Најмалку петмина загинати во израелски напад во северниот дел на Појасот Газа

Најмалку пет луѓе се убиени во израелски напади на северот на Појасот Газа, јави ДПА цитирајќи медицински лица.Палестинската Црвена полумесечина објави „ужасни сцени“ при транспортот на телата, меѓу кои имало и деца.

Најмалку 27 други луѓе се повредени во артилериски оган врз бегалскиот камп Џабалија.

Израелската армија засега не соопшти за нападите

Израелската армија повторно ги засилува операциите против Хамас во северниот дел од Појасот Газа. Хуманитарните организации соопштија за катастрофални состојби во затвореното подрачје. /МИА

Од домашно производство лани задоволени 34,7 отсто од вкупно потребната енергија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година, вкупното бруто-примарно производство на енергија во Република Македонија изнесувало 936 031 toe или 34.7 % од вкупно потребната енергија.

Вкупната потребна енергија за 2023 година изнесувала 2 698 648 toe.

Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2023 година се: сообраќајот со 44.1 %, домаќинствата со 25.8 % и индустријата со 17.9 % (од расположливата финална потрошувачка).

Видео: Јутјубер сака да ја игра секоја игра некогаш создадена

Откако ја загуби колекцијата на видео игри во трагедија, Јутјуберот Џеф Вајерс обнови две од нив преку дигитална емулација. Сега има само една цел.

Јутјуберот Џеф Вајерс, познат на платформата како „Chronologically Gaming“, планира да игра што е можно повеќе игри.

Вајерс започна со игри од 1971 година и веќе ја постигна својата цел да игра голем процент на конзоли, аркадни, компјутерски и рачни игри од 70-тите години со помош на емулатори.

Неговата био на „YouTube“ детално ги прикажува неговите очекувања: „Пробувам нешто што никогаш порано не било направено. Ја играм секоја видео игра по редоследот што е објавена“, вели тој.

Меѓутоа, овој специјалист за игри има свои ограничувања, бидејќи една специфична игра има најмалку 28.000 варијации.

Списокот на игри што нема да ги игра вклучува игри само за возрасни (18+), „Mahjong“,„ Shougi“, „Mainframe“ компјутерски игри, коцкање или игри во казино, квизови, демо, било која компилација, кој било прототип, хакирање или бутлег, игри без микропроцесор, Сите „Commodore 64“ игри и секоја компјутерска видео игра.

Во презентацијата за тоа како го започнал своето хоби, Вајерс објаснил: „Бев голем колекционер. Имав трагедија и ја изгубив целата своја физичка колекција“.

Како резултат на тоа што повеќе не можеше физички да складира игри, Јутјуберот рече дека станал собирач на дигитални игри.

Вајерс моментално работи на видео игрите од ноември 1982 година, покрај неговиот канал на „YouTube“, ентузијастот исто така стримува во живо на „Twitch“, каде што гледачите можат да коментираат и да ги оценат неговите игри.

Извор: Б92

Аеродром во Нов Зеланд воведе правило за три минути гушкање

Знак на аеродромот Данедин во Нов Зеланд стана вирален затоа поставува ограничување за тоа колку долго луѓето можат да се гушкаат во зоната за оставање патници.

- Максимално време за гушкање 3 минути. За подолги збогувања, ве молиме користете го паркингот, стои на неодамна поставениот знак.

Забраната за подолги гушкања предизвика лавина коментари на социјалните мрежи, но претставник на аеродромот рече дека сето тоа било со цел добра забава.

- Знакот е во согласност со нашето брендирање кое треба да биде малку необично и забавно во начинот на кој испраќаме порака, рече генералната менаџерка на аеродромот Данедин за развој на бизнисот, Меган Крафорд за веб-страницата Stuff.

Во септември, аеродромските оператори го преместија местото оставање патници со возила на друга локација со цел да го подобрат протокот на сообраќај и безбедноста околу терминалот.

Со промената дојдоа и новите знаци. На друг пишува: „Тешко е да се каже збогум, затоа направете го тоа брзо. 3 минути максимум“.

Данедин е втор по големина град на Јужниот Остров во Нов Зеланд со околу 135.000 жители.

притисни ентер