Најпопуларниот „кечер“ Хулк Хоган наполни 70 години и се ожени по трет пат?!

Најпознатиот од сите американски борачи, популарните кечери, Хулк Хоган, во август наполни 70 години, а сега се ожени по трет пат.

Русокосиот кечер кој направи и филмска кариера стапи во брак со инструкторката по јога Скај Дејли, кој е 25 години помлада од него.

Атрактивната иструкторка по јога работи и како сметководител, а го запознала Хулк на концерт во февруари 2022 година, кога тој ја почестил неа и друштвото со пијалоци.

-Првите искри меѓу Хулк и Скај се појавиле уште на таа средба по што тие стапиле во врска која набрзо била крунисана со свршувачка во јули оваа година - кога Дејли се пофали со прстен од 100.000 долари.

На свадбата, Хоган воопшто не штедел и купил бурми проценети на околу 500.000 долари.

Венчавката се оджала на Флорида за што тие се пофалиле на своите профили на социјалните мрежи.

Инаку Скај Дејли наводно има три деца, но својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста.

И Хулк Хоган има две деца од неговиот прв брак со Линда Клариџ кој траеше од 1983 година до нивниот бурен развод во 2008 година кога и двајцата беа обвинети за неверство.

Ќерката Брук не можеше да присуствува на третата свадба на нејзиниот татко, но синот Ник Хоган беше таму со девојката Тана Ли.

Турција очекува да го ратификува приемот на Шведска во НАТО до крајот на годинава

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром изјави дека неговиот турски колега Хакан Фидан му рекол дека ратификацијата на приемот на Шведска во НАТО може да се случи „во рок од неколку недели“.

-Го чекаме спроведувањето на ратификацијата. Вчера имав билатерална средба со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на која тој изјави дека очекува ратификацијата да се случи во наредните недели, рече Билстром.

Изјавата на шведскиот министер ги потврдува зборовите на висок функционер на Стејт департментот, според кои турскиот министер за надворешни работи вчера на своите колеги од НАТО им рекол дека напорно работи на ратификацијата на приемот на Шведска во алијансата и посочил како веројатен период до крајот на годината.

Независните пратеници кои ја напуштија СИРИЗА формираат пратеничка група

Единаесетмина пратениците, меѓу кои и поранешни министри, кои во изминатиот период ја напуштија грчката опозициска партија СИРИЗА формираат пратеничка група во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратениците доцна синоќа одржаа состанок и како што беше очекувано и се најавуваше, се договорија да формираат нова пратеничка група за која го имаат доволниот број, со оглед на тоа дека за формирање потребни се најмалку десет пратеници.

Новата пратеничката група, официјално ќе биде промовирана в понеделник кога ќе биде соопштено и името, додека пак претседател ќе биде поранешниот министер Алексис Харицис.

Станува збор за пратеници од две фракции, кои си заминаа од СИРИЗА поради несогласувањата со новиот партиски лидер Стефанос Каселакис.

Приведен жител од М. Речица, осомничен дека поставил знаме на Албанија на манастирот на П.Шапка

Приведено е едно лице од Мала Речица, кое се сомничи дека вчеравечер поставил знаме на Албанија на манастирот на Попова Шапка.

-Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер, околу 23:30 часот, по преземени оперативни мерки, го идентификувале и го лишиле од слобода 33-годишниот Ј.А. од тетовска Мала Речица. Тој се сомничи дека два часа претходно од јарболот на манастирот „Свети Наум Чудотворец“ на Попова Шапка, додека немало никој во верскиот објект, го симнал црковното знаме на МПЦ-Охридска архиепископија и на негово место го поставил знамето на Република Албанија, информираат од МВР.

По документирање на случајот против Ј.А., кој при симнувањето на црковното знаме бил со уште едно лице по кое се трага, ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.

Стојанче Ангелов на неговиот фејсбук профил меѓу другото напиша дека брзата реакција на институциите, но и јавниот притисок можат да ги намалат провокациите кои ја потпалуваат меѓуетничката нетрпеливост.

- Провокациите никако не треба да се премолчуваат туку на нив треба жестоко да се реагира. Само така ќе се обесхрабрат идните потенцијални провокатори. Реакцијата на општеството на вакви провокации треба да биде обединета и единствена без разлика на етничка, верска, политичка или било каква друга припадност. Верувам дека мнозинството Албанци го осудуваат овој варварски чин на сквернавење на црковното знаме. Единствено не видов претставник на албанските политички фактори во Македонија да излезе со јавна осуда на овој чин. А треба, напиша Ангелов.

Тој преку фејсбук го повика лидерот на ДУИ Али Ахмети јавно да го осуди овој провокативен вандалски чин

МИА вчера објави дека две маскирани лица го симнале знамето на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија од јарбол пред храмот Свети Наум Охридски, по што е поставено знаме на Албанија. Претседателот на црковниот одбор го пријавил случајот во СВР Тетово. Настанот е евидентиран преку камери за видео надзор.

-Во 18.05 часот во СВР Тетово, свештеникот од црквата „Св.Наум Охридски Чудотворец“ лоцирана на Попова Шапка, пријавил дека од страна на НН лице од јарболот на црквата е симнато црковното знаме и е поставено знаме на Албанија, информира вчера Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

притисни ентер