Сепак Мицкоски топката ја префрли во Собранието околу тоа кога и како законот ќе дојде на дневен ред.
„Дали и кога ќе дојде Законот за бранителите, не знам, тоа не зависи од мене. Јас сум сепак претседател на Владата. Но, кога ќе дојде, тој ќе ја има нашата поддршка. Го повикувам Гаши да ја свика Комисијата, што СДСМ бара еве го повикувам“, изјави Мицкоски.
Освен Законот за бранители нестабилност во владината колиција, според изјавата на Снопче може да предизвика и укинувањето на Законот за употреба на јазиците, чија уставност наскоро ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.
„Поради руското влијание, ако влезат во такви авантури, ние ќе го решиме проблемот навремено. Тогаш за Вреди нема место во Владата. Значи, или ако се укине Законот за албански јазик или ако помине Законот за бранители“, рече Снопче.
Закани за можна длабока криза и најави за протести доколку се укине законот за јазиците вчера упати и лидерот на ДУИ Али Ахмети по вчерашните средби со претседателкта на албанското Собрание Елиса Спиропали, која исто така, надвор од дипломатската пракса, се впушти во коментири околу престојното одлучување на Устваниот суд..
Според, премерот Мицкоски темата за албанскито јазик е вештачка тема, бидејќи во земјава се почитувапосебноста на сите јазици и идентитети.
„Таман работа. Ние не сме како одделни земји членки коишто сакаат да го загрозуваат идентитетот на другите народи. Ние немаме таква намера. Напротив, го почитуваме тој идентитет и посебноста на албанскиот јазик, македонскиот јазик и сите останати јазици кои ги користат граѓаните во Македонија. Јас лично ги почитувам. Така што, не само што не е загрозен, туку и е надграден“, порача Христијан Мицкоски, Претседател на Влада.
За оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците поднесени се 13 иницијативи до Уставен и за нив судот ќе одлучува следниот месец, по цели пет години од поднесувањето.
Сериозни забелешки за него имаше и Венецијанската комисија, со оценка дека законот наметнува нереални правни обврски, но Тогашната владејачка коалиција СДСМ и ДУИ иакпо ветуваше дека ќе ги имплементираат препораките, тоа не се случи.