Позитивни тонови по средбата Муцунски - Герапетридис

Грција ќе остане пионер за евроинтегративните напори на земјите од Западен Балкан, вклучително и за Македонија–ова е пораката која грчкиот министер за надворешни работи Герапетритис ја упати по средбата со македонскиот колега Муцунски.

Грција ќе остане пионер за евроинтегративните напори на земјите од Западен Балкан, вклучително и за Македонија–ова е пораката која грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис ја упати по средбата со македонскиот колега Тимчо Муцунски.

Но, повтори и дека официјална Атина очекува меѓународните договори да се почитуваат, без конкретно да го невде Преспанскиот договор.

-Имав можност да ја истакнам за време на состанокот на групата Пријатели на Западен Балкан - а потоа и на мојата средба со министерот за надворешни работи на Македонија - неопходноста европската перспектива да остане активна на доследен начин. Се разбира, тоа мора да се направи со апсолутно почитување на европското законодавство и меѓународното право, а особено на меѓународните договори,- - Јоргос Герапетритис – Министер за надворешни работи на Грција .

Шефот на македонската дипломатија Муцунски пак, средбата со Герапетритис ја оцени како позитивна и конструктивна, а на неа како што кажа, било отворено и прашањето за примена на Преспанскиот договор. Откри и дека двајцата разговарале за засилена динамика на средби меѓу двете страни.

-Го отворивме и тоа прашање. Сметам дека во духот на добрата верба и во духот на почитувањето на обврските кои произлегуваат од меѓународното јавно право заеднички ќе работиме сите да ги реализираме обврските кои што ги имаме. Првите чекори за кои разговаравме е засилена динамика на средби помеѓу двете страни,- - Тимчо Муцунски – Министер за надворешни работи .

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски за Канал 5 средбата ја оценува како чекор во вистински правец за подобрување на односите меѓу Скопје и Атина. Сепак, според него, состаноци на маргини на самити, не можат да донесат многу и потребно е час поскоро да се организира официјална средба на политичари од двете земји.

-Ова не е директно затоплување на односите, но е шанса да почнеме да ги поправаме. За тоа треба да се случат неколку работи. Треба целосно почитување на Преспанската спогодба и треба да се пополни Преспанската спогодба со разни содржини, културна размена, економска итн.

-Најдобро би било ако може да се оствари некаква официјална средба и да почнеме да разговараме за некаква агенда за деесакалција на ситуацијата. Но, вакви средби на маргините на самитот не можат да донесат многу содржина, тие се повеќе куртоазни кои покажуваат волја за самиот процес, но не го отвараат самиот процес,- - Петар Арсовски – Политички аналитичар .

Средбата Муцунски – Герапетритис беше прва билатерална средба на двајцата министри по промената на власта во земјава и зголемените тензии поради неипотребата на придавката Северна.. Сепак, и шефот на дипломатијата и премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска порачаа дека договорот го сметаат за реалност која мора да се почитува..

Џо Бајден во прошталниот говор во ОН: Некои работи се поважни од власта (ВИДЕО)

Џо Бајден го одржа својот последен говор пред Генералното собрание на ОН како претседател на САД.

Во својот говор, тој рече дека многу луѓе „ги гледаат проблемите и реагираат со очај“ за состојбата во која се наоѓа светот. Тој додаде дека „се уште има надеж“. Ги наведе „предизвиците“ со кои се соочува целиот свет, вклучувајќи го и конфликтот во Газа, како и војната во Украина и кризата во Судан.

Светот е на уште една „пресвртна точка“, вели тој, додавајќи дека изборите што ги правиме денес „ќе ја одредат нашата иднина во децениите што доаѓаат“. Бајден потоа зборуваше за конфликтите на Блискиот Исток, кои драматично ескалираа во последната година. „Сега е време страните да ги финализираат условите“, рече тој за прекинот на огнот во Газа.

Тој повика заложниците да се вратат дома, Хамас да ја изгуби контролата над Газа и да се стави крај на војната. „Исто така, бевме решени да спречиме поширока војна што ќе го зафати целиот регион“, додаде претседателот, мислејќи на ескалацијата меѓу Либан и Израел.

„Дипломатско решение сè уште е можно. Всушност, тоа останува единствениот пат за трајна безбедност“, рече тој, додавајќи дека „тоталната војна не е во ничиј интерес“.

„Дозволете ми да завршам со ова“, вели Џо Бајден на крајот од неговиот последен говор пред Генералното собрание на ОН како претседател на САД, додавајќи: „Никогаш не смееме да заборавиме кого сме тука да претставуваме“.

Тој зборуваше и за својата одлука да не бара втор мандат: „Колку што ја сакам мојата работа, ја сакам мојата земја уште повеќе. По 50 години јавна служба решив дека е време нова генерација лидери да ја води мојата нација .

„Колеги, никогаш да не заборавиме дека некои работи се поважни од останувањето на власт, тоа се вашите луѓе“, рече тој.

„Иднината им припаѓа на оние кои го ослободуваат целиот потенцијал на својот народ да дишат слободно, да размислуваат слободно, да иновираат, да се образуваат, да живеат и да сакаат отворено без страв. Тоа е душата на демократијата“, рече тој.

Пред да замине од говорницата на ОН за последен пат, тој додаде: „Колеги, нема ништо надвор од нашите можности ако работиме заедно. Да работиме заедно“.

Израел изведе нов воздушен напад на Бејрут (ВИДЕО)

Главниот град на Либан, Бејрут повторно е на удар на израелските авиони.

Израелските одбранбени сили соопштија дека цел на денешниот напад биле јужните делови на либанската престолнина.

ИДФ соопшти дека извршила „целни“ воздушни напади врз упориштето на Хезболах во Бејрут.

Не се знае дали има загинати или повредени.

Според извори, целта бил еден од командантите на Хезболах.

Пронајден редок, добро сочуван крзнен носорог во Русија, стар над 32.000 години

Во близина на реката Тирехтјах, во автономната област Јакутија во Русија, пронајден е труп од исклучително добро сочуван влакнест крзнен носорог. Замрзнатиот труп е стар повеќе од 32.000 години.

Прочувањето го изврши тим научници предводени од Генадиј Боескоров од Геолошкиот институт за дијаманти и скапоцени метали.

Старо околу 32.400 години, ова суштество е наречено „Абиски носорог“. Наодот им даде на научниците уникатен увид во минатото, оти многу делови од меките ткива, кожата и волната на носорогот биле всушност недопрени во вечниот мраз. Неговото кратко, светло-бојно крзно покажува дека се работи за младо-угинато животно старо, со возраст од околу четири и пол години.

Крзнениот носорог научно наречен „Coelodonta antiquitatis“, постоеле милиони години до нивното истребување пред околу 10.000 години. Тоа било големо животно со два рога што живеело во подрачјето Евроазија, особено Сибир, за време на плеистоценот. Овие носорози биле цицачи и јаделе растенија. Овие суштества живееле заедно со крзнените мамути во леденото доба - како втори по големина животни во својот екосистем.

И покрај нивниот голем број во праисторијата, пронајдени се само неколку добро сочувани единки.

Можеби најизненадувачкото откритие е дебелата грпка на грбот на новопронајдениот носорог. Оваа „анатомска особеност“ никогаш досега не била видена кај крзнените носорози. Присуството на слични масни наслаги кај крзнените мамути укажува дека тие служеле за изолација или складирање енергија.

Истражувањата и прочувањето на волната откриле траги од водени болви и паразитски ракови кои исто така изумреле во областа.

притисни ентер