Националната опера и балет ја одбележува 100-годишнината од смртта на Џакомо Пучини

По повод стогодишнината од смртта на еден од најголемите оперски композитори, Џакомо Пучини, Националната опера и балет со гордост го најавува проектот „Месец на Пучини“.

Од 8 до 29 ноември 2024 година, нашата публика ќе има можност да ужива во четири значајни опери на Пучини:

„Боеми“ (8.11.2024) – Приказна за љубовта и загубата во боемскиот кварт на Париз;

„Мадам Батерфлај“ (16.11.2024) – Трагична љубовна приказна за јапонската гејша и американскиот офицер;

„Тоска“ (23.11.2024) – Опера за љубовта, предавството и жртвата во револуционерниот Рим;

„Турандот“ (29.11.2024) – Приказна за суровата кинеска принцеза и принцот кој се обидува да ја освои;

Секоја од овие опери носи емотивни приказни за љубовта, жртвата и страста, раскажани преку трогателни мелодии и виртуозни изведби кои нашите солисти, хорот и оркестарот ќе ги оживеат на сцената. За публиката, ова е ретка можност, во еден месец, да доживее четири од најважните опери на Пучини, изведени на највисоко ниво.

Проектот „Месец на Пучини“ не е само уметнички настан, туку и можност да ја инспирираме новата генерација љубители на операта, да ги прошириме културните хоризонти и да предизвикаме интерес за оперската уметност кај пошироката публика.

Ги покануваме сите љубители на уметноста да ни се придружат. За повеќе информации за репертоарот ибилетите, посетете ги нашите официјални страници и социјални мрежи. Обезбедете го вашето место и бидете дел од овој незаборавен културен настан!

Бред Пит падна среде снимање, снимката го обиколи светот (ВИДЕО)

Најзгодниот актер во Холивуд, Бред Пит, моментално се наоѓа во Лас Вегас, каде што снима филм за Формула 1.

Во оваа продукција Пит ја игра една од главните улоги, Сони Хејс, а на социјалните мрежи почнаа да кружат снимки од снимањето.

Пит со помош на двојник ја снимил сцената во која нивниот лик (Сони Хејс) удира во автомобилот APX GP, по што тој излегува од возилото и паѓа во несвест.

Луѓето ги споделуваат овие сцени, шокирани од она што го гледаат.

Како што пишуваат светските медиуми, филмот на Џозеф Косински за возачите на Формула 1 треба да пристигне во кината следното лето, со маестрална актерска екипа е предводена од Бред Пит.

Филмот се снима веќе неколку години, а на целата екипа ѝ помага организациониот тим на Формула 1, сите возачи и љубители на овој спорт.

Борел: Да се изврши притисок врз Израел и Хезболах да го прифатат американскиот предлог

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на денешната прес-конференција во Бејрут апелираше да се изврши притисок врз израелската Влада и либанското движење Хезболах да го прифатат американскиот предлог за прекин на огнот.

За да се постигне примирје помеѓу Израел и Хезболах потребно е да се имплементира резолуцијата 1701 на Обединети нации, според која либанската армија треба да се распореди во јужен Либан и да се консолидира нејзиното присуство во пограничната област. Според Резолуцијата 1701 Хезболах треба да се повлече северно од реката Литани на околу 30 километри од границата со Израел. Израел и Либан во рок од 60 дена мора да разговараат и за целосно спроведување на резолуцијата 1701 на ОН.

Шефот на европската дипломатија вети и 200 милиони евра за поддршка на либанската армија.

Борел, исто така ги повика и либанските лидери да изберат претседател, со цел да го надминат двогодишниот вакуум.

Либанското милитантно движење Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа лансира ракети врз Израел, како поддршка на палестинската група Хамас. Израелската војска одговори со масовна кампања на воздушни напади и копнена инвазија во Либан.

Петрески за РСЕ: Нејасно е кои фирми и со која намена ќе земаат пари од унгарскиот кредит

Се уште е рано да се предвиди каков ефект ќе има унгарскиот кредит за економијата, оценува Благица Петрески од Фајнанс тинк во интерју за Радио Слободна Европа.

Според неа, во дискусија недостасува дообјаснување каква ќе биде намената на кредитите и кои компании ќе бидат таргет..

притисни ентер