Џесика Симпсон објави нови фотографии, ѝ пушуваат: „Сега си вештачка“

Американската пејачка и актерка Џесика Симпсон (44) ги воодушеви своите следбеници и обожаватели со новите фотографии кои ги објави на Инстаграм.

Џесика позираше во розов корсет и проѕирни, чипкасти панталони и гордо ја покажа својата витка линија.

Исто така, после тоа објави фотографии во црвен долг фустан, на кои позира пред огледало. Многу следбеници и напишаа дека изгледа прекрасно. „Убава си внатре и надвор“, „Немам зборови кралице“, беа коментарите. Од друга страна, имаше и такви кои и приговараа. „Порано беше поубава, сега си некако вештачка“, напиша некој.

За потсетување, за линијата на Џесика Симпсон се зборува долго време. Пејачката и актерка е позната по флуктуациите на килограмите, а во изминатите пет години ослабела 45 килограми. Симпсон тврди дека со помош на тренер пронашла одржлива рутина, која и овозможила да не се лишува од она што го сака.

Извор: Индекс.хр

Израелсците ликвидирале уште еден важен функционер на Хезболах, 6 загинати во новиот напад

Ибрахим Кубаиси, командант на Хезболах за кого се вели дека е „клучен човек“ во ракетната бригада, наводно бил убиен во последниот израелски напад врз либанската престолнина Бејрут.

Либанските власти соопштија дека најмалку шест лица биле убиени во нападот.

Да потсетиме, Израел попладнево изврши насочени воздушни напади врз Бејрут. Тие беа насочени кон јужните делови на градот, кои се упориште на Хезболах.

Џо Бајден во прошталниот говор во ОН: Некои работи се поважни од власта (ВИДЕО)

Џо Бајден го одржа својот последен говор пред Генералното собрание на ОН како претседател на САД.

Во својот говор, тој рече дека многу луѓе „ги гледаат проблемите и реагираат со очај“ за состојбата во која се наоѓа светот. Тој додаде дека „се уште има надеж“. Ги наведе „предизвиците“ со кои се соочува целиот свет, вклучувајќи го и конфликтот во Газа, како и војната во Украина и кризата во Судан.

Светот е на уште една „пресвртна точка“, вели тој, додавајќи дека изборите што ги правиме денес „ќе ја одредат нашата иднина во децениите што доаѓаат“. Бајден потоа зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток, кои драматично ескалираа во последната година. „Сега е време страните да ги финализираат условите“, рече тој за прекинот на огнот во Газа.

Тој повика заложниците да се вратат дома, Хамас да ја изгуби контролата над Газа и да се стави крај на војната. „Исто така, бевме решени да спречиме поширока војна што ќе го зафати целиот регион“, додаде претседателот, мислејќи на ескалацијата меѓу Либан и Израел.

„Дипломатско решение сè уште е можно. Всушност, тоа останува единствениот пат за трајна безбедност“, рече тој, додавајќи дека „тоталната војна не е во ничиј интерес“.

„Дозволете ми да завршам со ова“, вели Џо Бајден на крајот од неговиот последен говор пред Генералното собрание на ОН како претседател на САД, додавајќи: „Никогаш не смееме да заборавиме кого сме тука да претставуваме“.

Тој зборуваше и за својата одлука да не бара втор мандат: „Колку што ја сакам мојата работа, ја сакам мојата земја уште повеќе. По 50 години јавна служба решив дека е време нова генерација лидери да ја води мојата нација .

„Колеги, никогаш да не заборавиме дека некои работи се поважни од останувањето на власт, тоа се вашите луѓе“, рече тој.

„Иднината им припаѓа на оние кои го ослободуваат целиот потенцијал на својот народ да дишат слободно, да размислуваат слободно, да иновираат, да се образуваат, да живеат и да сакаат отворено без страв. Тоа е душата на демократијата“, рече тој.

Пред да замине од говорницата на ОН за последен пат, тој додаде: „Колеги, нема ништо надвор од нашите можности ако работиме заедно. Да работиме заедно“.

Израел изведе нов воздушен напад на Бејрут (ВИДЕО)

Главниот град на Либан, Бејрут повторно е на удар на израелските авиони.

Израелските одбранбени сили соопштија дека цел на денешниот напад биле јужните делови на либанската престолнина.

ИДФ соопшти дека извршила „целни“ воздушни напади врз упориштето на Хезболах во Бејрут.

Не се знае дали има загинати или повредени.

Според извори, целта бил еден од командантите на Хезболах.

притисни ентер