Патувањето низ вселената ги уништува клетките и преопасно е за луѓето-предупредуваат научниците

Вселената е последната граница, па генерации сонуваат да патуваат на друга планета, друга ѕвезда, друга галаксија...

Сепак, излегувањето надвор од заштитата на електромагнетното поле на Земјата може да биде толку опасно за луѓето на клеточно ниво, што никогаш нема да може да се прилагодат на неприродната средина на вселената, е заклучокот од истражувањето на фондацијата Гај, независна британска истражувачка организација.

„Се чини дека освен ако не создадеме генетски модифицирани астронаути, кои би немале свои правни и етички проблеми, единствениот начин за луѓето да живеат во вселената е целосно да ја репродуцираат животната средина од Земјата“, се вели во извештајот.

- Досега вселенската заедница беше фокусирана на физичките и инженерските предизвици на вселенското патување. Не беше препознаено долгорочното влијание врз здравјето, ниту пак некој беше посветен да го истражува. Самото преживување во вселената не е исто што и живеењето со оптимално здравје – изјави проф. Џефри Гај, претседател на фондацијата Гај.

Според истражувањето, главното откритие на експертите е дека патувањето во вселената предизвикува забрзано стареење кај астронаутите.

- Овој „фенотип на забрзано стареење“ (ААП) мора итно да се истражи и објасни. Во извештајот се нагласува дека ако ова е поврзано со нарушување на клеточната биоенергетика, тоа може да има драматични последици. Се чини дека долговечните сложени организми, како што се луѓето, нема да можат да се прилагодат на неприродната средина на вселената, додека краткотрајните и брзоразвивачките организми, како што се бактериите, што можат. Ова има големи последици за човечкиот микробиом - се наведува во заклучокот од студијата и се додава:

- Веројатно намалената и особено нултата гравитација ги отстранува стимулите потребни за одржување на здравјето на митохондриите и клеточниот структурен интегритет, што ја намалува метаболичката адаптација. Зголеменото зрачење го зголемува оштетувањето на сите клеточни делови. Недостатокот на магнетно поле го зголемува стресот на клетките. Губењето на деноноќните знаци во околината дополнително го компромитира метаболичкиот систем.

Како што е нагласено, има многу податоци за астронаутите кои се вратиле од орбитата, но помалку податоци за долгорочните ефекти од вселенските летови. Тие го наведуваат примерот со недостигот на повеќегодишни студии за животни во вселената.

- Од космичкото зрачење сме заштитени со магнетното поле на Земјата, како и од атмосферата, а во ова магнетно поле се наоѓа и Меѓународната вселенска станица. Сепак, излегувањето надвор од Земјата или Месечината е многу поризично за луѓето – се наведува во извештајот.

Повеќето претходни вселенски летови беа во ниската орбита на Земјата, каде што сè уште постои заштита од електромагнетно поле, а само 24 луѓе полетале на Месечината, каде што биле изложени на галактичко космичко зрачење помеѓу 6 и 12 дена. Научниците од Универзитетскиот колеџ во Лондон веќе предупредија дека секој обид за испраќање луѓе на Марс би бил фатален за астронаутите, меѓу другото, бидејќи нивните бубрези брзо ќе престанат да работат.

Дури и по престојот во Меѓународната вселенска станица, која е во ниска орбита, во телото се случуваат многу промени поради микрогравитацијата, па астронаутите губат мускулна и коскена маса, крвта и течноста во 'рбетниот мозок не се движат на ист начин, па може да се случи промена во главата и очите, кои отекуваат, а видот им е заматен.

Марота: Аталанта е еден од главните фаворити за Скудетото

Претседателот на Интер, Џузепе Марота го сподели своето мислење за кандидатите за триумф во италијанското фудбалско првенство во сезоната 2024/25.

- Денес сме речиси на крајот од првиот дел и фаворитите се секогаш исти. Има мала група на врвот составена од Аталанта, Интер и Наполи, но Милан и Јувентус се спремни да ги фатат, така што навистина сме во средна фаза. Од друга страна, мислам дека еден од главните фаворити годинава е Аталанта затоа што постигнаа зрелост, авторитет, убедување каков што досега немале. Мислам дека ова е одличен модел за следење, се разбира не за големите клубови бидејќи е тешко, но тие покажаа дека може да се победува без да се потрошат многу пари, изјави Марота за веб-страницата на Џанлука ди Марцио.

Првото место во Серија А по 17 кола го зазема Аталанта која освои 40 бода. На второ место е Наполи (38), трето е Интер (37).

Смарт таблети за учениците од СОСУ „Илинден“

 Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевскки додели 66 смарт таблети во СОСУ „Илинден“ по повод новогодишните и божиќните празници.

Како што соопшти Општина Илинден, Георгиевски истакнал дека оваа иницијатива е во согласност со неговите заложби и посветеност кон модернизацијата на образованието и обезбедување на најдобрите услови за учење и развој на учениците.

- Таблетите ќе бидат искористени за пристап до најновите едукативни апликации, дигитални учебници и други материјали кои ќе го направат учењето поинтересно и попријатно и ќе им помогнат на учениците да ги доразвијат своите дигитални вештини кои се клучни во ова време на дигитализација, посочил Георгиевски, додавајќи дека локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

Израел го повика ватиканскиот амбасадор на разговор по критиките на папата за нападите во Газа

Израел го повика ватиканскиот амбасадор во Тел Авив, нунциј Адолфо Ијана, во Министерството за надворешни работи откако папата Франциск ги осуди израелските напади во Газа како „суровост, а не војна“.

Папата изјави дека насилството над децата, уништувањето на училиштата и болниците претставува „голема суровост“.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ пренесува дека во Министерството бил повикан амбасадорот на Ватикан, на кој му било кажано дека Израел е разочаран од критиките на папата.

На 22 декември, папата повторно ја критикуваше ситуацијата, нагласувајќи дека „децата се бомбардирани“ и додаде дека тоа е напад кој го „допира срцето“.

Од почетокот на нападите на 7 октомври, загинаа над 45.000 Палестинци, од кои 17.492 деца и 11.979 жени. Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант, обвинувајќи ги за воени злосторства.

притисни ентер