Верстапен со поддршка за Сајнц по казната на ФИА

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен ја коментираше казната што Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) му ја изрече на возачот на Ферари, Карлос Сајнц.

- Карлос доби казна поради излегувањето на патеката, нели? Таму имаше црвено знаме. Знаете, мислам дека беше сосема безбедно и тој знаеше што прави. Ние не сме будали. Да, кога ќе видам дека и такви работи се земаат во предвид... Боже мој, таквите работи се едноставно супер глупави, ги цитира „GP Blog“ зборовите на Верстапен.

Шпанецот имаше несреќа за време на третата етапа од квалификациите, по што излезе од болидот и истрча преку патеката до боксот на неговиот тим, што е забрането со прописите на натпреварувањето. Половина од глобата (12,5 илјади евра) ќе биде условна доколку не се повтори престапот до крајот на годината.

Најавени засилени реакции од институциите за зголемувањето на цените во маркетите

Ja прелеаја ли трговците чашата? Премиерот Христијан Мицкоски со последно предупредување до трговците, најавува ригорозни мерки ако цените на основните прехрамбени производи не се намалат. 

Пазарните инспектори веќе тргнале во вонредна контрола, се чешлаат цените на производите кои не се дел од новогодишната кошничка, а кои изминатиов период драстично пораснале.

Доколку се утврди дека во изминативе 3 месеци, нереално биле зголемени и компаниите ја злоупотребиле новогодишната кошничка – Владата пред Нова година размислува за воведување нови мерки. Премиерот вели дека дел од цените на производите на основните прехрамбени производи скокнале за речиси 25% . Според него во игра се повеќе опции со кои како Влада може да делуваат, а на трговците и денеска им порача да си го преиспитаат однесување.

„Уште денеска ќе има реакција од институциите, а доколку вака продолжат таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот кој што следи. И да знаат дека нема вакви трикови никогаш да поминат веќе. (Прашање...) Има и други мерки... ќе бидат граѓаните сведоци....“ -изјава Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши очекува компаниите да го слушнат владиниот апел, во следните неколку дена ќе ги чекаат анализите на пазарен, па потоа како Влада ќе донесат одлука кој ќе бидат следните чекори кои ќе се преземат. Доколку се оди на замрзнување на маржите или цените, Дурмиши вели ќе се разгледа опцијата, цените да се намалат за минимум 10 %, а како основа да се земат цените од пред половина година.

„Очигледно тие во оваа намера не сакаат да ја почитуваат својата иницијатива и ќе не воведат нас да донесеме поригорозни мерки. Можеби од 1 август, можеби да се земе предвид најниската цена од 15 јули, од таа цена 10 % да се намали на тие производи кои ќе бидат ставени на таа мерка. Ќе ги чекаме податоците од ДПИ и ќе донесеме една соодветна мерка со која ќе излеземе во пресрет на граѓаните....“ -изјава Бесар Дурмиши – министер за економија и труд .

Новогодишната кошничка, министерот Дурмиши и премиеорт Мицкоски ја најавија на почетокот на месецот, по низата состаноци кои ги имале со компаниите, но во изминативе денови изразјиа разочарување од дел од трговците. Мерката стартуваше на 15 месецов, предвидено е да трае до 15 јануари и опфаќа над илјада производи.

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“ на општина Илинден

Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. 

Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м3.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој денеска го разгледа возилото заедно со директорот на ЈКП „Водовод“, Ивица Трипуновски, истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите. Претпријатието во моментот стопанисува со приближно 50км фекална канализациона мрежа, а со набавката на цистерната значително ќе се подобри квалитетот на услугите на Јавното комунално претпријатие, а во исто време ќе се зголеми ефикасноста на вработените во делот на одведувањето на отпадните води од корисниците.

Градоначалникот Георгиевски додаде дека, Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со обновувањето на возниот парк на општинските јавни претпријатија.

Општина Илинден

притисни ентер