Муцунски: Евроинтеграцијата, придонесот во НАТО и партнерството со САД остануваат во фокусот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во новогодишната видео честитка порачува дека фокусот во 2025 година ќе биде евроинтеграцијата на државата, придонесот во НАТО и цврстото партнерство со САД.

-Минатата година беше значајна пресвртница на државен план, година на промени што носат вистинско подобрување на животот на граѓаните и успешно позиционирање на нашата држава на меѓународната сцена, вели меѓу другото Муцунски.

Тој наведува дека изминатата година била исполнета со предизвици, но и со значајни успеси, наведувајќи голем број билатерални средби, зајакнатиот углед на државата, активен придонес во меѓународните организации, развивање на силни партнерства, како и придонес во глобалната политика мир и безбедност.

- Чекорејќи по патот што успешно го трасиравме минатата година, во 2025 година ќе продолжиме да градиме партнерства, преку дијалог да бараме решенија на отворените прашања и со меѓусебна почит и разбирање да останеме кредибилен меѓународен партнер. Евроинтеграцијата и понатаму останува во фокусот како и нашиот придонес во НАТО и цврстото партнерство со САД, вели Муцунски во видео честитката објавена на неговиот официјален фејсбук профил.

Подвлекува притоа дека дијалогот е основа на дипломатијата.

- Дијалогот е клучот за дипломатијата, а таа пак се заснова нa преговарање, иновации и неуморно барање политички решенија кои поттикнуваат мир и стабилност. Во тој дух, ви посакувам Новата година да донесе здравје, радост, меѓусебно почитување и успех на приватен и професионален план, порача министерот Муцунски.

Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“

Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“

„Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.

Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп, прв поранешен претседател кој бил осуден за кривично дело, може да се појави лично или виртуелно на изрекувањето на казната.

Во одлуката напишана на 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.

Судијата истакна дека наместо затворска казна склон е да одреди „безусловно ослободување“ (што значи дека осудата останува, но обвинетиот е ослободен без затвор, парична казна или условно), што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец.

Лани во мај на судење во Њујорк Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасно, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп.

Прекинати се сите летови на аеродромот во Санкт Петербург

Рускиот аеродром „Пулково“ во Санкт Петербург привремено ги запре слетувањата и полетувањата за да се осигура безбедноста на цивилните авиони, објави руската авијациска управа Росавијација.

Не ја разјаснија причината за одлуката за привремено прекинување на воздушниот сообраќај, но руските аеродроми претходно беа затворени поради заканата од напади со украински беспилотни летала на нивна територија.

Александар Дрозденко, гувернер на регионот во кој се наоѓа градот Санкт Петербург, изјави дека руските сили собориле два дрона во Финскиот залив.

„Аеродромот привремено не прима ниту испраќа летови“, напиша претставник на Росавијација на Телеграм.

„Екипажот на авионите, контролорите на летање и аеродромските служби ги преземаат сите неопходни мерки за да се осигура безбедноста на летовите - тоа е врвен приоритет“, додаде тој.

Сообраќајот во зимски услови, укинати забраните за тешки товарни возила

Забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Гостивар - крак Маврово – Дебар и на патниот правец Гостивар - Стража од утринава се укинати.

Од Авто мото сојузот на Македонија информираат декс сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Оттаму потсетуваат дека од вчера во целосен прекин е сообраќај во близина на Башино Село, кај мостот и тој ќе биде во прекин подолг временски период.

притисни ентер