн - Манчестер Сити - 39 милиони долари (35 милиони на теренот и 4 милиони надвор од теренот)

притисни ентер